22 јануари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

22 јануари е 22-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 343 денови до крајот на годината (344 во престапна).

Настани:

1506  Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулие II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.
1727  Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство.
1964  Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија).
1978  Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
1990  Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ .
2001  Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.

Родени:

1561  Френсис Бејкон — англиски филозоф, научник, есеист и државник, еден од основачите на современиот материјализам.
1788  Џорџ Гордон Бајрон — англиски поет од романтизмот.
1909  У Тант — бурмански дипломат и почесен граѓанин на Скопје.
1977  Хидетоши Наката — јапонски фудбалер.
1987  Дмитриj Комбаров — руски фудбалер.
1987  Кирил Комбаров — руски фудбалер.
1988  Марсел Шмелцер — германски фудбалер.

Починале:

1997  Ордан Петлески — македонски академски сликар.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември