Португалија
| Португалска Република
República Portuguesa
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Химна: „A Portuguesa“ |
||||||
|
Местоположбата на Португалија (портокалова)
– на Европскиот континент (окер и бела) |
||||||
| Главен град (и најголем) |
Лисабон5 |
|||||
| Службен јазик | Португалски1 | |||||
| Признаени регионални јазици | Мирандешки | |||||
| Демоним | Португалец | |||||
| Уредување | Парламентарна република | |||||
| - | Претседател | Анибал Каваку Силва | ||||
| - | Премиер | Педро Пасос Коељо | ||||
| Формирање | Општопризнат датум на независност е 1139 | |||||
| - | Основање | 868 | ||||
| - | Реосновање | 1095 | ||||
| - | Де факто суверенитет | 24 јуни 1128 | ||||
| - | Кралство | 25 јули 1139 | ||||
| - | Призната | 5 октомври 1143 | ||||
| - | Папско признавање | 1179 | ||||
| ЕУ пристапила | 1 јануари 1986 | |||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 92,345 км2 (110та) | ||||
| - | Вода (%) | 0,5 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за јули 2007 | 10.848.692 (75та) | ||||
| - | Попис 2001 | 10.148.259 | ||||
| - | Густина | 114 жит/км2 (87ма) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2006 | |||||
| - | Вкупен | $232.000.000.000 (40та) | ||||
| - | По жител | $23.464 (2007) (34та) | ||||
| ИЧР (2005) | ▼ 0,897 (висок) (29та) | |||||
| Валута | Евро (€)² (EUR) |
|||||
| Часовен појас | ЗЕВ³ | |||||
| - | (ЛСВ) | ЗЕЛТ (UTC0) | ||||
| НИД | .pt4 | |||||
| Повик. бр. | 351 | |||||
| 1. | Мирандешкиот јазик, кој се зборува во некои села на општината Миранда до Дуро, бил официјално признат во (Lei n.° 7/99 de 29 de Janeiro), оттогаш давајќи му официјално право на користење на мирандешкиот на јазичното малцинство кое го засега.[1] Португалскиот знаковен јазик е исто така признат. | |||||
| 2. | Пред 1999: Португалско ескудо. | |||||
| 3. | Азори: УКВ-1; УКВ во лето. | |||||
| 4. | Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија. | |||||
| 5. | Коимбра бил главен град на државата од 1139 до околу 1260. | |||||
Португалија (португалски: Portugal) е демократска република лоцирана на западниот и југозападниот дел на Иберискиот Полуостров во југозападна Европа. Таа е најзападната земја во континентална Европа. Португалија се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азурите (Açores) и Мадеира.
Главен град на Португалија е Лисабон. Вкупното население на Португалија е 10,524,145 жители.
Содржина |
Историја [уреди]
Името „Португалија“ само по себе открива делови рани од историјата на оваа земја - таа потекнува од римското име Portus Cale, можна мешавина на грчко и латинско име кое значи "Убаво пристаниште". Просторот на денешна Португалија во текот на историјата бил населуван од страна на многу народи и цивилизации, како ибери, келти, фенекијци, картагенци, грци, германи и маври.
Португалија во текот на 15 век и 16 век успеала да го прошири своето влијание. Славни личности од тие векови се: Фернандо Магелан кој го опколил светот, Бартоломео Диаз кој достигнал до 'Рт Добра Надеж и источниот крај на Африка, Васко де Гама и др. Крајот на 16 век, Португалија за прв пат во историјата ја изгубила независноста, и тоа под власт на Шпанија преку кое почнало пропаѓање на Португалија како велесила.
Португалија продолжила да ја губи својата политичка и економска сила поради неколку причини, пред се Лисабонскиот земјотрес од 1755 година, подемот на Наполеон Бонапарта, стекнување на независност на Бразил во 1822 година и граѓанската војна помеѓу либералите и апсолутистите. Во 1910 година била укината монархијата. Во 1975 година Протугалија дала независност на своите преостанати колонии.
Португалија е една од основачите на НАТО алијансата, а од 1986 година е член на ЕУ.
Етимологија [уреди]
Географија и клима [уреди]
Португалија е држава на западниот и југозападниот дела на Иберискиот Полуостров. Граничи со Шпанија на север и исток и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азурите (Açores) и Мадеира. Португалија е една од најтоплите држави во Европа со атланско-медитеранска клима. Пролетта и летото обично се топли а во јули и август температурите се движат од 30–35 °C во централниот дел и до 45 °C во внатрешноста и јужниот дел на земјата. Есента и зимата се врнежливи а температурите достигаат до -5 °C. Снежни врнежи има на повисоките места во планинските предели на север. Средните годишни температури се движат од 13 °C на север и 18 °C на југ. Источниот дел од Португалија е претежно планински, додека западниот е низински. Северниот е планински, каде течат реките Мињо и Доуро.
Политички систем [уреди]
Административна поделба [уреди]
Економија [уреди]
Население, јазик и религија [уреди]
Култура во Португалија [уреди]
Религија [уреди]
Најголема религија во Португалија е Римокатоличката. Околу 84% од населението се католици, но само околу 19% присуствуваат редовно на неделните литургии. Сепак, голем број од Португалците сакаат да бидат крстени, оженети во црквата и слично[2]. Иако црквата и државата формално биле разделени за време на Првата Португалска република (1910-1926), со уставот од 1976 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во португалското општество и култура. Многу португалски празници, фестивали и традиции, имаат религиозно потекло. Иако црквата и државата се формално одвоени, Католичката црква се уште добива одредени привилегии во земјата.
Денеска, најголемиот дел од португалското население е римокатоличко, односно 84.5% од вкупниот бој на населението се католици, а околу 2.2% припаѓаат на други христијански организации[3].
Музика во Португалија [уреди]
Спорт во Португалија [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Студија Евромозаик, мирандешки во Португалија, europa.eu - Европска Комисија веб-сајт, пристапена на јануари 2007.
- ↑ „Portugal está mais secularizado do que a Espanha“. Diário Ateísta. 18 јануари 2007. http://www.ateismo.net/diario/2007/01/portugal-est-mais-secularizado-do-que.php. проверено на 2007-04-28.
- ↑ „CIA — The World Factbook -- Portugal“. 17 јануари 2009. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/po.html.
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |