Ин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ин

Ин означен на карта
Извор Швајцарски Алпи
Утока Дунав (Пасау)
48°34′22″ СГШ 13°28′43″ ИГД / 
Земји во сливот Австрија, Германија, Швајцарија, Италија
Должина 517 км
Надм. вис. на изворот 2.484 м
Прос. истек 730 м³/с
Сливно подрачје 25.700 км²

Ин (германски: Inn; реторомански: En); латински: Aenus)[1]река во Швајцарија, Австрија и Германија, десна притока на Дунав. Долга е 517 км, а највисока точка во сливот е планината Бернина (4.049 м).

Географија[уреди]

Реката извира во Швајцарските Алпи, западно од Санкт Мориц во областа Енгадин, која е наречена по реката (реторомански Engiadina: „инска градина“). Веднаш потоа, реката тече низ најголемите езера по течението: Зилското и Силвапланското. Потоа оди североисточно, влегува во Австрија, а од Ландек оди на исток низ покраината Тирол и нејзиниот главен град Инсбрук („мост на Ин“). Потоа преминува во Баварија кај Куфштајн.

На баварска територија реката оди на север и минува из градовите Розенхајм, Васербург на Ин и Валдкрајбург, па врти на исток, оди низ Милдорф и Нојетинг, а потоа се проширува благодарение на двете поголеми притоки Алц и Залцах.

Оттука до Дунав, реката ја образува границата помеѓу Германија (Баварија) и Австрија (Горна Австрија). Во последниот дел од течението се сместени градовите Зимбах на Ин, Браунау на Ин и Шердинг. Во градот Пасау, Ин конечно се влева во Дунав.

Меѓу бројните помали градови по течението се Браунау на Ин (Австрија), родно место на Адолф Хитлер и Марктл (Германија), родно место на папата Бенедикт XVI. Реката Ин е единствената река што извира во Швајцарија и завршува во Црното Море (преку Дунав).

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Richard J.A. Talbert, уред (2000). „Barrington Atlas of the Greek and Roman World: Map-By-Map Directory“. I. Princeton, NJ and Oxford, UK: Princeton University Press. стр. 171. ISBN 0691049459. 

Надворешни врски[уреди]