Џамија Календерхане

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Џамија Календерхане
Kalenderhane Camii
İstanbul 5613.jpg

Изглед на џамијата

Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Религија Ислам
Округ Вефа
Осветено 10 век
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија
Карактеристики
Минаре/иња 1

Џамијата Календерхане (турски: Kalenderhane Camii) е поранешна православна црква која била претворена во џамија од страна на Османлиите. Џамијата се наоѓа во реонот на Фатих, Истанбул, Турција. Од самата градба на џамијата може да се види византиската архитектура која била употребена при градењето на црквата.

[уреди] Историја

Првата градба која се наоѓала на ова место била римска терма, која била изградена во 6 век. Подоцна, најверојатно во 7 век, била изгрдена првата црква. Еден дел од црквата кој подоцна бил уништен од страна на Османлиите, бил изграден во текот на 12 век. Црквата била опкружена со манастирски комплекс, кој подоцна исчезнал во отоманскиот период. Во 1204 година, црквата била претворена во римокатоличка црква[1].

По 1453 година, црквата била користена како јавна кујна, а објектот станал познат како куќа на Календер. Во 1746 година, ХАџи Бесир Ага изградил михраб и минибар во џамијата. Во текот на осмалискиот период била на неколку пати погодувана од земјотреси и пожари, и истата била реновирана.

Во 1930-тите џамијата била напуштена по падот на минарето[1]. Џамијата повторно била обновена во 1970-тите.[2].

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 Müller-Wiener (1977), p. 156.
  2. A book by the two authors of the restoration was published in 1997.

[уреди] Надворешни врски

41°00′47″N 28°57′37″E / 41.013132°N 28.960304°E / 41.013132; 28.960304

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици