20 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
20 јануари е 20-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак водолија. Остануваат 345 денови до крајот на годината (346 во престапна).
Настани:
| 1265 | Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата. |
| 1327 | Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III. |
| 1649 | Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна. |
| 1667 | По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар. |
| 1921 | Прогласен е првиот устав на Турција. |
| 1936 | Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство. |
| 1936 | Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја. |
| 1936 | Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри. |
| 1941 | Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по трет пат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД. |
| 1945 | Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче. |
| 1961 | Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43-та година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја. |
| 1970 | По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори. |
| 1981 | Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја. |
| 1981 | По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници. |
| 1992 | Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот. |
| 1996 | На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран лидер на палестинскиот народ. |
| 2001 | Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција. |
| 2011 | На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ - првиот функционален метеоролошки сателит на Русија. |
Родени:
| 225 | Гордијан III, римски император. |
| 1716 | Карлос III, шпански крал. |
| 1775 | Андре Мари Ампер, француски физичар и математичар. |
| 1888 | Назим Хикмет, турски писател. |
| 1920 | Федерико Фелини, италијански режисер. |
| 1945 | Владимир Борозанов, македонски кардиолог. |
| 1945 | Сабит Кранли, македонски правник. |
| 1946 | Дејвид Линч, американски режисер. |
| 1949 | Јеран Персон, шведски премиер. |
Починале:
| 250 | Папа Фабијан, римски папа. |
| 287 | Свети Севастијан, христијански маченик. |
| 842 | Теофил, византиски император. |
| 1513 | Елена Ивановна, полска кралица. |
| 1612 | Рудолф II, германски император. |
| 1666 | Ана, француска кралица. |
| 1693 | Мустафа I, отомански султан. |
| 1819 | Карлос IV, шпански крал. |
| 1878 | Јани Попов, бугарски револуционер. |
| 1904 | Фердинанд Манлихер, автриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката. |
| 1984 | Џони Вајсмилер, aмерикански пливач и актер. |
| 1993 | Одри Хепберн, англиска актерка со белгиско потекло, добитничка на оскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка. |
| 2000 | Славко Јаневски, македонски писател. |
| 2003 | Паскал Сотировски, македонски научник. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |