Цариград

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Цариград (старословенски: Цѣсарьградъ; црковно словенски:Царьгра̀дъ; словачки: Carihrad; романски: Ţarigrad; украински: Царгород) е историско име на градот Константинопол, престолнината на Источното Римско царство и нејзиниот наследник Византија. Овој термин за градот бил користен најчесто од страна на словенските народи кои живееле во рамките на Византија. Денешното име на градот е Истанбул, и градот е најголемиот во Турција.

Поимот Цариград никогаш не бил користен како официјално име за градот, туку како псевдоним за кралското достоинство на градот. Во исто време, словените градот го викале и Константин-град во старословенскиот и Константиноград во Црковнословенскиот јазик. И двете имиња на градот произлегуваат од грчкото име на градот Κωνσταντινούπολη кое во превод значи градот на Константин (се смета на Константин I Велики).

Во превод, зборот Цариград на старословенски значи “Град на царот“. Миклагард пак бил термин користен од страна на скандинавскиот јазик кое во превод значи Голем град. Бугарите исто така го користиле и терминот Трновград или Царевград, според една од престолнините на Првата бугарска држава. Но по подпаѓањето на Балканскиот полуостров под Османлиска власт, ова име било отфрлено од употреба. Подоцна, словенските народи самите османлиски султани ги нарекувале цареви.

Терминот Цариград бил исклучиво употребуван во 15 век за време на Московското кнежество, време кога во кнежеството зашпочнало да се воведуваат византиските ритуали и обичаи. По падот на Константинопол во 1453 година, Руската империја себе си се гледала како наследник на Римската империја, па според ова Москва била нарекувана Трети Рим. Ова било поради фактот што голем дел од православните христијани биле во склопот на Османлиската империја.

Денеска, терминот Цариград се има задржано во некои градови, места или реони. Така, зборот Цариград се јавува како архаичен термин во рускиот јазик. Во Софија, Бугарија еден од најголемите булевари го носи името “Цариградско шосе“. Патот води од центарот на градот, кон магистралата Тракија до самиот Истанбул во Турција.