29 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
29 јануари е 29-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 336 денови до крајот на годината (337 во престапна).
Настани:
| 1573 | Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“. |
| 1963 | Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница. |
| 1973 | Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент. |
Родени:
| 1843 | Вилијам Мекинли Џуниор, претседател на САД. |
| 1860 | Антон Павлович Чехов, руски раскажувач и драмски писател. |
| 1866 | Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. |
| 1924 | Лујџи Ноно, италијански композитор. |
| 1981 | Јордан Георгиевски, македонски фудбалер. |
Починале:
| 1992 | Иван Дојчинов, борец во шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на „Партизанска споменица 1941“. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |