ISO 639-1

Од Википедија — слободната енциклопедија

ISO 639-1:2002, Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 1: Алфа-2 код, е првиот дел од серијата на ISO 639 меѓународни (ISO) стандарди за јазични кодови. Дел 1 ја покрива регистрацијата на двобуквени кодови. Има регистрирано 136 вакви кодови. Во регистарот се опфатени позначајните јазици во светот.

Кодовите се корисни кратенки за меѓународно и формално претставување на еден јазик. На пример:


Првичниот стандард за јазични кодови ISO 639 е одобрен во 1967. Бил поделен на два дела, а во 2002 ISO 639-1 станал нова ревизија на тој стандард. Најновиот код е ht додаден на 26 февруари 2003, претставувајќи го хаитскиот креолски јазик. Употребата на овој стандард се препорачува од IETF-јазичните ознаки, воведени со RFC 1766 во март 1995, продолжени во RFC 3066 од јануари 2001 и RFC 4646 од септември 2006. Моменталната верзија е RFC 5646 од септември 2009. ISO 639-1 кодовите се регистрираат во службата Инфотерм (Меѓународен информативен центар за терминологија).

Не се додаваат нови ISO 639-1 кодови ако веќе постои ISO 639-2 код, така што системите кои користат ISO 639-1 и 639-2 кодови, со поретпочитање за 639-1 кодови не би биле приморани да ги менуваат постоечките кодови.[1]

Ако се користи ISO 639-2 код кој покрива група јазици, неговата употреба може да се замени за јазиците кои ќе добијат свој ISO 639-1 код.

ISO 639-1 кодови додадени по ревизијата од 2001 г.
ISO 639-1 ISO 639-2 Име Додаден Претходно под
io ido Идо 2002-01-15 art
wa wln Валонски 2002-01-29 roa
li lim Лимбуршки 2002-08-02 gem
ii iii Сичуански Ји 2002-10-14 sit
an arg Арагонски 2002-12-23 roa
ht hat Хаитски Креол 2003-02-26 cpf

Нема наведено посебно правило за постапување со микројазици (видете ISO 639-3).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ISO 639 Здружен советодавен одбор - Начела на работа при одржувањето на ISO 639 (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]