Турска лира

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Турска лира
Türk lirası (турски)
монета од 1 турска лира
монета од 1 турска лира
ISO 4217 код TRY
Корисник  Турција
Турска Република Северен Кипар Република Северен Кипар
Инфлација 4.90% (Турција, јануари 2011)
Извор [1] Сабах
Подвалута
1/100 куруш
Симбол TL, £
Монети
Најчесто користени 5, 10, 25, 50 Kr , 1 TL
Поретко користени 1 Kr
Банкноти
Најчесто користени 5, 10, 20, 50 TL
Поретко користени 100, 200 TL
Централна банка Централна банка на Република Турција
Мреж. место www.tcmb.gov.tr
Печати CBRT Banknote Printer
Мреж. место www.tcmb.gov.tr

Турска лира (тур.: Türk Lirası, ISO 4217: TRY[1], нумерички код 949) е парична единица на Република Турција и непризнаената турска Република Северен Кипар.

Историја[уреди]

По извесен период во кој лирата била врзана за британската фунта и францускиот франк, во 1946 година бил усвоен односот 2,8 лири = $1 што се одржувал до 1960 година, кога валутата била девалвирана до 9 лири = $1. Од 1970 година функционирала серија на фиксни, а потоа и флуктуирачки курсеви во однос на доларот како што вредноста на лирата почнала да опаѓа.

Поради хроничната инфлација во Турција од 1970 до 1990 година, лирата имала голема депресијација на вредноста. Турција имала висока стапка на инфлација во споредба со развиените земји, но никогаш не доживела хиперинфлација. Од просечните 9 лири за 1 американски долар во доцните 1960-ти, валутата дошла во сооднос од околу 1.650.000 лири за 1 американски долар кон крајот на 2001 година. Тоа претставувало просечна инфлација од над 40% годишно.

  • 1966 — 1 САД $ = 9 лири
  • 1980 — 1 САД $ = 90 лири
  • 1988 — 1 САД $ = 1,300 лири
  • 1995 — 1 САД $ = 45,000 лири
  • 1996 — 1 САД $ = 107,000 лири
  • 2001 — 1 САД $ = 1,650,000 лири
  • 2004 — 1 САД $ = 1,350,000 лири
  • 2005 — 1 САД $ = 1.29 нова лира (Во 2005 г. е воведена нова турска лира, на која се избришани 6 нули од турската лира)
  • 2007 — 1 САД $ = 1.26 нова лира
  • 2008 — 1 САД $ = 1.55 нова лира
  • 2009 — 1 САД $ = 1.48 нова лира
  • 2010 — 1 САД $ = 1.44 лира (турската лира и новата турска лира како називи се користеле од 2005 година. Во 2010 година името повторно било заменето во турска лира, но називот нова турска лира се користел до 31 декември 2009 год.)
  • 19 октомври, 2012 — 1 САД $ = 1.79 лира

Кон крајот на декември 2003 година Големото народно собрание на Турција усвоило закон со кој се овозможува отстранување на шест нули од турската лира и создавање нова валута, воведена на 1 јануари 2005 година. До 31 декември 2008 бил преодниот период од кој официјално валутата почнува да се нарекува Нова турска лира.[2]

Изглед[уреди]

Сите банкноти и монети на позадината го имаат ликот на Мустафа Кемал Ататурк од различни периоди од неговиот живот од 1930 година, со исклучок на некои банкноти од втората емисија (1937-1942 г.) кои го имаат ликот на турскиот војсководец и политичар Мустафа Исмет Инени.

Банкноти[уреди]

Банкноти на Турција од 1 јануари 2009 година
Изглед Номинална
вредност
Димензии Боја Опис
Лице Позадина Лице Позадина
5 Türk Lirası front.jpg 5 Türk Lirası reverse.jpg 5 лири 64 × 130 mm кафеава Мустафа Кемал Ататурк Ајдин Саили, дијаграми на Сончевиот систем, атом, античка пештера и неправилна лева ДНК-низа.
10 Türk Lirası front.jpg 10 Türk Lirası reverse.jpg 10 лири 64 × 136 mm црвена Мустафа Кемал Ататурк Џахит Арф, Арфова константа, аритметичка серија, абакус, бинарна низа
20 Türk Lirası front.jpg 20 Türk Lirası reverse.jpg 20 лири 68 × 142 mm зелена Mustafa Kemal Atatürk Мимар Ахмет Кемаледин-беј, главната зграда на Универзитетот Гази, аквадукт, кружен мотив и коцка-глобус-цилиндар како симболи на архитектурата
50 Türk Lirası front.jpg 50 Türk Lirası reverse.jpg 50 лири 68 × 148 mm портокалова Мустафа Кемал Ататурк Фатма Али Топуз, цвеќе, книги и записи
100 Türk Lirası front.jpg 100 Türk Lirası reverse.jpg 100 лири 72 × 154 mm сина Мустафа Кемал Ататурк Бухуризаде Итри, забелешки, инструменти и фигура на Џалалудин Руми
200 Türk Lirası front.jpg 200 Türk Lirası reverse.jpg 200 лири 72 × 160 mm виолетова Мустафа Кемал Ататурк Јунус Емре, мавзолејот на Јунус Емре, роза, гулаб и натпис "Sevelim, sevilelim" (Дајте љубов, да бидеме сакани)

Монети[уреди]

Монети на Турција од 2009 година
Изглед Номинална
вредност
Технички карактеристики Изглед Датум на издавање
Лице Позадина Димензија Дебелина Маса Состав Лице Позадина Монета Издадена
1kr obverse.png 1kr reverse.png 1 куруш 16.5 мм 1.35 мм 2.2 г 70% бакар
30% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
5kr obverse.png 5kr reverse.png 5 куруши 17.5 мм 1.65 мм 2.9 г 65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
10kr obverse.png 10kr reverse.png 10 куруши 18.5 мм 1.65 мм 3.15 г 65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
25kr obverse.png 25kr reverse.png 25 куруши 20.5 мм 1.65 мм 4 г 65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
50kr obverse.png 50kr reverse.png 50 куруши 23.85 мм 1.9 мм 6.8 г Надворешен прстен:
65% бакар
18% никел
17% цинк
Внатрешен дел:
79 % бакар
4% никел
17% цинк
Вредност,
мост во Истанбул,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009
1TL obverse.png 1TL reverse.png 1 лира 26.15 мм 1.9 мм 8.2 г Надворешен прстен:
79% бакар
4% никел
17% цинк
Внатрешен дел:
65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк 2008 1 јануари 2009

Наводи[уреди]

  1. International Organization for Standardization. „BISO 4217 Currency names and code elements“. ISO. http://www.iso.org/iso/support/faqs/faqs_widely_used_standards/widely_used_standards_other/currency_codes/currency_codes_list-1.htm. 
  2. Official Gazette of the Republic of Turkey. „Law on the Currency of the Republic of Turkey“. http://rega.basbakanlik.gov.tr/eskiler/2004/01/20040131.htm#3.