Акинџија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Акинџија

Акинџијата бил припадник на нередовните коњанички единици кои биле или Турци или имале друго потекло, а кои напаѓале непријателски територии за плен. Тие биле од суштинско значење за ширењето на Османлиите во периодот помеѓу 14 и 16 век. Во Југоисточна Европа постоеле 4 главни групи акинџии, со наследно право на водачи од лозите Михалоглу, Малкочоглу, Тураханоглу и Евреносоглу.

Во текот на нападите користеле лак и стрела и напаѓале во групи. Тие биле толку успешни што можеле да победат тешка коњаница бидејќи нивните коњи биле многу брзи. Освен лак и стрела користеле и меч.

Поврзано[уреди]