2 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
2 јануари е 2-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 363 денови до крајот на годината (364 во престапна).
Настани:
| 1905 | Над селото Кнежево, кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7-ми јануари истата година. |
| 1946 | Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“. |
Родени:
| 1642 | Мехмед IV, отомански султан. |
| 1699 | Осман III, отомански султан. |
| 1920 | Исак Асимов, американски писател на научна фантастика од руско потекло. |
| 1936 | Роџер Милер, американски композитор и пејач (†1992) |
| 1968 | Олег Дерипаска, руски бизнисмен. |
| 1969 | Кристи Тарлингтон, американски модел и манекенка |
| 1982 | Макси Родригез, аргентински фудбалер. |
Починале:
| 1952 | Христо Татарчев, македонски револуционер. |
| 1987 | Методи Поповски, македонски командант од НОАВМ. |
Празници:
| * | Според Римокатоличкиот календар:
|
| * | Според македонскиот Православен календар: |