Изолиран јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Изолиран јазик или јазичен изолат е природен јазик кој нема гетеички врски со ниту еден останат јазик, односно нема генетска врска со ниту еден прајазик од кој би настанал истиот. Ваквите јазици обично се класифицираат како посебно јазично семејство. Чести пример за јазични изолати се посочуваат баскискиот јазик, ајнскиот или бурушаскиот јазик, иако различни лингвисти посочуваат одреден степен на поврзаност со некои од светските јазици.

Покрај стандардната дефиниција на поимот јазичен изолат, со тој термин се подразбира и релативно изолиран јазик, па такви примери се албанскиот јазик и ерменскиот јазик[1] и овие често се нарекуваат индоевропски јазични изолати. Со други зборови, овие јазици не се слични и поврзани со останатите индоевропски јазици групи, туку сочинуваат посебна гранка во индоевропското јазично семејство.

Јазичниот изолт може да се однесува и за некој историски јазик кој денес е исчезнат. Така на пример јазикот пираха од Бразил често се смета за јазичен изолат. Покрај тоа, во лингвистиката има пример кога јазични изолати се класифицирале во помала јазична група, како што е окинавскиот јазик кој денес се смета за дел од јапонските јазици. Јазичните изолати може да се сметаат како специјални случаи на некласифицирани јазици, односно јазици кои не се класифицирани по одреден напори за нивно класифицирање.

Јазични изолати[уреди]

Африка[уреди]

јазик статус белешка
хаѕа активен, го зборуваат околу 1000 луѓе
сандаве активен Се поврзува со некои јазици од Јужна Африка.

Азија[уреди]

јазик статус белешка
ајнски скоро исчезнат Јазикот се зборува(л) во Јапонија.
бурушаски активен Јазикот се зборува во Пакистан.
еламски исчезнат Јазикот се зборувал во Еламското царство
хатски исчезнат Јазикот се зборувал во Мала Азија.
корејски активен Најголем изолиран јазик.
нихалски загрозен Јазикот се зборува во Индија.
кусундски скоро исчезнат Јазикот се зборува во Непал.
нившки загрозен Јазикот се зборува во Приамурјето (Надворешна Манџурија)
апукиварски скоро исчезнат Јазикот се зборува на Андаманските Острови.
сумерски исчезнат Јазикот на Сумерите.

Европа[уреди]

јазик статус белешка
баскиски активен Јазикот се зборува во Шпанија и Франција и е единствен пред-индоевропски јазик во Европа.
етрурски исчезнат Јазикот се зборувал во Етрурија, денес во Италија.

Австралија и Океанија[уреди]

Јазиците во Нова Гвинеја се слабо проучени и следните изолирани јазици можеби ќе се стават во некоја група во иднина.

јазик статус белешка
абиномнски загрозен Јазикот се зборува во Нова Гвинеја.
анемски загрозен Јазикот се зборува во Нова Британија.
бусаски загрозен Јазикот се зборува во Нова Гвинеја.
ениндилјагваски загрозен Јазикот се зборува во Австралија.
исиравски загрозен Јазикот се зборува во Нова Гвинеја.
гагуѓуски загрозен Јазикот се зборува во Австралија.
колски загрозен Јазикот се зборува во Нова Британија.
куотски загрозен Јазикот се зборува во Нова Ирска.
ларагијски загрозен Јазикот се зборува/л во Австралија.
минкински загрозен Јазикот се зборува/л во Австралија.
нгурмбурски загрозен Јазикот се зборува/л во Австралија.
пеле-атаски загрозен Јазикот се зборува/л во Нова Британија.
пјуски загрозен Јазикот се зборува/л во Нова Гвинеја.
сулкаски загрозен Јазикот се зборува/л во Нова Британија.
тајапски загрозен Јазикот се зборува/л во Папуа Нова Гвинеја.
тивиски загрозен Јазикот се зборува/л во Австралија.
умбугарласки загрозен Јазикот се зборува/л во Австралија.
јале загрозен Јазикот се зборува/л во Нова Гвинеја.
јаваски загрозен Јазикот се зборува/л во Нова Гвинеја.
јелиски загрозен Јазикот се зборува/л во Нова Гвинеја.
јуриски загрозен Јазикот се зборува/л во Нова Гвинеја.

Северна Америка и Средна Америка[уреди]

јазик статус белешки
атакапски исчезнат Јазикот се зборувал во Тексас и Луизијана во САД.
чимарички исчезант Јазикот се зборувал во Калифорнија, САД.
читимачки исчезнат Јазикот се зборувал во Луизијана, САД.
ковилтечки исчезнат Јазикот се зборувал во Тексас, САД.
куитлатечки исчезнат Јазикот се зборувал во Мексико.
еселенски исчезнат Јазикот се зборувал во Калифорнија, САД.
хаидски загрозен Јазикот се зборува во Алјаска.
уавски загрозен Јазикот се зборува во Мексико.
хикачки загрозен Јазикот се зборува во Хондурас.
каручки загрозен Јазикот се зборува во САД.
кутенајски загрозен Јазикот се зборува во САД и Канада.
начески исчезнат Јазикот се зборувал во јужни САД.
пурепечки активен Јазикот се зборува во Мексико.
салински изчезнат Јазикот се зборувал во Калифорнија, САД.
сериски загрозен Јазикот се зборува во Мексико.
сајуслоски исчезнат Јазикот се зборувал во Орегон, САД.
такелмски исчезнат Јазикот се зборувал во Орегон, САД.
тимукуаски исчезнат Јазикот се зборувал на Флорида во САД.
тонкавски исчезнат Јазикот се зборувал во Тексас, САД.
тунички исчезнат Јазикот се зборувал во јужни САД.
вашки загрозен Јазикот се зборува во САД.
шинскаски загрозен Јазикот се зборува во Гватемала.
јанаски исчезнат Јазикот бил зборувал во Калифорнија, САД.
јучиски загрозен Јазикот се зборувал во Џорџија и Оклахома во САД.
зински загорзен Јазикот се зборува во Ново Мексико, САД.

Јужна Америка[уреди]

јазик статус белешка
аикански загрозен Јазикот се зборува во Бразил.
андокески загрозен Јазикот се зборува/л во Колумбија.
бетојски исчезнат Јазикот се зборувал во Колумбија.
камсаски активен Јазикот се зборува во Колумбија.
каничански скоро исчезнат/ исчезнат Јазикот се зборува/л во Боливија.
кајубабански исчезнат Јазикот се зборувал во Боливија.
кофански? активен Јазикот се зборува во Колумбија и Еквадор.
ваорански загрозен Јазикот се зборува во Перу и Еквадор.
иранчески активен Јазикот се зборува во Бразил.
итонамски загрозен Јазикот се зборува во Боливија.
карирски исчезнати Јазиците се зборувале во Бразил.
кавескарски загрозен Јазикот се зборува во Чиле.
мапудунгунски активен Јазикот се зборува во Чиле и Аргентина.
мовимски активен Јазикот се зборува во Боливија.
намбикварски загрозени Јазиците се зборуваат во Бразил.
омурански исчезнат Јазикот се зборува во Перу.
отиски исчезнат Јазикот се зборува во Бразил.
пираха загрозен Јазикот се зборува во Бразил.
пукински исчезнат Јазикот се зборува во Боливија.
тауширски активен Јазикот се зборува во Перу.
текирачки активен Јазикот се зборува во Перу.
тикунски активен Јазикот се зборува во Колумбија, Перу и Бразил.
тинигвански активен Јазикот се зборува во Колумбија.
варајски загрозен Јазикот се зборува на Гвајанскиот штит.
јагански загрозен Јазикот се зборува во Чиле.
јуракарски загрозен Јазикот се зборува во Боливија.
јуриски исчезнат Јазикот се зборува во Колумбија и Бразил.
јурумангиски исчезнат Јазикот се зборува во Колумбија.

Наводи[уреди]

  1. Pyles, T. & Algeo, J. (1993). The Origins and development of the English language. Fort Worth. Jovanovich

Користена литература[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]