Кула Галата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кула Галата
Galata Kulesi

Поглед на Кулата Галата
Општи информации
Град Истанбул
Земја Турција
Изградбата започнала 528
урната Четврта крстоносна војна

Кулата Галата (турски:Galata Kulesi) е средновековна кула која се наоѓа во Истанбул, Турција. Сместена е во населбата Галата, во близина на Златниот Рог. Од страна на венецијаните, кулата е позната ѝ како Христова кула.

Опис[уреди]

Лулата која е изградена од камен е висока 66,90 метри (62,59 метри без украсот на врвот). Во времето кога била изградена, таа била највисоката градба во градот. Кулата има надворешен дијаметар од 16,45 метри во основата, 8,95 метри со дијаметар од внатрешната страна, а ѕидовите се дебели 3,75 метри.

На нејзиниот највисок спрат денеска постои ресторан кој дополнително дава еден величествен поглед на Истанбул и на Босфорот. Исто така на горниот кат се наоѓа ѝ ноќен клуб. Влезот на кулата е претставен на турската банкнота од 10 лири.

Историја[уреди]

Кулата била изградена во 528 година во времето на Јустинијан I како одбранбена кула[1]. Била срушена за време на четвртата крстоносна војна. Била повторно обновена во 1348 година кога областа Галата која се наоѓа северно од Златниот Рог била колонија на Република Џенова. Тогаш кулата била наречена Christea Turris (односно Кулата на Христос). На врвот од кулата се наоѓал крст.Самата кула претставувала центар на ѕидините околу Галата и била користена за набљудување на стариот Истанбул.

Кулата била тешко оштетена за време на земјотресот во 1509 и обновена од страна на архитектот Хајретин кој бил многу познат во тој период. За време на владеењето на Сулејман Величествениот (1520-1566), била користена како затвор за затворениците кои биле осудени на работа. Такиједин ефенди основал опсерваторија на врвот на кулата на крајот на 16 век. Во времето на султанот Мурат III (1546-1595) била повторно претворена во затвор.

Во 17 век се користела од страна на јаничарскиот музички бенд. По 1717 година се користела повторно како опсерваторија за во 1794 година кулата биде ништена во пожар. По реновирањето, била изградена една мала соба од дрво во времето на султанот Селим III (1761-1808). По уште еден пожар во 1831 година, во времето на султанот Махмут биле додадени уште два спрата на кулата а врвот од кулата бил покриен со платно во облик на конусна шапка. По силна бура во 1875 година, кулата била оштетена и санирана во 1960 година.

Една од најпознатата легенда за кулата е за Хезарфен Ахмет Челеби. Во текот на 17 век, тој се обидел да лета од кулата до Ускудар со крилја прикачени на рацете. По неколку обиди тој успеал во еден ден со помош на ветрот кој го одвел преку Босфорот до Ускудар. По овој настан оваа кула се нарекувала и како кулата на Хезарфен. Исто така во текот на истиот период кулата се користела за спортување. Така натпреварот се состоел од врзани јажиња на врвот од кулата и секој натпреварувач требал да се симне до дното на кулата и повторно да се искачи по јажето.

Денес, кулата Галата работи само како туристички атракција од приватна фирма. Лифтот се качува до 7 кат, а последните две спрата на кулата треба да се искачат од скалите.

[[File:|1000п|alt=|Панорамски поглед на Златниот рог во Истанбул, каде се гледа кулата Галата. Мостот Галата може да се види во центарот на сликата. Топкапи Сарај, се наоѓа на левата страна од историскиот полуостров; проследено со (од лево кон десно) на Света Софија, Султан Ахмедовата Џамија и Џамијата Јени (или Нова Џамија) во близина на мост Галата, Бајазитската кула проследена во позадина, и Сулејмановата џамија на десната страна. Во позадина се гледа ѝ Мраморно Море со Принцевските Острови. Лево од сликата, на азиската страна од градот може да се види областа Кадиокија (древнен Халкедон). Зад мостот Галата се наоѓа Колоната на Коинстантин (кој е опкружен со железни шипки)]]
Панорамски поглед на Златниот рог во Истанбул, каде се гледа кулата Галата. Мостот Галата може да се види во центарот на сликата. Топкапи Сарај, се наоѓа на левата страна од историскиот полуостров; проследено со (од лево кон десно) на Света Софија, Султан Ахмедовата Џамија и Џамијата Јени (или Нова Џамија) во близина на мост Галата, Бајазитската кула проследена во позадина, и Сулејмановата џамија на десната страна. Во позадина се гледа ѝ Мраморно Море со Принцевските Острови. Лево од сликата, на азиската страна од градот може да се види областа Кадиокија (древнен Халкедон). Зад мостот Галата се наоѓа Колоната на Коинстантин (кој е опкружен со железни шипки)

Наводи[уреди]