Осман II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Osmanli-nisani.svg    Осман II
Отомански султан
Калиф
Tughra of Osman II.JPG
Владеење 1618–1622
Период Територијално проширување на Отоманската Империја
Полно име Осман II
Роден 3 ноември 1604
Починал 20 мај 1622
Претходник Мустафа I
Наследник Мустафа I
Семејство Отоманска династија
Династија Отоманска династија

Осман ІІ бил шестнаесетиот султан на Отоманската империја од 1618 до 1622 година. Бил задушен по заповед на Дауд паша. Осман II бил син на султанот Ахмед I кој застанал на престолот на возраст од 14 години, како резултат на падот на султанот Мустафа I. Добил добро образование за своето време. Осман бил многу енергичен владетел и носел свои сопствени одлуки.

Владеење[уреди]

Осман бил роден во Топкапи Сарај во Константинопол како син на Ахмет и неговата жена Махфирузе Хатиџе султан која имала грчко потекло[1]. кога бил мал, неговата мајка платила доволно за негово образование, па така тој се истакнувал како поет а знаел и многу јазици како арапски, персиски, грчки, латински и италијански.

Во време на неговото владеење дошло до прекин на мирот со Персија. Татрскиот хан Џанибек-Гирај тргнал со своја војска во рамнината Серава. Тука Карачи хан, заповедникот на Тербиз им нанел голем пораз на Осаманлиите. Великиот везир Халил тргнал со војска кон Ердебил. Дошло до мировни преговори и бил постигнат мир. Со мирот било договорено годишно да се даваат по сто товара свила. По овој мир бил сменет великиот везир.

Отоманско-полска војна[уреди]

Во меѓувреме во 1620 година избувнала војна со Полска. Повод за војната било писмото на Габор Бетхелн во која тој ги обвинувал Полјаците и Козаците, кое дошло до рацете на молдавскиот војвода Грацијан кој им го испратил на Полјаците. Бетхлен бил сменет а на негово место бил поставен Александар. Против Полјаците бил испратен Искендер Паша, намесникот на Очаков. Тој тргнал со војска кај реката Днестар. По седумнаесет дена Полјаците стигнале до Днестар, но во нивните редови дошло до раскол. Ова го искористиле Татарите и успеале да ги порзазат Полјаците. По наредба на султанот бил убиен неговиот брат Мехмед. Дошло и до смена на големиот везир. На негово место дошол Хусеин кој бил Албанец по потекло од Охрид. Сулатнот Осман со своја војска тргнал кон Едрене, а одтаму преку Балканот стиганал во Исакџија каде што изградил мост на Дунав. Го сменил тогашниот влашки војвода и на негово место го поставил Стефан Томоз.

Кон крајот на август 1621 година султанот стигнал кај Хотин, додека полскиот канцелар со 4000 полски и 8000 германски војници се улогорил кај Днестар. Дошло до битка во која османлиите извојувале победа убивајќи 1000 непријателски војници. И во наредните два напади Османлиите успеале да извојуваат победа. Меѓутоа во четвртиот напад доживеале пораз што било причина за смена на големиот везир. Наскоро бил постигнат мир. Поразот во голема мера го поткопал авторитетот на Осман II.

Обид за реформи[уреди]

Султанот Осман сфатил дека војната со Полска е изгубена како резултат на недостаток на концентрација и храброст на јаничарскиот корпус. По крајот на војната тој одлучил да направи реформа во воениот систем. Своите реформи ги започнал со Капикули корпусот. Кога разбрал дека бројот на војници бил помал до бројот на луѓе кои се регистрирани во палатата започнал отворена војна против јаничарите. Тој бил сфесен за големите злоупотреби во административниот систем но не бил толку искусен за да знае или претпостави од каде да започне со реформите. Тој сакал да создаде нова армија чии војници ќе бидат регрутирани од Анадолија, Египет и Сирија. Освен тоа тој имал намера да направи реформи и во палатата, харемот и научните организации планирајќи дури да воведе и нов судски систем.

Јаничарите дознале дека султанот тајно испратил повик до управителите на Алепо, Ерзурум и Египет за регистрација на нови војници. Султанот сакал да оди во Анадолија за лично регртутирање на војската. Во меѓувреме избило востание во Либан, а султанот тврдел дека во Анадолија ќе оди за да го задуши востанието. Везирот Дилавер Паша му кажал дека е непотребно да оди во Анадолија за задушување на еден толку мал бунт. Но младиот султан разбрал дека нема друга алтернатива па им кажал дека сака да оди на аџилак во Мека. Управителите на градовите каде Осман поминал биле информирани за ова, а 500 јаничари требало да го придружуваат самиот султан.

Убивањето на Осман II[уреди]

Еден ден по поставувањето на шатори во Ускудар, јаничарите се насобрале и знаејќи ја целта на султанот ја нападнале палатата и убиле некои државни службеници. Султанот се обидел да се помири со јаничарите но тие го отфрлиле неговиот авторитет успевајќи да го симнат од престолот и на негово место да го назначат неговиот брат Мустафа I по втор пат. Бунтовниците сепак не планирале да го убијат на султанот но главните водачи на бунтот знаеле дека Осман е силен султан и дека нема да им прости па го одвеле кај Eдикуле и таму го убиле. Неговиот погреб се одржал во Сината џамија каде денеска се наоѓа неговиот гроб.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Shaw, Stanford Jay. „History of the Ottoman Empire and Modern Turkey“. Cambridge University Press. стр. 191.