Маракеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Модерниот дел од Маракеш.
Плоштадот Џема ел Фна на полноќ.

Маракеш (тамазигт: Murakush, арапски مراكش Murrākush), познат и како „црвениот град“, е град во југозападен Мароко, на падините на Атласките Планини. Градот имал 1.070.838 жители[1] според пописот од 2004.

Како и многу други северноафрикански градови, Маракеш има две главни области: стариот град (медина) и модерниот град.

Меѓународниот аеродром Менара го опслужува Маракеш и околните градови.

Демографија[уреди]

Официјалниот број на жители на Маракеш е 1.070.838 (според пописот од 2004),[1] Најголемиот дел од населението на Маракеш е од берберско потекло. Според некои извори, постои и голема меѓународна заедница која се состои главно од Европјани, проценета на околу 10.700 жители, најголемиот дел од кои се пензионирани. [се бара извор]


Историја[уреди]

Маракеш е основан во 1062 година, од страна на Јусуф ибн Ташфин. Овој град бил и главен град на Мароко за време на владеењето на Мулај Исмаил. По него, неговиот внук го пренел главниот град од Маракеш во Мекнес.

Име[уреди]

Маракеш / Муракуш е берберски збор кој значи „Земјата на Господ“. Маракеш е главен град на регионот Маракеш-Тенсифт-Ел Хауц. Овој град го има и најголемиот традиционален пазар во Мароко (соук), а тука се наоѓа и најзафатениот плоштад во цела Африка, наречен Џема ел Фна.


Надворешни врски[уреди]

Извори[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Recensement Général De La Population Et De L'Habitat De 2004“. „hcp.ma“. http://www.hcp.ma/pubData/Demographie/RGPH/Populationlegale(1).pdf. конс. 27 март 2009.