Мурат III

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Osmanli-nisani.svg    Мурат III
Османлиски султан
Tughra of Murad III.JPG
Владеење 1574–95
Период Подем на Отоманската Империја
Полно име Мурат III
Роден 4 јули1546
Место Bozdağan or Manisa
Починал 15/16 јануари 1595
Место Отомански Константинопол
Претходник Селим II
Наследник Мехмет III
Семејство Отоманска династија
Династија Отоманска династија

Мурат III бил дванаесетиот султан на Отоманската империја, најстариот син на Селим II. Мурат владеел во периодот од 1574 до 1595 година. Неговиот авторитет бил поткопан во харемот благодарение на неговата мајка Нурбану Султан а подоцна и на неговата жена Сафије султан.

Своето владеење го започнал со наредба да се задават неговите пет браќа[1], кое било вообичаено во отоманското општество. Тој бил претерано алчен на бројни наложници, изродувајќи повеќе од сто деца. Секое назначување на функција во империјата имало своја сопствена тарифа, а султанот бил вмешан во корупција. Во 1578 година ја започнал војната со Иран. Според легендата, Мурат ги прашал своите блиски која војна од сите на својот дедо Сулејман I била најтешка. Дознавајќи дека таа војна била онаа против Персија, Мурат решил да тргне во поход. Во негово време, Османлиите го освоиле Тифлис, влегле во Дагестан, Ширван, Азербејџан, Табриз. Сепак, да се запре во зародиш процесот на пропаѓање на империјата тоа не било можно, затоа што султанот не се интересирал за управување на империјата, а најмногу ги претпочитал своите забави во харемите. Ова била една од причините жените во империјата односно од харемот да играат голема улога во управувањето на земјата, во преден план неговата мајка и сопруга.

Во негово време се продлабочила соработката помеѓу Елизабета I и Отоманската империја[2]. Двајцата владетели често разменувале писма околу можни заеднички воени операции во времето кога започнала војната со Шпанија во 1585 година[3]. Освен тоа, Англија и Отоманската империја сакале да го засилат притисокот против Римокатоличката црква. Подоцна кон овој сојуз се присоединила и Холандија. Во тоа време, Англија испратила амбасадор во Истанбул.

Мурат III бил побожен човек и својот живот го правел во согласност со начелата на шеријатот. Според некои историчари починал од прејадење во Топкапи Сарај во Константинопол[4][5].

Наводи[уреди]

  1. Marriott, John Arthur. The Eastern Question (Clarendon Press, 1917), 96.
  2. The Jamestown project by Karen Ordahl Kupperman
  3. Kupperman, p.41
  4. The Encyclopædia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; Constantinople, the capital of the Turkish Empire...
  5. Britannica, Istanbul:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.