15 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
15 јануари е 15-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 350 денови до крајот на годината (351 во престапна).
Настани:
| 1945 | Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија. |
| 1945 | Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија. |
| 1992 | Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. |
| 1992 | Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија. |
Родени:
| 1622 | Жан Батист Поклен Молиер, француски писател и артист. |
| 1850 | Михај Еминеску, романски поет. |
| 1875 | Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, основоположник на првиот македонски театар. |
| 1893 | Драгиша Цветковиќ, југословенски политичар. |
| 1906 | Аристотел Оназис, грчки бизнисмен. |
| 1918 | Гамал Абдел Насер, претседател на Египет. |
| 1926 | Љутви Сејфула, македонски актер. |
| 1927 | Георги Арсовски, македонски поет. |
| 1929 | Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права и за мир. |
| 1946 | Јован Дамјановски, македонски романсиер и драмски автор. |
| 1957 | Јордан Даниловски, македонски поет, критичар, есеист, романсиер. |
| 1967 | Азиз Кељменди, војник во ЈНА, познат во Масакрот во Параќин. |
| 1968 | Борис Тадиќ, претседател на Србија. |
| 1982 | Емина Јаховиќ, српска пејачка. |
Починале:
| 69 | Галба, римски император. |
| 1595 | Мурат III, отомански султан. |
| 1919 | Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко двиење. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |