Џејми Варди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џејми Варди
Лични податоци
Полно име Џејми Ричард Варди[1]
Роден на 11 јануари 1987(1987-01-11)(37 г.)[1]
Роден во Шефилд, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001780000001,78 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Лестер Сити Лестер Сити
Број 9
Младинска кариера
Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј
Стоксбриџ ПС Стоксбриџ ПС
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2010 Стоксбриџ ПС Стоксбриџ ПС 107 (66)
2010-2011 Халифакс Таун Халифакс Таун 41 (29)
2011-2012 Флитвуд Таун Флитвуд Таун 36 (31)
2012- Лестер Сити Лестер Сити 189 (71)
Репрезентација
2015- Англија Англија 19 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Џејми Ричард Варди (роден на 11 јануари 1987 во Шефилд) — англиски фудбалер, напаѓач на Лестер Сити и на англиската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Стоксбриџ Парк Стилс[уреди | уреди извор]

Роден во Шефилд, Јужен Јоркшир, Варди ја започнал својата кариера во младинскиот систем на Стоксбриџ Парк Стилс на 16 години, откако бил ослободен од Шефилд Венздеј како неталентиран.[3] Тој го поминува својот пат до првиот тим низ резервистите и го направил своето деби за приот тим под водство на менаџерот Гери Мароу во 2007 година.[4] По импресивните партии голем број на клубови од професионалните дивизии на фудбалската лига станале заинтересирани и во 2009, тој поминал една недела на проби во екипата на Кру Александра. Меѓутоа, тој трансфер пропаднал, а подоцна самиот Варди одбил краткорочен договор со екипата на Ротерам Јунајтед.[5]

Варди во Флитвуд Таун.

Халифакс Таун[уреди | уреди извор]

Во јуни 2010, менаџерот Нил Аспин, кој подолго време бил обожавател на талентот на Варди го доведува во играчот во својот клуб, Халифакс Таун за сума од само 15.000 фунти.[6][7] Тој го направил своето деби на 21 август во натпревар против Бакстон, каде тој го постигнал и победничкиот гол во натпреварот што завршил со резултат 2-1 за неговиот нов клуб.[8] Варди имал успешна прва сезона во Халифакс завршувајќи како клупски најдобар стрелец со 27 гола и бил изгласан за играч на сезоната на клубот. Кон крајот на сезоната дошол блиску до реализирањето на трет едноподруго хет-трик, но не успеал да постигне трет погодок во победата со 3-1 над Нантвич Таун.[9] Неговите голови помогнале да се освои титулата во Премиер дивизијата на Севрната Премиер лига.[10]

Флитвуд Таун[уреди | уреди извор]

По нешто повеќе од една година со Халифакс, тој исто така имал постигнато и 3 гола во првите 4 натпревари за сезоната 2011-2012, кога Варди потпишал за екипата од Премиер Конференцијата, Флитвуд Таун за необјавена сума. Тој постигна цели 31 гол во 36 одиграни натпревари и му помогнал на клубот да ја освои титулата во лигата и да обезбеди промоција во професионалната дивизија Лига Два на фудбалската лига. Варди завршил како топ-реализатор во Конференција Премиер со два гола повеќе од напаѓачот на Мансфилд, Матју Грин кој имал 29. Тој исто така постигнал и два хетрика во текот на сезоната.

Лестер Сити[уреди | уреди извор]

На 17 мај 2012, англиските медиуми пренеле дека Варди би можел да направи трансфер во Лестер Сити пред стартот на сезоната 2012-2013, за наводна сума од 1 милион фунти, што би било рекорд за играч кој претходно не играл во професионалната фудбалска лига. Подоцна тој ден било откриено дека договорот би можел да достигне вредност и до 1.700.000 фунти со вообичаените бонуси. Веќе следниот ден Варди потпишал три-годишен договор со Лестер во трајност до јуни 2015. На 14 август 2012, тој го направил своето деби за Лестер против Торки Јунајтед во Лига купот. Тој бил и стрелец на тој натпревар што завршил со победа на лисиците со 4-0. Варди го постигнал својот прв лигашки гол во поразот на гости од Блекбурн Роверс со 2-1 на 25 август.

Во текот на сезоната 2013-2014 Лестер Сити изборил промоција во Премиер лигата завршувајќи како шампион во Чемпионшип, а Варди бил еден од најзаслужните играчи за успехот на лисиците придонесувајќи обилно со 16 постигнати гола во 37 натпревари.

Своето деби во Премиер лигата Варди го направил на 31 август 2014 во ремито 1-1 на домашен терен со Арсенал, појавувајќи се како замена во второто полувреме. Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал на 21 септември 2014, во неверојатната победа на Лестер над Манчестер Јунајтед на домашен терен со 5-3, враќајќи се од 1-3 негатива во второто полувреме; Варди исто така бил прогласен за играч на натпреварот. Својата прва сезона во Премиер лигата ја завршил со 34 настапи и 5 гола, како 4 од неговите голови дошле во вториот завршен дел од сезоната помагајќи му на својот тим да се извлече од зоната за испаѓање и да заврши на сигурното 14 место.

Следната сезона Варди влегол во страшна форма постигнувајќи 10 гола во првите 10 натпревари на Лестер во Премиер лигата. На 28 ноември го скршил рекордот на Руд ван Нистелрој, постигнувајќи гол на 11 натпревари едноподруго во Премиер лигата.[11] На 2 мај 2016, со Лестер ја освоил Премиер лигата на две кола пред крајот, благодарение на ремито 2-2 на најголемиот конкурент Тотенхем против Челси.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 21 мај 2015, Варди бил повикан во англиската репрезентација за првпат во пресрет на пријателскиот натпревар против Република Ирска и квалификацискиот натпревар за Евро 2016 против Словенија. Тој го направил своето деби на 7 јуни во ремито без голови против Република Ирска на Стадионот Авива во Даблин, влегувајќи од клупата за резерви на местото на капитенот Вејн Руни за последните 15 минути од натпреварот.

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Халифакс Таун[уреди | уреди извор]

Англија Флитвуд Таун[уреди | уреди извор]

Англија Лестер Сити[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Jamie Vardy“. Barry Hugman's Footballers. Посетено на 24 March 2016.
  2. „Player Profile“. FC Halifax Town. Архивирано од изворникот на 2011-06-18. Посетено на 7 July 2011.
  3. „Jamie Vardy on Huddersfield's radar?“. Vital Huddersfield. 18 May 2012. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 7 July 2011.
  4. „Departure of Vardy“. Look Local. 4 June 2010. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 7 July 2011.
  5. „Halifax beat League clubs to land Vardy“. The Star. Sheffield. 31 May 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-06. Посетено на 7 July 2010.
  6. „Halifax Town: Aspin's excited about Vardy“. Halifax Courier. 1 June 2010. Архивирано од изворникот на 2011-03-12. Посетено на 7 July 2010.
  7. „Jamie Vardy's first club Stocksbridge Park Steels to name main stand after Leicester's record-breaking goal-scorer“. Daily Mail. 29 November 2015. Посетено на 1 December 2015.
  8. „Match Update“. FC Halifax Town. 21 August 2010. Архивирано од изворникот на 2010-08-24. Посетено на 7 July 2011.
  9. „Match Report“. FC Halifax Town. 29 March 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-02. Посетено на 7 July 2011.
  10. „A Season in Stats“. Northern Premier League. Архивирано од изворникот на 2011-05-19. Посетено на 24 August 2011.
  11. Варди нов рекордер во Премиерлигата Архивирано на 7 ноември 2016 г. sport365.mk 28 ноември 2015

Надворешни врски[уреди | уреди извор]