ФК Селтик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Селтик
Целосно имеФудбалски Клуб Селтик
ПрекарThe Bhoys, The Hoops
Основан1888
СтадионСелтик Парк
Глазгов, Шкотска
Капацитет60,832
ПретседателИјан Банкер
МенаџерНил Ленон
ЛигаШкотска Премиер лига
2022–231. место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

ФК Селтик (англиски: Celtic F.C.) е професионален Шкотски фудбалски клуб со седиште во Глазгов кој игра во Шкотската Премиер Лига. Клубот е основан во 1887 година а првиот свој натпревар го одиграл во 1888. Шкотската Премиер Лига Селтик ја има освоено 48 пати, Шкотскиот Куп 37 пати, а Шкотскиот Лига Куп 16 пати. Натпреварите на домашен терен ги игра на својот стадион Селтик Парк чиј капацитет е 60,832 што го прави најголем стадион во Шкотска.

Со Освојувањето на Лигата на Шампионите во 1967, Селтик станал првиот британски тим[1][2], и единствениот шкотски тим што ја освоил Лигата на Шампионите. Истата година Селтик ги освоил и Шкотската Премиер Лига, Шкотскиот Куп, Шкотскиот лига куп и Купот на градот Глазгов. Во 1970 година Селтик повторно играл во финалето од Лигата на Шампионите но загубил на продолженија 2:1 од холандскиот претставник Фејенорд. Во 2003 Селтик играл во финалето на Уефа купот, каде загубил 3:2 од Порто.[3][4][5]

Најголем соперник на Селтик е неговиот градски сосед Глазгов Ренџерс

Историја[уреди | уреди извор]

Основачот на клубот

Фудбалскиот Клуб Селтик бил формално формиран во салата на црквата Св. Мери на 6 ноември 1887 година. Клубот бил основан со цел да се намали сиромаштијата во источниот дел на Глазгов со собирање и донирање пари за сиромашните деца. Името Селтик, ги означува ирските и шкотските корени на клубот и било усвоено уште на првиот состанок. За официјален прекар на тимот се смета The Bhoys што според прес службата на Селтик доаѓа од зборовите "the bold boys" што во превод значи "храбрите момци".

Првиот официјален натпревар клубот од Глазгов го одиграл на 28 мај 1888 година против својот најголем градски соперник Глазгов Ренџерс. Тој натпревар бил опишан како пријателски напревар и Селтик победиле 5:2.[6] Нил МекКалум е играчот што го постигнал првиот гол за Селтик. Составот што играл за Селтик бил главно составен од играчи што играле за Хиберниан.

Првата опрема на Селтик се состоела од бела маица со зелени линии, црни шорцеви и темнозелени чорапи.

Во 1889 година Селтик успеал да стигне до финалето на Шкотскиот куп, што било нивно прво учевство но загубил 2:1 во финалето. во 1892 година клубот повторно играл во финалето на Шкотскиот куп, но овојпат го освоил со победата од 5:2 над Квинс Парк. Неколку месеци подоцна клубот се преместил на стадионот Селтик Парк и веќе следната сезона ја освоил Шкотската Премиер лига за првпат во својата историја. Во 1895 Селтик го поставил рекордот за најголема победа победувајќи го Данди со 11:0.[7]

Во 1897 година клубот станал акционерско друштво, а за менаџер на тимот бил поставен Вили Мејли. Помеѓу 1905 и 1910 година Селтик успеал да ја освои Шкотската Премиер лига 6 пати по ред, а при тоа во 1907 и во 1908 го освоил и Шкотскиот куп и станал првиот шкотски клуб кој успеал да ги освои двете натпреварувања во една сезона. За време на првата светска војна Селтик ја освоил Шкотската Премиер лига 4 пати по ред.

Во 1945 тимот го преземал поранешниот играч и капитен Џими МекГрори. Под водство на МекГрори Селтик ги победил Арсенал, Хиберниан и Манчестер Јунајтед на свечениот турнир кој бил одржан во Maj 1953 година по повод крунисувањето на кралицата Елизабета II.

Во 1965 година на чело на менаџерската фукција дошол поранешниот капитен на тимот Џок Стеин. Со Џок Стеин Селтик ја освоил Шкотската Премиер лига 9 пати по ред од 1966 до 1974 година што претставувало светски рекорд кој не бил надминат сè до 1997 година.

Најуспешна година за Селтик се смета 1967 кога Селтик освојува се што може да се освои. Триумфирал во Лигата на Шампионите и во Шкотската Премиер лига а ги освоил и Шкотскиот куп и Шкотскиот Лига куп како и Глазгов купот. Во 1970 година Селтик повторно играл во финалето од Лигата на Шампионите но загубил од холандскиот клуб ФК Фејнорд.

Поранешниот капитен на клубот, Нил Ленон

И покрај големите успеси што ги бележел Селтик, во осумдесеттите години на минатиот век Селтик западнал во финансиска криза. Клубот бил пред распаѓање, но тогаш шкотскиот стопанственик и иселеник Фергус МекКен ја преземал контролата на клубот и го спасил клубот од стечај. Според шкотските медиуми МекКен го преземал клубот само неколку минути пред да биде прогласен банкрот. По преземањето МекКен го претворил Селтик во јавно трговско друштво и го зголемил капацитетот на Селтик Парк во 60,832 седишта.

Во јуни 2000 година на менаџерската функција на Селтик доаѓа северноирскиот стратег Мартин Онил.[8] Под негово водство Селтик успеал да ја освои Шкотската Премиер лига 3 пати. Во јуни 2003 околу 80.000 навивачи на Селтик допатувале до шпанскиот град Севиља да го проследат финалето на Уефа купот помеѓу Селтик и португалскиот Порто каде што Селтик загубил 3:2 по продолженијата.[9] Однесувањето на навивачите на Селтик било крајно фер и коректно и ниеден навивач не бил приведен па затоа навивачите на Селтик биле наградени со престижното признание за Фер Плеј од страна на ФИФА и УЕФА.

Во јуни 2005 на менаџерската позиција на местото на Мартил Онил бил доведен шкотскиот стратег Гордон Страхан, кој успеал да ја освои Шкотската Премиер лига уште во првата година од своето менаџирање. Страхан успеал да ја освои Шкотската Премиер лига 3 пати по ред и станал третиот менаџер во историјата на Селтик на кој му успеало тоа. Тој исто така успеа да го однесе Селтик во нокаут фазата од Лигата на Шампионите во сезоните 2006/07 и 2007/08. Откако не успеал да ја освои Шкотската Премиер лига во сезоната 2008/09 Страхан бил сменет и на негово место дошол Тони Маубреј, а во 2010 на негово место бил назначен сегашниот менаџер Нил Ленон.[10]

Грб и клупски бои[уреди | уреди извор]

Во првата сезона ( 1888 ) опремата на Селтик се состоела од бела маица со зелени линии, црни шорцеви и темнозелени чорапи. Следната сезона опремата се состоела од зелена маица со бели вертикални линии и оваа опрема останала сè до 1903 година. Од 1903 година па сè до денес опремата се состои од маица со бели и зелени линии поставени хоризонтално, бели шорцеви и бели чорапи.[11]

Дизајнот на дресот низ историјата
1888
1889–1903
1903–1932
1932–1965
1965 до денес

Стадион[уреди | уреди извор]

Селтик Парк

Стадионот на Селтик се вика Селтик Парк и се наоѓа во Источниот дел на Глазгов. Капацитетот на стадионот изнесува 60,832 седишта и претставува најголем стадион во Шкотска a шести најголем во Обединето Кралство.

Првиот стадион на Селтик се наоѓал во областа Паркхед во Глазгов во 1888 година. Во 1892 година клубот се преместил на друга локација поради зголемување на киријата. На новата локација бил изграден голем заоблен стадион со големи тераси. Рекордната посетеност на стадионот била поставена на 1 јануари 1938 кога се одржало големото дерби на Глазгов помеѓу Селтик и Глазгов Ренџерс и изнесувала 83,500 гледачи. Откако на претседатеското место на Селтик седнал Фергус МекКен, тој направил план да ги демолира терасите од стадионот и стадионот да добие нов лик. Реконструкцијата на стадионот завршила во август 1998.

Освен за натпреварите на Селтик, Селтик Парк се користи и за интернационални натпревари како и за куп натпревари. Исто така стадионот се користи и за концерти, вклучувајќи ги концертите на U2 и на The Who.[12]

Навивачи[уреди | уреди извор]

Навивачите на клубот, ја слават титулата во Европскиот куп 1966–67

Според истражувањата во 2003 проценето е дека Селтик има околу 9 милиони навивачи ширум светот, вклучувајќе 1 милион во САД и Канада. Постојат околу 160 навивачки клубови на Селтик во повеќе од 20 држави ширум светот. Во 2009 маркетинг агенцијата Sports Revolution проценила дека во Јапонија постојат 7 милиони навивачи на Селтик, главно поради играчот на Селтик, Шунсуке Накамура.

Во 2003 година, се проценува дека 80.000 навивачи на Селтик, повеќето од нив без билет за натпреварот, отпатуваа во Севиља во Шпанија за финалето на Уефа купот, а навивачите за нивното фер навивање и однесување биле наградени од страна на ФИФА и УЕФА.

Во сезоната 2010/11, Селтик имаа највисок просек на посетеност по натпревар во Шкотската Премиер лига од било кој друг шкотски клуб.[13] Тие исто така имаа 12-ти највисок просек на посетеност од сите фудбалски клубови во Европа.

Медиуми[уреди | уреди извор]

Во 1965 година Селтик започнал со издавање на The Celtic View, најстарото списание во фудбалот.[14]

Во 2004 година Селтик го промовирал својот дигитален канал Celtic TV, кој бил достапен во Обединетото Кралство преку дистрибутерот Setanta Sports на сателит. Поради пропаѓање на дистрибутерот Setanta Sports, каналот Celtic TV престанал да врши емитување.[15]

Од 2002 година интернет каналот на Селтик, Channel67 емитувал програма на Селтик, како и програма во живо за претплатниците надвор од Обединетото Кралство.

Во 2011 година Celtic TV бил повторно лансиран како онлајн сервис, и го заменил каналот Channel67.[16][17]

Сопственост и финансии[уреди | уреди извор]

Од своето основање во 1888 година, Селтик бил приватна фирма во сопственост на неколку семејства.

На 4 март 1994 година бинисменот и иселеник Фергус МекКен го купил Селтик за 9 милиони фунти спасувајќи го од стечај. Тој го претворил клубот во јавно трговско друштво и изградил нов стадион кој во тоа време беше најголем британски стадион. Ова овозможило Селтик да напредува како клуб бидејќи секоја сезона тимот заработувал околу 20 милиони фунти од продажба на билети.

МекКен уште од самиот почеток изјавил дека ќе биде во Селтик само 5 години и во септември 1999 тој официјално објавил дека 50,3 проценти од акциите на клубот се на продажба. МекКен отсекогаш сакал сопственоста на Селтик да се шири што е можно пошироко па предност давал на постојните акционери. Тој го преземал тој чекор со цел да запре нов концорзиум да го преземе клубот.

На 15 август 2011 биле објавени финансиските резултати на Селтик, кои покажувале дека долгот на клубот бил намален од 5 милиони фунти на 500,000 фунти.

Состав[уреди | уреди извор]

Прв тим[уреди | уреди извор]

Од 24 јули 2017 година[18]

Бр. Позиција Играч
1 Шкотска ГМ Крег Гордон
5 Хрватска ОД Јозо Шимуновиќ
6 Израел СР Нир Битон
7 Турција НП Надир Чифтчи
8 Шкотска СР Скот Браун (капитен)
9 Шкотска НП Ли Грифитс
10 Франција НП Муса Дембеле
11 Англија СР Скот Синклер
12 Костарика ОД Кристиан Гамбоа
14 Шкотска СР Стјуарт Armstrong
15 Ирска СР Џони Хејс
18 Австралија СР Том Рогич
Бр. Позиција Играч
20 Белгија ОД Дедрик Бојата
21 Франција СР Оливије Нтшам
23 Шведска ОД Микаел Лустиг
24 Холандија ГМ Дорус де Вријс
26 Зимбабве СР Кундаи Бенју
28 Данска ОД Ерик Свиатченко
35 Норвешка ОД Кристофер Ајер
42 Шкотска СР Калум Мекгрегор
49 Шкотска СР Џејмс Форест
53 Шкотска СР Лијам Хендерсон
63 Шкотска ОД Киран Тирни
88 Брег на Слоновата Коска СР Ебуе Куаси

Успеси[уреди | уреди извор]

Национални успеси[уреди | уреди извор]

Титулите на Селтик Парк

1893, 1894, 1896, 1898, 1905, 1906, 1907, 1908, 1909, 1910, 1914, 1915, 1916, 1917, 1919, 1922, 1926, 1936, 1938, 1954, 1966, 1967, 1968, 1969, 1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1977, 1979, 1981, 1982, 1986, 1988, 1998, 2001, 2002, 2004, 2006, 2007, 2008, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2022, 2023

1892, 1899, 1900, 1904, 1907, 1908, 1911, 1912, 1914, 1923, 1925, 1927, 1931, 1933, 1937, 1951, 1954, 1965, 1967, 1969, 1971, 1972, 1974, 1975, 1977, 1980, 1985, 1988, 1989, 1995, 2001, 2004, 2005, 2007, 2011, 2013, 2017, 2018, 2019

1957, 1958, 1966, 1967, 1968, 1969, 1970, 1975, 1983, 1998, 2000, 2001, 2006, 2009, 2015, 2017

Меѓународни успеси[уреди | уреди извор]

1966-67

1969-70

2002-03

1967

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A Sporting Nation – Celtic win European Cup 1967 BBC Scotland
  2. Celtic immersed in history before UEFA Cup final Архивирано на 11 јануари 2012 г. Sports Illustrated, 20 May 2003
  3. Celebrating Celtic pride in the heart of Andalusia Архивирано на 23 октомври 2013 г. FIFA.com, 15 December 2003
  4. Celtic fans 'Europe's best' BBC Sport, 28 August 2003
  5. Finalists relishing Hampden visit BBC Sport, 4 May 2007
  6. „Brief History“. Celtic FC. Посетено на 19 November 2011.
  7. „Scottish Premier League : Records“. statto.com. Statto Organisation Limited. Архивирано од изворникот на 2011-11-15. Посетено на 19 November 2011.
  8. O'Neill confirmed as Celtic manager guardian.co.uk, 1 June 2000
  9. Porto end Celtic's Uefa dream BBC Sport, 21 May 2003
  10. Lennon the way forward for Celtic UEFA.com, 9 June 2010
  11. Celtic Historical Football Kits
  12. Fulton, Rick (12 September 1997). „Caught Live“. Daily Record. Trinity Mirror. Посетено на 12 November 2011.
  13. „2010/11 Average Attandance“. SPL Stats. Архивирано од изворникот на 2011-06-12. Посетено на 6 December 2011.
  14. Celtic View Celtic FC
  15. „Celtic TV shut down confirmed“. Digital Spy. Hachette Filipacchi UK. 24 June 2009. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2012-07-25.
  16. „Channel 67 has become Celtic TV“. Channel 67. Celtic FC. Архивирано од изворникот на 2009-08-07. Посетено на 2012-07-25.
  17. „Shop :: Celtic TV“. celticfc.net. Celtic FC.
  18. „First team“. Celtic FC. Посетено на 28 February 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официјални