Бретонски јазик
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Бретонски јазик Brezhoneg |
||
|---|---|---|
| Изговор: | bɾe.ˈzõː.nɛk | |
| Зборуван во: | Франција | |
| Регион: | Бретања | |
| Вкупно говорници: | — | |
| Јазично семејство: | индоевропско Келтски Бретонски јазик |
|
| Писмо: | Бретонска азбука | |
| Јазични кодови | ||
| ISO 639-1: | br | |
| ISO 639-2: | bre | |
| ISO 639-3: | bre | |
Бретонскиот јазик (на бретонски Brezhoneg) спаѓа во групата на келтските јазици од британската група, и е зборуван од страна на околу 300 000 луѓе претежно во Франција, главно во регионот Бретања.
Содржина |
[уреди] Историја
И покрај тоа што бретонскиот јазик е многу близок со јазикот на галите, сепак тој се разликува во големи мери од него. Освен со галскиот, бретонскиот јазик е многу близок и со келтските јазици кои се зборуваат на територијата на денешна Велика Британија и Ирска. Ова се должи на распаѓањето на Римската империја и отселувањето на келтите од островот.
Бретонскиот јазик е основен јазик во областа Бретања сè до 12 век. По 12 век, овој јазик сè повеќе започнал да биде заменуван со францускиот јазик и бретонскиот постепено започнал да исчезнува. Во 1930 година бретонскиот јазик бил зборуван од страна на 1 300 000 жители. Кога во 1532 година, Бретања попаднала под француска власт, бретонскиот јазик останал како малцински. Во тоа време било дозволено официјално да се употребува било кој малцински јазик во Франција. Но, по Француската револуција, францускиот јазик се наложил како единствен и на тој начин бретонскиот постепено се отфрлил од официјалната употреба во Бретања. Во почетокот на 20 век, половина од населението на Бретања го знаеле и зборувале бретонскиот јазик, а по 1950 година нивниот број започнал да се намалува. Така, денес бретонскиот јазик е зборуван од страна на 500 000 луѓе.
[уреди] Дијалекти
Основните дијалекти на бретонскиот јазик се::
•Керневски (Kerneveg, фр. Cornouaillais) - основен, зборуван од страна на 41% од бретонците. Се зборува во регионот околу Кемпер (Quimper).
•Леонски (Leoneg, фр. Léonais) – кој се зборува во регионот околу Финистер.
•Трегерски (Tregerieg, фр. Trégorrois) – кој се зборува во регионот на Трегер
•Гвенедски или Вански (Gwenedeg, фр. Vannetais) – кој се зборува во регионот на Ван (Gwened, Vannes)
[уреди] Примери
| бретонски | македонски |
|---|---|
| degemer mat | добре дојде |
| deuet mat oc'h | вие сте добредојдени |
| Breizh | Бретања |
| brezhoneg | бретонски |
| ti, "ty" | куќа |
| ti-kêr | општина |
| kreiz-kêr | центар |
| da bep lec'h | сите страни |
| skol | училиште |
| skol-veur | универзитет |
| kenavo | пријатно |
| krampouezh | палачинки |
| chouchenn | бретонска медовина |
| yec'hed mat | На здравје! |
| war vor atao | секогаш на море |
| kouign amann | торта со многу путер и шеќер |
[уреди] Слични содржини
[уреди] Надворешни врски
- Регулаторно тело на бретонскиот јазик
- Речник на англиски јазик и бретонска граматика
- Preder.net
- On-line часови на бретонски јазик
- Статија за бретонскиот на Omniglot
|
|||||||||||||||||||