Васко де Гама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васко де Гама
Роден околу 1469
Синес или Видигуеира, Алентежо, Португалија
Починал 24 декември 1524
Кочи, Индија
Занимање Истражувач, морепловец
Сопружник Катарина де Атаиде
Бронзена статуа од Васко Де Гама во неговото родно место во Синес, Португалија

Васко де Гама (146924 декември 1524) — истражувач и морепловец од Португалија. Тој бил првиот човек кој открил морски пат од Европа до Индија, тотално избегнувајќи го Патот на свилата кои минувал низ тогашната Отоманска империја. Тој придонел многу за развојот на Португалија како колонизаторска сила и за воспоставувањето врски со јужноазискиот свет.

Рани години[уреди | уреди извор]

Васко Де Гама (на португалски: Vasco da Gama, се изговара Вашку да Гама) најверојатно е роден околу 1460 година или околу 1469 година, на југозападното крајбрежје на Португалија. Се претпоставува дека е роден во куќа која се наоѓала блиску до црквата Nossa Senhora das Salas.

Таткото на Васко се викал Естевао Де Гама. Во текот на 1460 години тој бил рицар во домаќинството на Дом Фернандо - херцег или граѓански гувернер од Визеу. Естевао Де Гама бил оженет со Дона Изабела Содра. За младите години од животот на Васко Де Гама е многу малку познато. Познато е дека тој е учел во градот Евора, каде се запознал со теориите и практиките на математиката и навигацијата, а исто така најмногу ја проучувал астрономијата каде учител му бил астроном Аврам Закуто.

Во 1492 португалскиот крал Жоао II (João II) го испратил во Сетубал, јужно од Лисабон сè со цел да преземе некои француски бродови како одмазда за грабежот и пљачките кои се случиле при некој транспорт на некои португалски стоки. Самата задача од страна на Васко Де Гама била успешно завршена.

Во почетокот на петнаесеттиот век, морското училиште на Енрике Навигаторот го работело на псотепено запознавање на западниот брег на Африка чија цел била заобиколување на континентот и конечно откривање на морскиот пат до Индија.

Ианку, во тој период, но и претходно (пред падот на Цариград) Република Венеција имала монопол во трговијата помеѓу Европа и Азија. Целта на овие напори, помеѓу другото, била и да се рабзие монополската позиција на Венеција.

Уште во времето, кога Васко Де Гама бил дете, на негови десет години, на овие долгорочни планови се гледало дека им се ближи крајот. Бортоломео Дијас (португалски истражувач), кој се враќал од своето патување поминувајќи низ реката Rio do Infante во јужна Африка, забележил дека неизвестен брег или крајбрежје се протега надалеку кон североисток.

Имајќи ја оваа информација, времето на владеење на португалскиот крал Жоао II, биле направени и копнени инстражувања кои покажале дека до Индија би можело се стигне преку морето и тоа преку Атлантскиот Океан. Овие истражувања биле направено од Пјеро Да Ковилха и Алонсо Де Паива кои биле испратени од Барселона преку Неапол,Родос и Александрија, а потоа продолжиле кон пристаништето Аден, (во денешен Јемен) на Ормускиот Проток (Персиски Залив) и стигнале до Индија со што претпоставките на Бартоломео Дијас биле проверени.

Прво патување[уреди | уреди извор]

За првпат, Васко Де Гама тргнал на морско патување од Лисабон на 08.07.1497 година. Неговата експедиција вклучувала четири брода.

  • São Gabriel, командуван од Васко Де Гама, кој бил тежок околу 178 тона, со должина 27 метри и ширина 8.5 метри со екипа од 150 луѓе;
  • São Rafael чиј командир бил неговиот брат Пауло Де Гама, кој брод имал многу слични одлики со São Gabriel;
  • Caravel Berrio, многу помал брод за разлика од претходните два, и кој бил командуван од Nicolau Coelho;
  • Името на последниот брод кој претставувал товарен број не е познато (тежел околу 200 тона). Овој брод бил командуцан од Gonçalo Nunes.
Првото патување на Васко Де Гама

Од 16 декември, флотата ја преминала реката на Great Fish River — место од каде Дијас и неговата група се вратиле. Тие во тој миг всушност испловиле кон место кое до тогаш не било познато на европската јавност. Со ова Божиќно патување тие отишле до крајбрежјето и го крстиле Натал, кое го означува раѓањето на Христос.

Во 1498 година тие достигнале до денешната држава Мозамбик, која во тоа време била област на Африка, која ја контролирале арапите.

На 25 јануари пристигнале на ново копно и околу еден месец се задржиле таму поради поправка на бродовите и поради преголемата исцрпеност и умореност. На 3 март, Гама престигнал на малиот остров Мозамба, каде тамошното население на прв поглед сметале дека доаѓаат муслимани па им пружиле помош. Овде Гама повикал на помош неколку арапски пилоти сè со цел да стигнат до Индија. Експедицијата престигнала во Козкиход на 20.05.1498 година. Со кралот на Заморија постигнал договор за трговија иако арапските трговци во тоа не се согласувале. Тој од Заморина добил писмена дозвола дека смее да отвори трговско претставништво во Козкиход. Но со текот на времето овие недоразбирања сè повеќе се зголемувале.

Во август Васко Де Гама тргнал назад кон Португалија. Со себе понел уште шест кралеви сè со цел да може португалците да ги научат обичаите на другиот свет. Но поради лошото време, Арапското Море го преминале дури по три месеци, а и многу голем дел од екипажот загинале во ова невреме. Гама со бродот São Gabriel се вратил во Португалија на 10.06.1499 година. Кралот Мануел I на својот миленик го пречекал со големи честувања и притоа му доделил годишна премија од 1000 крузадовски.

Второ патување[уреди | уреди извор]

Кога на Кабрал не му било понудено ново патување до Индија, или барем тој тоа го одбил, целата одговорност му била понудена на Васко Де Гама. Тој ја добил титулата “Адмирал на индискиот океан“ и тргнал на пат на 12.02.1502 година со 20 бродови. Гама го присилил владетелот на градот Килва за плаќање на данок на португалскиот крал, и затоа пристигнал на територијата на Гоа (која подоцна била главно упориште на португалската моќ во Индија). Гама пристигнал во градот Кананор, северно од Каликута. Овде тој го опљачкал арапскиот трговски брод кој пристигнал таму неколку денови после нив со околу 200-400 патници (меѓу кои и жени и деца). Тој наредил да бидат претресени сите патници со кое запленил многу скапоценети предмети. Овој чин и настан всушност претставува најкрутиот момент од неговата кариера.

Престигнување во Каликут

Исто така, Гама постигнал договор и со владетелот Кананореа, и по ова се упатил кон Каликут. Васко Де Гама му поставил ултиматум на Заморин да неговото население (хиндуистите) го напуштат местото, со кое подоцна градот бил бомбардиран . Потоа, Васко Де Гама отишол во друг град каде се добил договор со некој друг владетел, кој бил во непријателски односи со Заморин.

Трето патување[уреди | уреди извор]

Гробот на Васко де Гама во манастирон Јероним во Белем, Лисабон, Португалија

На 20.02.1503 година Гама тргнал на пат кон Португалија. Не се познати многу детали околу третото патување на Васко Де Гама кај Мануел I. Гама во меѓувреме се оженил со Caterinu de Ataide (околу 1500 година).

На своето трето патување тој тргнал кон Индија кон 1524 година. Новиот португалски крал Иван III Португалски го именувал за поткралот на Индија. По три месеци во Индија, Гама се разболел и починал.

Бил погребан во црквата Св. Францис во тврдинта Kochi блузу градот Kochi. во 1539 година неговорот тело било поставено пренесенот во Португалија каде почива до денес во манастирот Јероним (Белем, Лисабон) кој бил подигнат во негова чест.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]