11 јануари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

11 јануари е 11-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 354 денови до крајот на годината (355 во престапна).

Настани:

1693  Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.
1897  САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.
1945  Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.
1994  Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
1995  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.

Родени:

347  Теодосиј I, римски император.
1814  Танкреди Пазеро, еден од најголемите италијански оперски бас пејачи.
1842  Вилијам Џејмс, американски психолог.
1920  Славко Јаневски, македонски писател.
1923  Јово Камберски, македонски раскажувач и романсиер.
1961  Жан Митрев, македонски кардиохирург.
1968  Саша Ќириќ, македонски фудбалер.
1985  Хозе Семедо, португалски фудбалер.

Починале:

705  Папа Јован VI, римски папа.
1801  Доменико Чимароза, Италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа.
1928  Томас Харди, англиски писател.
1923  Константин I, грчки крал.
1941  Емануел Ласкер, германски шахист.
1990  Асен Тодоров, еден од доајените на македонското новинарство.
2008  Едмунд Хилари, првиот освојувач на Монт Еверест.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември