Јапонски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јапонски
日本語 Nihongo
Nihongo.svg
Изговор [ɲihoŋɡo]
Застапен во Јапонија
Говорници 130 милиони[1]  
Јазично семејство
Писмо Јапонско логографско и слоговно писмо, романџи, сидамско писмо (почесто во будистички манастири.)
Статус
Службен во Flag of Japan.svg Јапонија
 САД (малцински)
Регулативен орган Нема
Јапонската влада има големо влијание врз јазикот.
Јазични кодови
ISO 639-1 ja
ISO 639-2 jpn
ISO 639-3 jpn

Јапонскиот (日本語 Nihongo ?) е изолиран јазик и припаѓа на групата јапонски јазици. Јазикот го зборуваат повеќе од 130 милиони луѓе[2] во Јапонија и во јапонските миграциски заедници. Јазикот е близок со рјукјуанските јазици. До денес, класификацијата на јапонскиот јазик не е докрај разјаснета. Јапонскиот јазик е аглутинативен јазик и се разликува по комплексниот систем на хоноративен или почитувачки говор што е директно произлезено од хеирархијата на јапонското општество, со користење на посебни глаголи и прилози со кои се означува положбата на говорителот, слушателот или кој и да било. Тој е карактеристичен и по својот акцент и е мораски јазик.

Јапонскиот јазик се пишува со три различни писма: модифицирани кинески знаци наречени канџи (漢字), и две слоговни писма хирагана (平仮名) и катакана (片仮名). Покрај овие три стандардни писма, јапонскиот јазик користи и модифицирана латинска азбука наречена рома-џи (буквално: римски букви) која се користи за полесно претставување и читање на јапонски имиња и компании, но исто така се користи за компјутери. Денес, најчесто се користат основните арапски броеви, но се користат и традиционалните сино-јапонски броеви.

Јапонскиот фонд на зборови бил под големо влијание на странски зборови од различни јазици. Голем број на зборови биле превземени од кинески јазик или пак биле модофицирани од кинески зборови. Од 19 век, јапонскиот јазик има позајмено зборови од индоевропските јазици, особено од англиски јазик. Покрај овие, доста често се користат и португалски и холандски зборови поради трговската соработка на Јапонија со Холандија и Португалија.


Распространетост[уреди]

Иако јапонскиот јазик воглавно се зборува во Јапонија, во мал процент се зборува и во други држави. Кога Империјалистичка Јапонија ја окупирала Кореја, Тајван, делови од Кина, Филипините и делови од пацифичките острови, локалните жители биле принудивани да го учат јазикот[3] во згради специјално изградено од Империјалистичка Јапонија. Како резултат на тоа, денес има многу луѓе во овие краеви што го зборуваат јапонскиот јазик. Јапонските емиграциски заедници исто така зборуваат јапонски како што се јапонските заедници во Бразил, Хаваи, Перу, Аргентина, Австралија, САД и Филипините.

Официјален статус[уреди]

Јапонскиот де факто е официјален јазик во Јапонија и Палау. Има форма на јазикот за која се смета дека е стандардна hyōjungo (標準語?) стандарден јапонски или kyōtsūgo (共通語?) вообичаен јазик, но сепак значењето на двата термина е ист. Нормативниот јазик се родил после периодот Мејџи (明治維新 meiji ishin?, 1868) од јазикот што се зборувал од високата класа во Јапонија. Оваа форма се користи во училиштата, на телевизиите и за официјална комуникација и форма на јазикот врз која се базира оваа статија.

Поранешниот стандарден Japanese in writing (文語 бунго?, "литературен јазик") се разликувал од основниот јазик (口語 кого?). Двете форми на јапонски јазик се разликуваат по граматичките правила и во зборовниот фонд. Бунго бил главниот метод за пишување на јапонски јазик сѐ до 1900, кога кого продолжил да се користи за пишаниот јапонски јазик. Во 1940-те се заменила и оваа форма кога се вовел стандардниот јапонски јазик. Денес, законите што опстојуваат од пред 1940-те сѐ уште се напишани на кого.

Дијалекти[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дијалекти на јапонскиот јазик.
Разлики во сврзниот глагол da

Повеќе дијалекти се зборуваат во Јапонија. Оваа разликовитост е како резултат на повеќе фактори, вклучувајќи ги и растојанијата помеѓу јапонските острови, планинскиот терен и јапонската долга историја на внатрешна и надворешна изолација. Дијалектите вообичаено се разликуваат во акцентот, морфологијата, зборовниот фонд и практичната употреба на јазикот. Некои дијалекти се разликуваат и во самогласките и согласките.

Главната разлика помеѓу јапонските акценти е помеѓу група Токиски акценти и групата со Кјото-Осака акцентот, иако има уште една група наречена Кјушу акценти, која е помала. Во секоја група има и неколку поделби. Групата дијалекти од Кјото-Осака дијалектите се во центарот на земјата во префектурите Тојама, Кјото, Хјого и Мие. Во оваа група спаѓаат и дијалектите Шикоку. Последната група на дијалекти е групата на дијалекти настанати од источните дијалекти на стариот јапонски јазик и се зборуваат на островот Хачиџиџима и неколку околни мали острови.

Дијалектите од околните региони како што се Тохоку или Цушима можат да не бидат разбрани од луѓето што зборуваат други дијалекти. Неколку дијалекти од Кагошима во јужен Кјушу се познати по тоа што не ги разбираат не само луѓето што зборуваат стандарден јапонски јазик, туку и луѓето што зборуваат на дијалекти што се во близина на овој дијалект. Тоа е поради изговорот на зборовите од овој дијалект каде се употребиваат затворени слогови односно слогови што завршуваат на согласки како на пример изговорот на стандардниот јапонски збор за пајак /kumo/ се изговара како /kob/ или /koʔ/. Дијалектите од Кансаи ги разбираат скоро сите во Јапонија, а додека дијалектите од Осака се поврзуваат со комедијата, слично со нашиот кумановски дијалект. Дијалектите од Тохоку у Северен Канто се поврзуваат со фармерството и земјоделието.

Рјукјуанските јазици што се зборуваат на Окинава и Амамските Острови се различни во поголема мера од јапонскиот јазик па така тие се сметаат за посебни јазици, иако голем број на јапонци велат тие се дијалект на јапонскиот јазик.

Гласовен систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фонологија на јапонскиот јазик.

Сите јапонски самогласки се чисти и немаат дифтонзи. Една од најчудните самогласки е високата задна самогласка /ɯ/ слушни  која е слична со самогласката /u/. Јапонскиот има пет самогласки и должината на самогласките е фонемичен па така секоја самогласка има кратка и долга верзија.

Некои јапонски согласки имаат неколку алофони, што дава чувство на преголем број на звуци. Како и да е, некои од овие алофони станале фонемични. На пример, во јапонскиот јазик фонемичната секвенца /ti/ била палатизирана и се претворила во [tɕi]. Така денес, /ti/ и [tɕi] се различни фонемички секвенци како на пример во зборовите [tiː] "чај од западен стил" и chii [tɕii] "социјален статус".

Гласот /r/ во јапонскиот јазик е многу интересна буква за луѓето што не зборуваат јапонски јазик бидејќи таа буква се изговара како звук помеѓу буквите /r/ и /l/.

Слоговната структура и фонотактиката се многу едноставни: единствениот согласен кластер е дозволен во рамките на еден слог се состои од сет на согласки плус звукот /j/. Исто така се дозволува да има согласен кластер сѐ додека двете согласки се насализирани и следени од хоморганична согласка. Должината на согласките е исто така фонемична.

Зборовен фонд[уреди]

Оригиналниот јазик на јапонците и луѓето што живееле во Јапонија бил така наречениот јамато котоба (大和言葉 или поретко 大和詞, т.е., "јамато зборови") а додека во научните кругови е нарекуван и како ва-го (和語 или поретко 倭語, "Ва зборови"). Покрај ваквите зборови, јапонскиот јазик вклучува и голем број на зборови од кинеско потекло. Таквите зборови се познати како канго (漢語) што навлегле во јазикот од 5 век како последица на културната соработка со Кина. Според јапонскиот речник Шинсен-кокудоџитен (新選国語辞典), зборови базирани на позајмени кинески зборови се околу 49.1% од вкупниот зборовен фонд на јапонскиот јазик, ваго зборови има околу 33.8% и 8.8% странски зборови[4].

Канго зборовите се сметаат како зборови за формална или академска употреба споредени со јамато зборовите.

Мал број на зборови се позајмени од корејскиот и од ајнскиот. Покрај овие се користат и зборови од европско потекло и тие се нарекуваат гаираиго. Овој процес на позајмување на зборови настанал со позајмување на зборови од португалски јазик во 16 век а подоцна и од холандски јазик. Со отворањето на Јапонија, започнале позајмувања на зборови од англиски јазик, француски јазик и германски јазик.

Покрај позајмувањето на зборови од други јазици, голем број на зборови од јапонско потекло се користат во другите јазици ширум светот. Така на пример во македонскиот јазик се навлезени зборовите: карате, оригами, камиказе, суши, кимоно итн.

Јапонски писма[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јапонски системи на пишување.
Хирагана и катакана со соодветното латинско писмо

Наводи[уреди]

  1. „Japanese“. Languages of the World. http://www.nvtc.gov/lotw/months/march/Japanese.html. конс. 29 февруари 2008. 
  2. „Japanese“. Languages of the World. http://www.nvtc.gov/lotw/months/march/Japanese.html. конс. 13 јуни 2008. 
  3. Japanese is listed as one of the official languages of Angaur state, Palau (Ethnologe, CIA World Factbook). This official status is disputed; there were very few Japanese speakers on Angaur as of the 2005 census.
  4. 新選国語辞典, 金田一京助, 小学館, 2001, ISBN 4-09-501407-5

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]