5 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
5 јануари е 5-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 360 денови до крајот на годината (361 во престапна).
Настани:
| 1895 | Вилхелм Рентген, германски физичар, ги пронајде „Х“ зраците, подоцна по него наречени „Рентгенски зраци“. |
| 1968 | Александар Дупчек стана прв секретар на КП на Чехословачка и со него започна процесот на внатрешна либерализација, дефиниран како „Прашка пролет“. |
| 1981 | Започна електрификацијата на железничката пруга Скопје-Гевгелија, што заврши на 24 ноември 1986 година. |
| 1995 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Узбекистан и со Република Молдавија. |
Родени:
| 1875 | Владислав Ковачев, штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. |
Починале:
| 911 | Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. |
| 1990 | Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во „Нова Македонија“. |