Федерално истражно биро

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Федералното истражно биро (англиски: Federal Bureau of Investigation) е агенција во склоп на Министерството за Правда на Соединетите Американски Држави којашто функционира и како федерално тело за криминална истрага и како внатрешна агенција за разузнавање.ФИБ има правна истражувачка надлежност за прекршоци во повеќе од 200 категории на федерални злодела. Неговото мото е „Верност, храброст, интегритет“ („Fidelity, Bravery, Integrity“), кое е име што одговара на иницијалите на Бирото на англиски јазик. Седиштето на ФИБ или зградата Џ. Едгар Хувер, се наоѓа во Вашингтон, Колумбија. Во поголемите градови низ САД сместени се педесет и шест теренски канцеларии како и преку 400 постојани канцеларии во помалите градови и места ширум земјата.Во Амбасадите ширум САД се наоѓаат повеќе од 50 меѓународни канцеларии наречени „правни советници“.

Задачи и приоритети[уреди]

Во 2008,како фискална година,вкупниот буџет на ФИБ изнесувал околу 6,8 милиони долари,вклучувајќи ги и оние 410 милиони долари инцестирани во програми за контра-тероризам,контра-разузнавање,интернет криминал,информатичка технологија ,безбедност,форензичари,обука и кривични програми. ФИБ е основано во 1908 година под името Истражно Биро.Ова име е променето во Федерално Истражно Биро во 1935 година.Главната цел на Бирото е да ги заштити Соединетите Американски Држави од тероризам и надворешни разузнавачки закани, да ги поддржи и спроведе правните закони на САД и да им обезбеди ред на владеење и кривична правда за федералните,државните, општинските и меѓународните агенции и партнери. Во моментов, главните приоритети за истражување на ФИБ се : 1. Да ги заштити САД од терористички напади 2. Да ги заштити САД од надворешни разузнавачки операции и шпионажа 3. Да ги заштити САД од закани преку интернет и криминал преку врвна технологија 4. Да се бори против јавната корупција на секој начин 5. Да ги заштитува граѓанските права 6. Да се бори против меѓудржавните/државните криминални организации и претпријатија (организиран криминал) 7. Да се бори против организиран канцелариски криминал 8. Да се бори против зголемен насилен криминал 9. Да ја надградува технологијата за успешно извршување на задачите на ФИБ Во август 2007 година,главните категории за поднесување на кривични пријави како резултат на истражувањата на ФИБ,беа : 1. Грабежи на банки и ненамерни злодела (107 пријави) 2. Дроги ( 104 пријави) 3. Напад и заговор ( 81 пријава) 4. Материјали за сексуално искористување на малолетници ( 53 пријави) 5. Поштенски измами, измами и измами со кражби ( 51 пријава) 6. Банкарска измама (31 пријава) 7. Забрана за бизниси со нелегално коцкање ( 22 пријави) 8. Телефонска,радио или телевизиска измама ( 20 пријави) 9. Изнудување во трговија ( грабеж и изнудување во полето на меѓудржавната трговија) (17 пријави) 10. Актот за Организации Поврзани со Изнудување и Корупција (ОПИК) - забранети активности ( 17 пријави)

Правна надлежност[уреди]

Мандатот на ФИБ е воспоставен во Законикот на Соединетите Американски Држави,Наслов 28,Пасус 533 каде што на Врховниот Обвинител му се дава надлежност за „ назначување на службеници кои ќе го откриваат секој криминал против САД“.Другите федерални статути му даваат надлежност и одговорност на ФИБ во однос на откривање на одделни злодела. Џ.Едгар Хувер започнал со прислушкување во 1920 година откако со Забраната во 1920 не му било одобрено да апси шверцери на алкохол. Во еден случај од 1927 година еден шверцер на алкохол бил фатен преку контролирање на неговиот телефон и случајот го поднел до Врховниот Суд,кој одлучил дека ФИБ може да ја има таа привилегија за контролирање во своите истражувања и дека со тоа не го прекршува Четвртиот Амандман освен ако ФИБ не провали во куќата на осомничениот за да го комплетира случајот.По жалбата поднесена со Забраната , Конгресот во 1934 година го донесе Комуникацискиот Акт кој наложувал забрана за контролирање на телфонски апарати,но кој дозволувал прислушкување. Во друг случај од Врховниот Суд, во 1939 година судот донесе наредба дека според законот од 1934 година, доказите со кои ФИБ се здобило преку контролирање на телефон не се одобрени за на суд.Откако во 1927 година било одобрено прислушкувањето на телфони од страна на Врховниот Суд, Конгресот во 1967 година го усвоил Актот за Заедничка Контрола на Криминалот и Безбедност на Улиците, со кој на јавните власти им се дозволува контролирање на телефоните доколку пред тоа добијат налог за истото. Главното оружје на ФИБ во борбата против организираниот криминал, е Актот за Огранизации поврзани со Уценување и Корупција (АОУК).ФИБ исто има одговорност да спроведе усогласување на Актот за Граѓански Права во САД од 1964 година и да ги истражува злоупотребите на овој Акт а со тоа и во соработка со Министерството за Правда да ги гони и казни оние кои го злоупотребуваат актот.ФИБ истовремено има и надлежност во Администрацијата за Спроведување Мерки против Дроги која е спроведена според Актот за Заштита од Недозволени Супстанци од 1970 година. Патриотскиот Акт на САД ги зголеми моќите за кои е надлежно ФИБ , особено во областа на контролирање на телефони и надгледување на активностите на Интернет. Една од најконтроверзните одредби од Актот е таканаречената „ѕирнување и поткажување“, со кое ФИБ се здобива со право да пребарува некоја куќа и кога нејзините сопственици се отсутни и не се задолжени да ги известат сопствениците за претресот во наредните неколку недели. Преку Патриотскиот Акт ФИБ исто така има дозвола и да ги истражува архивските податоци за личностите за кои се сомневаат дека се поврзани со тероризам.Информациите кои ФИБ ги има во своја сопственост од истрагите се предаваат до Јавниот Правобранител или до Министерството за Правда , када што се одлучува дали се потребни понатамошни истраги или дејствувања.

Историја[уреди]

Почетоците на Федералното Биро за Истражувања Во 1886 година во Вабаш, Илиноис во St. Louis & Pacific Railway Company, Врховниот Суд изјасни дека соединетите држави немаат право да ја регулираат меѓудржавната трговија. Во 1887 година бил донесен Меѓудржавниот Трговски Акт кој создал федерална одговорност за спроведување на меѓудржавни закони.Министерството за Правда, кое од своето основање во 1870 година вработило неколку инспектори со постојан работен однос, не направило никакви напори за го зголеми бројот на вработени се до крајот на тој век кога Врховниот Обвинител Чарлс Џозеф Бонапарте за ангажирање на инспектори контактирал со други агенции меѓу кои и Тајната Служба.Но Конгресот преку Актот донесен во 1908 година му забрани на Министерството за Правда на овој начин да ги експлоатира работниците во Државната Благајна.Тогаш, Јавиот Обвинител го формирал официјалното Истражно Биро ( ИБ) во коешто работеле негови одбрани специјални агенти. Тајната служба на Министерството за Правда го обезбедила со 12 специјални агенти кои станале и првите агенти на новосоздаденото Истражно Биро.Со оглед на тоа, агентите на ФИБ автоматски станале и агенти на Тајната Служба.Својата надлежност тие ја добиле со помош на Меѓудржавниот Трговски Акт од 1887 година.ФИБ ја зголеми соработката со специјалните агенти на 26 јули 1908 година, кога на власт беше претседателот Теодор Рузвелт.Една од првите задачи на Бирото било истражување на јавните куќи со цел да се спроведе „Актот за заштита од трговија со бело робје “ или познат како Mann Act, кој насила стапил на 25 јуни 1910 година.Во 1932 година Бирото било преименувано во Истражно Биро на Соединетите Американски Држави. Во наредната година ФИБ соработувало со Бирото за Забрани и се преименувало во Оддел за Истрага (ОЗИ) се до своето осамостојување во 1935 година кога станало служба во склоп на Министерството за Правда.Истата година, неговото име било и официјално променето од Оддел за Истрага до денес познатото Федерално Истражно Биро или ФИБ.

Директорската функција на Џ. Едгар Хувер[уреди]

Директорот на Истражното Биро, Џ. Едгар Хувер, станал првиот директор на ФИБ и му служел на Бирото цели 48 години додека било познато и како Истражно Биро, Оддел за Истрага и секако Федерално Истражно Биро.По смртта на Хувер, била донесена легислатива со која секој нареден директор на ФИБ ќе има рок на служба од максимум 10 години.Во 1932 година како резултат на вложениот труд од страна на Џ. Едгар Хувер,официјално била отворена Лабораторијата за Научно Разоткривање на Криминал односно лабораторијата на ФИБ. Во текот на неговата служба Џ. Едгар Хувер бил дел од речиси сите проекти и случаи на ФИБ. Во текот на „Борбата против Криминалот“ од 30-тите години(1930 и натаму), агентите на ФИБ успеале да заробат или убијат голем број на озлогласени криминалци обвинети за киднапирање, грабежи и убиства низ земјата.Најпознати од нив се : John Dillinger, "Baby Face" Nelson, Kate "Ma" Barker, Alvin "Creepy" Karpis, и George "Machine Gun" Kelly. Други задачи кои ги имало бирото биле да се намали влијанието и распространетоста на Ку Клукс Кланот. Исто така, преку работата на Edwin Atherton, во 20-тите години (1920 и натаму) ФИБ успеало да зароби цела група на мексикански нео-револуционери на Калифорниската граница.

ФИБ и државната безбедност[уреди]

Почнувајќи од 40-тите па се до 70-тите години, Бирото се занимавало со истражување на шпионажа против САД и нејзините сојузници. Уапсени биле осум Нацисти кои планирале вршење на саботажа врз Американски мети, а шестмина биле погубени. Во истиот период соработката на САД со Велика Британија за разбивање на шифри ,каде што работело и ФИБ, придонела за разбивање на дипломатски и разузнавачки шифри на Советскиот Сојуз и за полесно дешифрирање на нивната комуникација од страна на британските и американски власти.Со ова исто така се покажало дека во САД постојат американски граѓани кои работат за разузнавачки служби на Советскиот Сојуз. Со овој проект управувал Хувер, меѓутоа неуспешно, бидејќи се до 1952 година не ја известувал ЦРА или Централна Разузнавачка Агенција (CIA) за своите дејствувања.Откривањето на советските шпиони кои работеле во САД, му овозможило на Хувер да ја исполни својата долгогодишна опсесија и покрај заканите кои ги добивал од Левицата во САД , почнувајќи од организаторите на Комунистичката Партија на САД па се до Американските Либерали кај кои не постоеле никакви револуционерни стремежи. ФИБ и Атентатот на Кенеди Кога Претседателот Џон Ф. Кенеди бил убиен, правосудната надлежност била доделена на градските полициски станици, сè додека новиот Претседател Линдон Б. Џонсон не го одредил ФИБ да биде надлежно за истрагата.За во иднина да се избегне недоразбирање околу тоа кој е надлежен за случаите со убиства кои се од федерална важност, Конгресот донел закон со кој истрагите за смрт на федерални службеници е надлежност на ФИБ.

ФИБ и организираниот криминал[уреди]

На 25 август 1953 година, бил создадена Програмата за Врвни Криминалци како реазултат на борбата против огранизираниот криминал.Програмата побарала од сите теренски полицајци да собираат информации за членови на мафија и за нивните територии и информациите да ги пријавуваат во Вашингтон каде што преку разузнавање се собираат сите податоци поврзани со изнудување. Откако насила стапил Актот за Организации поврзани со Изнудување и Корупција (ОПИК), ФИБ почна да ги истражува поранешните групи кои настанале како последица на донесувањето на Забраната од 1920 година, и кои биле главните криминални дејствувачи во поголемите и помалите градови.Целата работа на ФИБ се одвивала тајно и преку овие организации преку дадени одредби кои биле предвидени со ОИК и на тој начин овие групи биле уништени. Бидејќи немал пристап до податоците и изворите за организиран криминал Хувер негирал дека постои тесно поврзана и организирана криминална мрежа во САД,но Бирото подоцна спровело операции за против организираните криминални синдикати и семејства, меѓу кои биле и оние предводени од Sam Giancana и John Gotti. Актот ОПИК и денес се употребува во борбата против организираниот криминал и против сите личности кои Актот ги покрива.

Значајни реорганизации по заминувањето на Хувер[уреди]

Специјални единици на ФИБ[уреди]

Во 1984 година ФИБ формирал елитна единица која би помогнала со проблемите кои би можеле да настанат на Летните Олимписки Игри во од 1984 година и кои најмногу се однесуваат на тероризам и потежок вид на криминал. Формирањето започнало уште од 1972 година од лените Олимписки Игри во Минхен, Германија каде што бил убиен израелски атлетичар. Таа екипа била именувана како Екипа за Спас од Заложништво ( ЕСЗ) и истата делувала како предводник на ФИБ до националната едниница SWAT во такви постапки или во сите случаи на тероризам од кој било вид. Во 1984 исто така била создадена и Екипа за Компјутерски Анализи и Реагирање (ЕКАР). При крајот на 80-тите и почетокот на 90тите години започнало преназначувањето на 300 агенти од одделот за странски контра-разузнавачки должности во одделот за криминално насилство и прогласувањто на криминалното насилство за шести најважен државен приоритет.Но поради недостатокот од персонал во другите веќе основани оддели, и поради фактот што териризамот по Студената Војна не се сметал повеќе за закана , ФИБ започна да соработува со локалните полициски станици и да им пружи помош во други прекршочни дела како фаќање на бегалци кои пребегнувале преку граница . Лабараторијата на ФИБ исто така развила и тестирање со ДНК,со што се продолжила пионерската активност за идентификација која започнала уште во 1924 година со системот за земање отпечатоци од прст.

Значајни активности во 90-тите[уреди]

Во периодот меѓу 1993 и 1996 година , ФИБ ја зголемило улогата во активностите против контра-тероризамот а како повод за тоа било бомбардирањето од 1993 година на Светскиот Трговски Центар во Њујорк, Њујорк и бомбардирањето од 1995 година во Оклахома Сити како и апсењето на терористи со домашно произведени бомби или Unabomber од 1996 година.Технолошките достигнувања и вештини на Лабараторијата на ФИБ помогнале и обезбедиле сите три случаи успешни да бидат спроведени, но ФИБ во овој период исто така било соочено и со јавни протести, кои траат и до денес. Откако Конгресот ги донел Актот за Комуникациска Помош при Спроведување на Закони (АКПСЗ) во 1994, Актот за Реализација и Одговорност кон Здравствено Осигурување (АРОЗО) во1996 и Актот за заштита од Економска Шпоионажа (АЕШ) во 1996 година, ФИБ во 1998 за да се надоврзе на нив остварил технолошки напредок, како што бил и случајот од 1991 година со екипата на CART.Центарот за Проценка на Компјутерски Истражувања и Инфраструктурни Закани ( ЦПКИИЗ) и Центарот за Државна Инфрастурктурна Заштита ( ЦДИЗ) биле создадени за да се справат со зачестените проблеми поврзани со Интернет како што се компјутерски вируси, црвчиња, и други штетни програми кои можат да предизвикаат штета низ територијата на САД. Со овие технологии , ФИН го зголемило електронското набљудување во истражувањата поврзани со јавната и државната безбедност и ги прилагодило на начинот на којшто овие технолошки напредоци се справуваат со проблеми од таква природа. Периодот по бомбардирањето на 09.11.2001 Неколку месеци по нападот од 11 септември 2001 година, Директорот на ФИБ Роберт Мулер, кој дал заклетва една недела пред нападите, повикал на повторно изградување на структурите и операциите на ФИБ . Во однос на тоа, тој секое федерално злосторство го назначил за врвен приоритет, вклучувајќи ги и заштитата од тероризам, справување со странски разузнавачки операции, како и со закани за безбедност на интернет, други високо-технолошки прекршоци, бело робје, и повеќе акти за криминално насилство.

Организација[уреди]

Седиштето на ФИБ е во зградата на J.Edgar Хувер во Вашингтон и има 56 теренски канцеларии во поголемите градови низ САД.ФИБ има и преку 400 агенции низ САД како и 50 правни аташеа во Амбасадите и Конзулатите низ САД.Повеќе специјални операции на ФИБ се лоцирани во објекти во Quantico, Virginia како и во in Clarksburg, West Virginia. Постапката на ФИБ за преместување на Одделот за Управување со Податоци кој ги спроведува барањата од Актот за Слобода на Информации (АСИ) се изврши во Winchester,Virginia . Лабараторијата на ФИБ , која се основала заедно со Истражното Биро, не била во склоп на зградата на J.Edgar Хувер се до нејзиното комплетирање во 1974 година.Лабараторијата првенствено служи за ДНК, биолошки и физички истражувања. Областите со кои се занимава Лабараторијата се Хемија,Систем на Индекси за Комбинирана ДНК,Компјутерска Анализа и Реагирање, Експлозиви, Земање отпечатоци од Оружје и Предмети, Вештачење на Звукови, Вештачење на Снимки, Анализирање на слики, Научно истражување и вештачење, Обука за научно вештачење, Реагирање при судир со штетни материјали, Истражни и потенцијални Графики, Незабележливи отпечатоци, Анализирање на материјали, Сомнителни документи, Документација за Уценување, Специјални Фотографски Анализи, Структурален Дизајн и Докази од оставени трагови.Услугите на Лабараторијата на ФИБ бесплатно се искористуваат во повеќе земји,како и во локални и меѓународни агенции.Исто така, лабараторијата им а и втора главна лабараторија која се наоѓа на Академијата на ФИБ. Академијата на ФИБ, која е лоцирана во Quantico, Virginia, е дом на комуникациската и компјутерската лабараторија што ја користи ФИБ. Таму исто така ги испраќаат на обука новите агенти на ФИБ за да станат специјални агенти.За да станат специјални агенти,тие мора да се посетуваат курс долг 21 седмица. Академијата првпат била отворена во 1972 година.Академијата исто така служи како училница за државните и локални законодавни агенции кои се премиерно поканети воцентарот за обука во областа на спроведувањето закони. Единиците на ФИБ кои се сместени во Quantico се Единица за Теренска и Полициска Обука, Единица за Вооружена Обука, Центар за Истражување и Обука за Научно Вештачење, Единица за Технолошки Услуги,Единица за Обука при Истрага, Единица за Комуникација и Спроведување на Закони, Единица за Научно Раководство и Управување, Единица за Физичка Обука, Единица за Обука на Нови Агенти, Law Enforcement Communication Unit, Leadership and Management Science Units (LSMU), Physical Training Unit, New Agents' Training Unit (NATU), Едница за Конкретни Барања, Единица за Обука за Истражување преку Компјутер и „Факултет за Аналитички Студии“. Одделот за Криминална Правда и Информациски Услуги е лоциран во Clarksburg, West Virginia.Тој е најмладиот оддел на ФИБ кој е формиран дури во 1991 година а отворен во 1995. Самиот комплекс е долг колку три фудбалски игралишта.Неговата намена е да обезбеди магацин за информации.Под овој Оддел спаѓаат овие програми Информативен Центар за Народен Криминал, Постојано Криминално Известување, Идентигикација на Отпечатоци од прст, Систем за Интегрирана и Автоматизирана идентификација на Отпечатоци од прст, и Систем за Известување на Народни Инциденти .Многу државни и локални агенции ги користат овие системи како извор за сопствени истраги и даваат придонес кон базата со податоци преку употребување на сигурносни комуникациски средства. ФИБ ги обезбедува овие средства за софистицирана идентификација и за информациски услуги на локални, државни федерални и меѓународни агенции за спроведување на закони. ФИБ често соработува со федерални агенции , меѓу кои и Крајбрежната Стража на САД и Агенцијата за Гранична и Царинска Заштита на САД во однос на воздухопловната и морепловната безбедност, како и со Народиот Одбор за Безбедност при Транспорт во однос на истражување на авионски несреќи и други критични инциденти. Агенцијата за Имиграциско и Царинско Спроведување е единствената агенција со најголема истражна моќ. Во пресрет на нападите на 11 септември , ФИБ ја задржува главната улога во федералните криминални истраги.

Федералното Истражно Биро е организирано во пет функционални гранки и Директорската Канцеларија која е составена од неколку административни канцеларии.Со секоја гранка раководи Извршен Помошник Директор. Секоја канцеларија и оддел во склоп на гранката се раководени од Помошник Директор. ФИБ е организирано на следниов начин: • Директорска Канцеларија o Канцеларија за Конгресни Прашања o Канцеларија за Прашања за Еднакви Работни Можности o Канцеларија на Генералниот Советник o Канцеларија за Интегритет и Согласност o Канцеларија на Народен Правобранител o Канцеларија за Професионална Одговорност o Канцеларија за Јавни Прашања o Одделение за Истрага o Одделение за Услуги за Олеснувања и Логистика o Одделение за Финансии o Одделение за Управување со Регистри o Одделение за Планирање на Ресурси o Одделение за Безбедност • Гранка на Народна Безбедност o Одделение за контра-разузнавање o Одделение за контра-тероризам o Директорат за разузнавање o Директорат за оружје за Масовно Уништување

          Гранка за Криминални и Интернет Услуги и Реагирање  

o Одделение за Криминални истрагиCriminal Investigative Division o Одделение за Интернет Cyber Division o Група за Реагирање во Критични Ситуации o Канцеларија за Меѓународни Операции o Канцеларија за Коррдинација на Спроведување Закони • Гранка за Човечки РесурсиHuman Resources Branch o Одделение за ОбукаTraining Division o Одделение за Човечки Ресурси • Гранка за Наука и Технологија o Одделение за Кривична Правда,Услуги и Информации o Лабараториско Одделение o Одделение за Оперативна Технологија o Канцеларија за Специјална Технологија и Апликации • Гранка за Информатика и Технологија o Одделение за Операции во Информатичката Технологија o Канцеларија за Информатичка Политика и Палирање o Канцеларија за Информатичко Управување со Програми o Канцеларија за Информатички Развој на Системите o Канцеларија на Шеф на Науките

Директорите на ФИБ и истражното биро[уреди]

Директорите на ФИБ се назначени од Претсеателот на САД.Тие мора да добијат пот врда од Сенатот на САД и да отслужат десетгодишна служба пред да се пензионираат, или можат да добијат отказ од Претседателот на САД пред да ја отслужат службата. Ј.Edgar Хувер кој бил назначен од Calvin Coolidge во 1924 година, бил директор кој најдолго служел во ФБИ, се до неговата смрт во 1972 година.Во 1968 година, Конгресот усвоил легислатива како дел од Актот за Заедничка Контрола на Криминалот и Безбедност на Улиците, кој потенцирал дека идните директори на ФИБ ќе имаат по десетгодишна служба и побарал од Сенатот да ги потврди именуваните кандидати. Како вршители на должност, ова не се однесувало на Хувер туку на неговите следбеници. Сегашен Директот на ФИБ е Robert Mueller кој бил назначен во 2001 година од George W. Bush. Директорот на ФИБ е задолжен за секојдневните обврски и операции во Бирото. Заедно со неговите заменици Директорот се грижи за тоа сите случаи да бидат коректно спроведени. Директорот исто така се грижи секоја од теренските канцеларии на ФИБ да има квалигикувани агенти. Пред нападите од 11 септември и пред да биде донесен Актот за Разузнавачки Реформи и Заштита од Теоризам,Директорот на ФИБ го известувал Претседателот на САД за сите случувања во ФИБ. По нападите, Директорот поднесува извештај до Директорот на Народната Разузнавачка Служба кој потоа го известува Претседателот.Директорите на ФИБ исто така се задолжени за овозможување на квалитетна обука.

Процес на вработување[уреди]

За некој да стане агент на ФИБ , треба да има има од 23 до 37 години. Пријавениот исто така мора да биде граѓанин на Америка, да има чисто досие, и диплома за завршен факултет од 4 години. Сите вработени во ФИБ имаат потреба од достапност до тајни информации од некои случаи , и во многу наврати и во учество на конкретните случаи. За да се добие достапност до тајни информации, секој член од персоналот на ФИБ мора да помине низа од Истражувања на Индивидуален Живот, постапка која е спроведена од страна на Канцеларијата за Управување со Персонал. Кандидатите за специјалнит агенти исто така треба да го поминат Физичкиот Фитнес Тест кој вклучува спринт на 300 метри, едноминутно изведување на стомачни вежби, изведување на максимум број на склекови, и трчање патека долга 2,5 километри.Исто така има и тест на полиграф кој персоналот мора да го положи и на кој има прашања за евентуално коритење на дрога. Откако потенцијалните кандидати за специјални агенти се обезбедени со достапност на информации од „државните тајни“ , и откако ќе го потпишат строго-доверливиот договор Form SF-312, учествуваат на обука овозможена од ФИБ во објект лоциран во Marine Corps Base Quantico, Virginia.Кандидатите поминуваат околу 21 седмица на академијата на ФИБ, каде што присуствуваат на 500 наставни часови и на преку 1000 часови за симулирана обука во областа на спроведување на закони. По дипломирањето, новите Специјални Агенти на ФИБ се распоредуваат насекаде низ земјата и светот, во зависност од нивната специјалност.Професионалниот персонал за поддршка оперира во една од најважните згради за поддршка која ја држи ФИБ. Меѓутоа, секој Агент за Поддршка може да биде пратен на која било локација на определено време ако нивните вештини се потребни во една од теренските канцеларии на ФИБ или во некоја од 400-те локални канцеларии на ФИБ . Започнувајќи од 31 декември 2009 година, ФИБ имало вкупно 33.652 вработени. Тука се вклучени 13.412 специјални агенти и 20.420 професионалци за поддршка , како што се аналитичари за разузнавање, научници, специјалисти за информатичка технологија и други професионалци.

Известувања[уреди]

Извештајот за Спроведување на Закони на ФИБ се објавува еднаш месечно од страна на Едницица за Комуникација и Спроведување на Закони на ФИБ, и во него има статии кои се од интерес на државата и персоналот. Извештајот за Спроведување на Закони на ФИБ кој првпат бил објавен во 1932 под наслов Бегалци Гонети од Полицијата , ги опфаќа темите поврзани со технологија за спроведување на закон и прашања поврзани со трасирање на криминал и употреба на сила, како и со неодамнешни истражувања од областа на криминалната правда, и реагирање преку Програма за Заштита од Насилен Криминал и барани криминалци во клучни случаи. ФИБ исто така објавува некои извештаи на персоналот за спроведување на закони како и на обичните граѓани и во нив се опфаќаат теми поврзани со спроведување на закони, тероризам, криминал на интернет, криминал со луѓе( бело робје), насилен криминал, и статистики.Меѓутоа, повеќето известувања од Федералната власт кои ги поопфаќале овие теми биле објавени од агенциите на Канцеларијата за Програми за Правда која е дел од Министерството за Правда на САД и истите се прошириле преку Службата за Наводи во Народна Кривична Правда.

Кривични статистики[уреди]

Во 20-тите години , ФИБ започнало да ги разгледува криминалните извештаи преку собирање на податоци од локалните полициски станици. Поради пропустите во овој систем во 60-тите и 70-тите години - кога жртвите воопшто не ги пријавувале злоделата во полиција- Министерството за Правда развило алтернативен метод за откривање на злодело, преку испитување на жртвите.

Постојан криминален извештај[уреди]

Постојаните Криминални Извештаи (ПКИ)содржат податоци од повеќе од 17.000 агенции за спроведување на закон низ држзвата.Тие овозможуваат детални податоци кои се однесуваат на големината на кривичното дело и во нив се содржат и апсењата, расчистување (или затворање на случајот ) , и информации од службениците за спроведување на закон. ПКИ се концентрира на собирање информации кои се поврзани со насилниот криминал, криминал со предрасуди, и криминал на имот. Системот на ПКИ кој бил создаден во 20-тите години не се покажал за постојан, како што стои во неговото име. Податоците на ПКИ единствено се однесуваат на најсериозните прекршоци во поврзани случаи и имаат многу строг пристап кон случлаите поврзани со силување.

Прелиминарниот Годишен Постојан Криминален Извештај за 2006 бил објавен на 4 јуни 2006 година. Овој извештај покажува дека,во споредба со 2005 година, насилниот криминал пораснал за 1,3 % додека криминалот на имот опаднал за 2,9%.

Народен систем за известување при инциденти[уреди]

Криминалните статистики на Народниот Систем за Известување при Инциденти (НСИИ)се стремат кон тоа да се нагласат ограничувањата кои се неразделлив дел од податоците на ПКИ. Системот се употребува од агенциите за спроведување на закони во САД и служи за собирање на податоци во врска со кривичните дела. Локалните,државните и федералните агенции собираат податоци за НСИИ од нивните системи за управување со снимки.Податоците се собираат за секој инцидент и апсење во Група А од прекршочните категории. Прекршоците во конкретни кривични дела групирани во 22 категории. Специфичните факти за овие прекршоци се собрани и објавени во системот на НСИИ. Заедно со прекршоците од Групата А , во Групата Б се објавени само 11 прекршоци со информации за апсење. Системот на НСИИ работи подетално од системот на ПКИ кој работел на принцип на резиме. Од 2004 година , 5271 агенции за спроведување на законот ги поднеле податоците од НСИИ. Таа сума изнесува 20% од популацијата на САД и 16 % од податоците за криминални статистики собрани од ФИБ.

Приказ во медиумите[уреди]

Се од 30-тите години ФИБ многу често било дел од популарните медиуми .Бирото учествувало на неколку наврати, преку дирикетно учество во креативниот процес со цел да го претстави ФИБ во добро светло, па се до обезбедување на консултации за одредени операции и затворени случаи. Контроверзии и критики Во март 1971 година службеник во ФИБ од Медија, Пенсилванија, бил ограбен; крадците украле тајни документи и ги однеле до неколку весници меѓу кои и Harvard Crimson. Документите содржеле детални податоци за програмата на ФИБ , COINTELPRO која вклучувала и истражувања на животите на обичните граѓани- меѓу кои и група на студенти црнци на воената академина во Пенсилванија и ќерката на Конгресменот Henry Reuss од Wisconsin. Земјата била вџашена од овие откритија, и овие дела биле осудени од страна на членовите на Конгресот меѓу кои и водачот на мнозинството во Домот на Конгресот, Hale Boggs. Телефоните на некои членови на Конгресот, меѓу кои и Boggs веќе биле прислушкувани. ФИБ цела декада ги издржало јавното критикување и внатрешниот конфликт. ФИБ бил многу често испитуван особено во периодот кога се обидувал да ја модернизира технологијата за полесно да се соочи со контра-тероризамот. Најголемиот број од неодамнешните контроверзии на ФИБ биле поврзани со „терористички“ организации или за неуспеси во текот на некоја од операциите.На почетокот и при крајот на 90-тите години улогата на ФИБ во инцидентите со Ruby Ridge и Waco , предизвикале неред поради убиствата. Во 1996, во текот на Летните Олимписк Игри во Atlanta, Georgia, ФИБ исто така било критикувано за истрагата на бомбардирањето на Паркот Centennial Olympic Park . Тука се создал конфликт со Richard Jewell кој бил приватен чувар на обезбедување на локацијата, а конфликтот настанал бидејќи наводно некој го издал неговото име во текот на истрагата. Во 90-тите , се дознало дека всушност единицата за отепчатоци од прсти на криминалната лабараторија на ФИБ воопшто не ја извршувала својата дејност.Во некои случаи, техничарите, наместо да го ослободат обвинетиот кој според доказите е невин, тие намерно го прогласувале за виновен.Кога ова било откриено, многу случаи морале повторно да бидат отворени. Во 2000 година, ФИБ го започнало Проектот Триологија за надградба на поминатиот рок на податоци од инфрастуктурата на информатичката технологија. Овој проект, кој првентствено треба да трае 3 години и да чини околи 380 милиони долари , задоцни со промоцијата и чинеше многу поскапо. Успешни беа напорите за обезбедување на модерна компјутерска и интернет опрема, но неуспешни биле обидите да се развие нов истражен софтвер кој не одговарал на Меѓународната Компанијата за Научни Апликации (МКНА).Виртуелните Документи за Случаи или ВДС, како што ги препознава софтверот , се покажале како скромно замислена цел, и како веќе видени измени во управувањето.Во јануари 2005, две и повеќе години подоцна од датумот планиран за комплетирање на софтверот, ФИБ и официјално се откажало од проектот. Најмалку 100 милиони долари ( можеби и повеќе според некои процени) , биле потрошени на проектот кој никогаш не почнал да функционира. ФИБ било принудено да се служи со десет години стариот Систем за Автоматска Поддршка на Случаи , за кој експертите од информатичка технологија сметаат дека е премногу несоодветен. Во март 2005, ФИБ најави почеток на нов, поамбициозен софтверски кодиран проект наречен Sentinel за кој се очекувало да биде коплетиран до крајот на 2009 година.

Во февруари 2001 , Robert Hanssen бил фатен како им продава информации на Русите. Подоцна се открило дека Hanssen , кој имал висока функција во ФИБ, бил разузнавачки шпион уште од 1979 година. Тој се изјаснил како виновен за предавство и во 2002 добил доживотна казна затвор , но инцидентот ја довел во прашање безбедноста за постапките на вработените во ФИБ. Исту така имало и тврдење дека Hanssen имал улога во давање на информации поврзани со нападите на 11 септември 2001 година.

На 22 јули 2004,конечниот извештај од Комисијата одговорна за нападите од 11.09 2001 година бил дека ФИБ и Централната Агенција за Разузнавање биле делумно виновни затоа што не ги следеле разузнавачките извештаи што ќе го спречеле нападот на 11 септември. Во својата најдлабока проценка, извештајот вели дека двете агенции „ не и служеле добро на земјата“ и навел многубројни преопораки за промени во ФИБ. Иако ФИБ ги исполнило најголемиот дел од препораките, меѓу кои и детален рпеглед од Директорот на Народната Разузнавачка Служба, некои поранешни членови на Комисијата 9/11 , во Окотмври 2005 јавно ги критикувале ФИБ и тврделе дека тие одбиваат да направат некои значителни промени.

На 8 јули 2997, весникот Washington Post објавил извадоци од книгата на Професорот на UCLA, Ејми Зегарт, Spying Blind: The CIA, the FBI, and the Origins of 9/11. Статијата велела дека владините документи покажуваат дека ЦАР и ФИБ испуштиле 23 можни шанси за прекинување на терористичките напади на 11 септември 2001.Првенствените причини зошто тоа не било направено се овие : агенции на културите кои одбивале промени и нови и идеи, несоодветен поттик за промоција, и недостаток од соработка помеѓу ЦАР ФИБ и останатите Разузнавачки Заедници на САД. Статијата исто така ја обвинува децентрализираната структура на ФИБ која не овозможила ефективна комуникација и соработка во повеќето различни канцеларии на ФИБ. Статијата исто така тврди дека ФИБ сѐ уште не се развило во агенција за справување со контра-терористички или контра -разузнавачки прашања,поради далбоко всадената одбивност на културно ниво кон промени во ФИБ. На пример, персоналот на ФИБ во споредба со другите Специјални Агенти, сѐ уште се третира како персонал за поддршка, а аналитичарите за разузнавање се ставаат на исто рамниште со автомеханичарите и хигиеничарите. Еден извештај од март 2007 издаден од генералниот инспектор на Министерството за Правда го опишува ФИБ како „распространета и сериозна злоупотреба“ на документи за народна безбедност како админитсративни покани за суд кои се користат за да се добијат податоци и информации за граѓаните . Извештајот вели дека помеѓу 2003 и 2005 ФИБ врачил повеќе од 140.000 такви документи и тоа повеќето на луѓе кои не биле поврзани со тероризам.

Сведоштво за погрешни анализи од куршумите како докази[уреди]

Повеќе од 40 години,Криминалната Лабараторија на ФИБ во Квантико тврдела дека куршумите како докази имале униктен хемисли печат, и дека преку нивно кршење и анализирање возможно е куршумите да се препознаат не само со одредената количина на муниција од фабриката за куршуми, туку и со конкретната кутија. Народната Академија на Науките спровела 18-месечно независно прегледување на анализи и споредба на куршуми како докази. Во 2003 година , Народниот Истражен Совет објавил извештај кој имал врска со сведоштвата во ФИБ во последните 30 години.Во него се вели дека го пронашле моделот според кој ФИБ ги изнесува резултатите од случаите Iи дека тој имал премногу недостатоци и дека куршумите не можеле да се споредат со ниедна кутија со муниција која била понудена.Една година подоцна ФИБ се одлучило да престане да врши анализа на куршуми кои се дадени како докази.

Од вкупно 2500 случаи во кои се вршеле такви анализи, има стотици или илјданици закои лабараториските вештаци на ФИБ сведочеле на суд.Во секој од тие случаи , сведочењето било погрешно и наведувало на погрешни заклучоци. Владата на САД има правна обврска да ги известува бранителите за секоја информација што може да помогне за докажување на невиност, дури и откако биле обвинети. Само ФИБ може да ги идентификува случаите во кои имало анализа на куршуми како докази, но Бирото одбило да ги сподели тие информации.

Во ноември 2007 како резултат на истрагата на 60 Minutes/Washington Post, ( две гопдини подоцна) Бирото изјавило дека ќе ги идентификува , разгледа и објави сите такви случаи и дека ќе ги извести обвинителите за случаите во кои било дадено погрешно сведочење. ФИБ исто така свесно учествувало и во погрешни обвинувања за убиства.

Бидејќи штителе некој информаторм ФИБ си дозволило четири невини луѓе да бидат осудени за убитсво во март 1965 година. Тројца од овие луѓе биле осудени на смрт ( што подоцна било заменето со доживотна казна затвор).Четвртиот бил осуден на казна затвор и одлежал 30 години.

Дури во јули 2007 година во Бостон, Окружниот Судија на САД Nancy Gertner дознала дека Бирото ги осудило четворицата обвинети за убиството на Edward "Teddy" Deegan. Владата на САД морала да плати 100 милиони долари оштета на четворицата обвинети.

ФИБ и карактеристични личности[уреди]

Преку Актот на САД за Слободни Информации сега е возможно да се добие копија за досие од ФИБ за некоја жива личност или веќе почината личност .ФИБ собрало досиеја на многубројни славни личности како Елвис Пресли, Френк Синатра, Џон Денвер, Џон Ленон, Џејн Фонда, Граучо Маркс, Чарли Чаплин, Лу Костело, Сони Боно, Боб Дилан, мајкл Џексон, Мики Ментл итн. Исто така ФИБ од 1988 година има и досие на Џек Мевосек (Jack the Ripper) чиј идентитет и ден-денес не е откриен.