Дагестан
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Республика Дагестан Република Дагестан
|
|||||
|---|---|---|---|---|---|
| Држава: | Русија | ||||
| Федерален округ: | Јужен | ||||
| Површина: | 50.300 km² | ||||
| Население: | 2.576.531 (2002.) | ||||
| Главен град: | Махачкала | ||||
| Густина на население: | 51 жит./km² | ||||
Република Дагестан (Руски: Респу́блика Дагеста́н), е една од републиките во составот на Руската федерација. Таа е најголема руска република во северниот Кавказ, како по површина така и по население.
Зборот Дагестан или Дагстан доаѓа од туркискиот израз за земја планина. Дагестан има површина од 50.300 km². Има 2.576.531 жители. Дагестан представува многунационална средина.Службен јазик е рускиот, а се зборуваат преку 30 локални јазици.
Историја [уреди]
Најстарите записи зборуваат за држава на југот која се викала Кавкаска Албанија. Северните делови биле конфедерација на пагански племиња. Во првиот век после Хр. Кавкаска Албанија господарела со денешниот Азербејџан. Се бореле со Римјаните и Персијците и рано поминале во христијанство. Персиските Сасаниди во Х век [се бара извор] соградиле јака тврдина т.н. Касписка врата, а северниот дел на Дагестан го разрушиле Хуните, а после нив Аварите. Аварската држава постоела во Дагестан во сенката на Хазарија се до деветтиот век. Арапите ги победиле Персијците во 7. век, па тогаш и Хазарите, така што исламот станал главна религија во градските центри. Аварската држава потполно ја снемало во 12. век, а албанското христијанство исчечнува до 15. век. За време на турското владеење на овој дел од казказот, а особено во Кавкаска Албанија, голем дел од автохтоното население е насилно иселувано, кое заедно со Курдите се населувани на Балканот. Овие Кавкаски Албанци се населувани во денешна Албанија [се бара извор] и веднаш исламизирани.
Се воспоставиле муслимански држави зависни од Златната хорда и Монголите. Монголите повеќе пати извршиле разорни инвазии. Монголскиот авторитет со време станувал се послаб и послаб, а рускиот се зајакнувал. Петар Велики прв ги анектирал деловите на Дагестан. Со време Русија го запоседнала целиот Дагестан до почетокот на 19. век. Се појавиле бројни побуни на радикални муслиман во текот на првата половина од 19. век. Тоа биле побуните на Гази Мухамед (1828-1832.), Гамзар бег (1832.-1834.) и Шамил (1834.-1859.). Кавкаската војна траела до 1864, а тогаш Шамил е конечно фатен. Дагестан и Чеченија повторно и се побунија на Русија во текот на руско-турската војна 1877.-1878. Побуната повторно е скршена. Во текот на 1999. група муслимански фундаменталисти предводени од Шамил Басаев се побуни против Русија. Во тек на побуната имаше стотици мртви борци и цивили. Таа побуна ја наведе Русија да изврши инвазија на Чеченија истата година.
Народи и религија [уреди]
| Народ | Бр.во 2002 во илјади.
(*) |
|---|---|
| Авари | 758,4 (29,4 %) |
| Андијци | 21,3 |
| Дидојци | 15,2 |
| Ахвахци | 6,4 |
| Бежтинци | 6,2 |
| Каратинци | 6,0 |
| Даргинци | 425,5 (16,5 %) |
| Кумики | 365,8 (14,2 %) |
| Лезгини | 336,7 (13,1 %) |
| Лаки (народ) | 139,7 (5,4 %) |
| Руси | 120,9 (4,7 %) |
| Азербејџанци | 111,7 (4,3 %) |
| Табасарани | 110,2 (4,3 %) |
| Чеченци | 87,9 (3,4 %) |
| Ногајци | 38,2 (1,5 %) |
| Рутулци | 24,3 (0,9 %) |
| Агули | 23,3 (0,9 %) |
| Цахури | 8,2 |
| Ерменци | 5,7 |
| Татари | 4,7 |
| Украинци | 2,9 |
| Евреи | 1,5 |
| Горски Евреи | 1,1 |
| не се прикажани народи кои ги има помалку од 1000 |
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Дагестан“ |

