Јаничар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Јаничар (турски:Yeniçeri, во превод Нова војска) бил припадник на турската пешадиска единица во својство на телохранители на султанот. Оваа единица била снована во 1329 година од страна на султан Мурат I, времето кога Османлиското царство го започнувало своето проширување. Во почетокот, јаничарите се состоиле од немуслиманско население, од заробени млади христијани што биле насилно потурчувани.

Војници јаничари

‎‎

Во времето на Бајазит I започнало да се собира можеби најтешкиот данок, данок во крв. Овој данок се карактеризирал со периодичното собирање на машки деца од потчинените христијански градови и села, главно од Македонија, Бугарија и Србија. Децата биле на возраст од 5 до 10 години. Тие се испраќале во Анадолија, во муслимански семејства, каде доколку се покажат се испраќале во касарните во Цариград, Бурса или Едрене.

Вкупниот број на јаничарите варирал во зависност од потребите, од 100 000 до 200 000 војници. Самиот јаничарски корпус бил организиран по орти. Сулејман Величенствениот имал околу 140 орти, но покасно тој број се зголемил и преку 190 орти. Султанот бил главен заповедник на јаничарите, но самиот корпус бил организиран и воден од страна на ага.

Јаничарите одиграле голема улога во падот на Константинопол, борбите со Австрија и поразот на египетските Малмуци. Веднаш по овие успеси, јаничарите започнале со своите барања за покачување на своите примања. По 1451 година секој султан морал да плаќа дополнителна награда за успесите на јаничарите. Во 1566 година, во времето на султан Селим II, јаничарите добиле право да се женат.

Со текот на времето, Јаничарскиот корпус се засилил толку многу што станал опасен дури и за султанот, поради што Махмуд II ја укинал во 1826.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици