Лешка Лига

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лешка лига)
League of Lezhë
Lidhja e Lezhës
Конфедерација

 

 

1444 – 1450
 


Грб

Главен град Леска
Јазици албански
Вероисповед Римокатоличка црква,
Православна црква
Уредување Конфедерација
Монарх
 -  1444–1450 Скендербег
Законодавство Assembly of Noblemen
Историски период Среден век
 -  Основана 2 март 1444
 -  Замрела 25 април 1450
Денес во  Албанија
 Косово
 Македонија
 Србија
 Црна Гора

Лешка Лига (2 март 1444 - 25 април 1479) — конфедерација на албанските кнежевства од северна Албанија која била создадена на Генералното собрание на албанските аристократи во градот Леска (Алесио, Леж) на 2 март 1444 година.

Лигата била предводена од Ѓорѓија Кастриот, а по неговата смрт од Лека Дукаѓин. Ѓорѓија ја организирал средбата на албанските благородници од семејството Аријанити, Дукаѓини, Спата, Топи, Музаки и водачите на слободните албански кнежевства од високите северноалбански планини во градот Леска. На средбата било договорено да се организира заеднички отпор против османлиските освојувачи, а за водач на лигата бил избран Скендербег. Лигата била организирана како конфедерација бидејќи секое кнежевство го зачувал својот суверенитет.

Бројот на албанските војници достигнал преку 10.000 луѓе. Главна помош лигата ја добивала од Венеција, Унгарија и папата во Рим. На 14 мај 1449 година започнала Опсадата на Светиград која завршила со османлиска победа. Најголема победа на Скендербег се случила во Опсадата на Кроја во 1450 година. Во следниот период Скендербег ги зазел градовите Дебар и Охрид. Скендербег починал во 1468 година а на негово место бил поставен Лека Дукаѓин. Лешката лига се одржала до 1479 година кога била принудена да отстапи пред Османлиите.