Едвард VIII

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Едвард Осми
Edward VIII
Крал на Обединетото Кралство и на Британските доминиони, Император на Индија (повеќе...)
Едвард како Принц од Велс во Отава, 1919
Едвард како Принц од Велс во Отава, 1919
Владеел(а) 20 јануари 1936 – 11 декември 1936
Претходник Џорџ V
Наследник Џорџ VI
Сопруга Волис Симпсон (по абдицирањето)
Полно име
Едвард Алберт Кристијан Џорџ Ендрју Патрик Дејвид
Титули
НКВ Војвода од Виндзор
НВ Крал
НКВ Принц од Велс
НКВ Војвода од Корнвол
НКВ Принц Едвард од Велс
НКВ Принц Едвард од Корнвол и Јорк
Династија Виндзор
Кралска химна Боже чувај го Кралот
Татко Џорџ V
Мајка Мери од Тек
Роден(а) 23. јуни 1894.
Вајт Лоџ, Суреј, Англија
Крштевање 16 јули 1894
Вајт Лоџ, Суреј, Англија
Умрел(а) 28. мај 1972. на 77 години.
Париз

Едвард VIII бил крал на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Британските доминиони и Император на Индија од 20. јануари 1936., кога на тронот го наследил татка си Џорџ V, до абдикацијата во декември истата година, 325 дена подоцна.

Бил познат по својот бурен живот и љубовните авантури, особено со повозрасни и мажени жени, поради што ги загрижувал и татко му и политичкиот естаблишмент во Британија и во доминионите.[1][2]

Стапил во љубовна врска со познатата американка Волис Симпсон, јавна личност и космополитка, која поради своето бурно минато и два пропаднати брака била сметана за скандалозен избор на кралот. Поради тоа Едвард, сега веќе крал, бил под силен притисок на семејството и на политичкиот естаблишмент да не ја реализира намерата да се ожени со неа, и покрај тоа што немало формална пречка за тоа.[3][4][5]

Поради ова, Едвард решил да абдицира, и тоа го сторил на 10. декември 1936. година. Следниот ден ѝ се обратил на јавноста со изјава, во која рекол и дека го сторил тоа „за да се ожени со жената што ја сака“. Го наследил брат му, принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI.

По абдикацијата, Едвард ја добил титулата Војводата од Виндзор, а по Втората светска војна живеел приватен живот и останал во брак со Волис Симпсон до смртта во 1972.


Наводи[уреди]

  1. Ziegler, p. 233.
  2. Middlemas, Keith; Barnes, John (1969). „Baldwin: A Biography“. London: Weidenfeld and Nicolson. стр. p. 976. ISBN 0-297-17859-8. 
  3. Broad, p. 71.
  4. Broad, p. 75.
  5. Williams, p. 101.
Монарси на Обединетото Кралство
 Кралство Велика Британија Ана | Џорџ I | Џорџ II | Џорџ III
Union flag 1606 (Kings Colors).svg
 Обединето Кралство  Џорџ III | Џорџ IV | Вилијам IV | Викторија | Едвард VII | Џорџ V** | Едвард VIII** | Џорџ VI** | Елизабета II**
Flag of the United Kingdom.svg
* Сите исто така монарси на Ирска | ** Исто така монарх на Комонвелтот