Палата Константин Порфирогенит Палеолог

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Палата Константин Порфирогенит
Tekfur Sarayı
Palace of Porphyrogenitus 2007 016.jpg
Поглед кон некогашната византиска резиденција
Податоци
Место Истанбул
Земја Турција


Палатата Константин Порфирогенит (Палеолог) или Дворец Порфирогенит (турски: Tekfur Sarayı) е палата која се наоѓа во Истанбул, Турција. Во минатото, оваа палата била користена како резиденција од страна на византиските императори, и денеска овој објект е единствениот “преживеан“ од целиот императорски комплекс кој постоел некогаш. По падот на Константинопол, објектот бил користен за најразлични цели, како чување на камили, бордел и слично за да во текот на 17 век потполно биде напуштен. Денеска, објектот за јавноста е затворен, освен за некои групи кои треба да поседуваат посебна дозвола за влез и покрај тоа што објектот се наоѓа во склопот на просторот кој од страна на УНЕСКО е вклучен во списокот на светско и културно наследство. Во 2006 година започнала реставрација на објектот.

Дворецот се наоѓа во склопот на Цариградските ѕидини. Некогашната резиденција била изградена во текот на 8 век, но се смета дека на истото место постоела и друга градба, за кое сѐ уште не се знае за што конкретно била користена. По падот на Латинското царство во 1261 година, објектот го добил името по синот на Михаил VIII Палеолог, Константин Порфирогенит - кој се родил истата година[1]. Последниот византиски император овде ги доживеал неговите последни мигови од животот пред градот да падне во раце на Османлиската империја. Во времето на османлиската опсада, објектот претрпел големи оштетувања. Тогаш дворецот се нарекувал (како што е и денес) Текфур Сарај, кое во превод значи Царски дворец односно палата.

Наводи[уреди]

  1. Treadgold (1997), p. 746

Извори[уреди]

  • Freely, John (2000). „Blue Guide Istanbul“. W. W. Norton & Company. ISBN 0393320146. 
  • Cruikshank, Dan (1996). „Sir Banister Fletcher's A History of Architecture.“. Architectural Press. ISBN 0750622679. 
  • Blair, Shelia (1996). „The Art and Architecture of Islam, 1250-1800“. Yale University Press. ISBN 0300064659. 
  • Treadgold, Warren (1997). „A History of the Byzantine State and Society“. Stanford University Press. ISBN 0804726302. 
  • van Millingen, Alexander (1899). „Byzantine Constantinople: The Walls of the City and Adjoining Historical Sites“. London: John Murray Ed.. 

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]