Ормуски Проток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ормуски П-к се наоѓа во Близок Исток
Ормуски П-к
Ормускиот Проток и Персискиот Залив
Сателитска снимка на Ормускиот Проток

Ормуски Проток (персиски: تَنگِه هُرمُز Tangeh-ye Hormoz, арапски: مَضيق هُرمُز Maḍīq Hurmuz) — проток помеѓу Оманскиот и Персискиот Залив. Ова е единствениот излез на Персискиот Залив на отворен океан и една од најважните геостратешки точки во светот. На северниот брег се наоѓа Иран, а на јужниот се сместени Обединетите Арапски Емирати и оманската ексклава Мусандам. Во најтесниот дел, протокот е широк 39 км (21 наутичка милја).[1]

Низ протокот минува 20% од вкупното количество нафтата во светот и 35% од сите нафтоносни пловила. Поради ова, местото е од големо стратешко значење во меѓународната трговија,[1] и причина за конфликт помеѓу силите, особено САД и Иран.

Протокот за прв пат се споменува во поморскиот прирачник „Перипл на Еритрејското Море“ од I век.

Сообраќај[уреди]

Поради големата прометност, во Ормускиот Проток се имаат случено повеќе судари на бродови. За да се намали ризикот од вакви катастрофи, протокот е подвоен на две ленти[2] — една за дојдовен и една за појдовен сообраќај. Од нив, едната се наоѓа во омански води, а другата во ирански.

Според Управата за енергетско информирање на САД, во 2011 г. низ протокот поминувале просечно 14 танкери дневно, носејќи 17 милиони барели (2.700.000 м³) сирова нафта. Ова претставува 35% од количеството на нафта што се превезува по морски пат и 20% од целиот нафтен сообраќај во светот. Во извештајот се вели дека 85% од сировата нафта била испорачана во Азија, највеќе во Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Кина.[1]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ормуски Проток“. „Светски геостратешки точки во превозот на нафта“. Управа за енергетско информирање на САД. 30 декември 2011. http://www.eia.gov/countries/regions-topics.cfm?fips=WOTC#hormuz. конс. 14 јануари 2012.  (англиски)
  2. „Енциклопедија на Земјата“. Национален совет за наука и животна околина. http://www.eoearth.org/article/Strait_of_Hormuz.  (англиски)
  • Mohammed Kookherdi (1997) Kookherd, an Islamic civil at Mehran river, III изд: Dubai

Надворешни врски[уреди]