Елефтерион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Константинопол

Елефтерион (грчки: λιμήν Ἐλευθερίου) претставувало најголемото пристаниште во Константинопол, денешен Истанбул, Турција. Пристаништето било познато како Теодосиево или Кесариево пристаниште.

Пристаништето било изградено во 390 година во времето на Теодосиј I (379—395), и се наоѓало помеѓу деветиот и единаесетиот реон на градот во денешен Јеникапи, односно на јужниот дел од градот на Мраморно Море. Ова пристаниште претставувало главна точка во градот кога станувало збор за трговија и размена. Подоцна областа била трансформирена во земјоделска градина.

Во ноември 2005 година, работниците на Босфорскиот тунел пронашле остатоци од пристаништето.