Сава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сава — река која според некои ја обележува северозападната граница на Балканскиот Полуостров.

Извира во Словенија, каде се создава со спојувањето на двете помали реки Сава Долинка и Сава Бохињка. Тече низ Загреб и својот тек долг 940 километри го завршува крај Белград, каде се влева во реката Дунав. Еден нејзин дел служи како граница меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина. Пловна е од Сисак до Белград. Областа околу оваа река традиционално го носи името Посавина. Нејзини поголеми притоки се Крка, Мирна, Купа, Уна, Босна и Дрина.

Поврзано[уреди]