16 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
16 јануари е 16-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 349 денови до крајот на годината (350 во престапна).
Настани:
| 27 п.н.е. | Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Гај Јулиј Цезар. Подоцна, сите римски императори си ја придодавале оваа титула. |
| 1492 | Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик, ѝ е претставена на кралицата Изабела I од Кастилја. |
| 1547 | Кнезот Иван IV Василјевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. |
| 1605 | Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес. |
| 1778 | Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција. |
| 1920 | Во САД е воведена прохибиција на производството, на точењето и уживањето на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја. |
| 1945 | Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна. |
| 1979 | Реза Пахлави, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република под водство на верскиот лидер Хомеини. |
| 1996 | Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски. |
Родени:
| 1853 | Андре Мишелин, француски индустријалец. |
| 1948 | Џон Карпентер, американски режисер и сценарист. |
| 1974 | Кејт Мос, британски модел. |
Починале:
| 1957 | Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња. |
| 1962 | Иван Мештровиќ, вајар, еден од најголемите светски уметници. |
| 1991 | Густав Влахов, првоборец, носител на „Партизанска споменица 1941“ и општествено-политички работник. |
| 1997 | Олга Милосавлева, македонска балерина, кореограф и педагог. |
| 2012 | Густав Леонхарт, холандски клавијатурист и диригент, истакнат деец во областа на автентичната музичка изведба |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |