Џорџ I

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џорџ I (Џорџ Луис- на германски Георг Лудвиг- 28 мај 1660 година – 11 јуни 1727) бил крал на Велика Британија и Ирска од 1 август 1714 година сè до неговата смрт, Владетел на војводството и Изборник на Брауншвајг–Линебург (Хановер) во Светото Римско Царство од 1698 година

Џорџ се родил во Хановер, денешна Германија, а титулата Владетел на Брауншвајг-Линебург ја наследил од татко му и од неговите чичковци. Успехот од Европските војни се проширил до неговата германска територија, па така во 1708 година, тој бил назначен за принц-избраник на Хановер. На 54-годинаишна возраст, по смртта на Кралицата Ана од Велика Британија, Џорџ стапил на британскиот престол како првиот монарх од Династијата Хановер. Иако преку педесет римски католици биле во блиска роднинска врска со Кралицата Ана, Актот на населувањето од 1701 година им го забранило правото на наследување на британскиот престол на католиците. Сепак, Џорџ бил најблискиот роднина протестант на Ана. На ова реагирале Јакубите кои се обидувале да го сменат Џорџ и на негово место да го постават полубратот на Ана, католикот Џејмс Франсис Едвард Стјуард, но нивните обиди не успеале.

За време на владеењето на Џорџ, силата на монархијата се намалила и Британија почнала да се променува кон модерниот систем на кабинетската влада предводена од премиер. При крајот на неговото владеење, вистинската власт била предводена од Сер Роберт Валпор, првиот де факто британски премиер. Џорџ починал на пат кон неговиор роден Хановер, каде што бил закопан.[1]

Раните години[уреди | уреди извор]

Џорџ е роден на 28 мај 1660 година, во Хановер, во Светото Римско Царство. Тој бил најстариот син на Ернест Август, војводата од Брауншвајг – Лунбург и Софија на Рајнланд Пфалц. Софија му била внука на Кралот Џејмс I на Англија преку нејзината мајка, Елизабет од Боемија.

За првпат во неговиот живот, Џорџ бил единствениот наследник на германска територија од страна на неговиот татко и чичковци кои не оставиле потомци. Во 1661 година, се родил Фредрих Август, брат на Џорџ и двете момчиња (познати како Горген и Густен) пораснале заедно. Нивната мајка била отсутна една година (1664-65) поради закрепнување во Италија, но таа била одговорна за воспитувањето на нејзините синови и многу влијаела во нивното одгледување, а уште повеќе откако се вратила. По нејзиното враќање, Софија родила уште четири синови и една ќерка. Во нејзините писма, Софија го опишувала Џорџ како одговорно, совесно дете кој претставувал пример за неговите помлади браќа и сестри.[2]

Во 1675 година, најстариот чичко на Џорџ починал без да остави потомок, но останатите двајца се ожениле, ставајќи го во опасност наследството на Џорџ доколку тие го предадат на нивните синови, ако воопшто ги имаат. Неговиот татко го учел Џорџ да лови и да јава, и го воведил во некои воени служби. Свесен за неговата несигурна иднина, Ернест Август го земал неговиот 15-годинаишен син Џорџ на кампања за Француско-Данската војна со промислена цел за да го тестира и тренира за војни.[3]

Во 1679 година, другиот чичко на Џорџ починал неочекувано, не оставајќи наследници, па така Ернест Август станал Војвода на Каленберг- Гетинген, со главен град во Хановер. Единствениот чичко на Џорџ, Џорџ Вилијам од Кел, се оженил со неговата љубовница со цел да ја озакони неговата единствена ќерка Софија Доротеја од Цел, но за жал немале други деца. Според Салискиот закон, каде што наследството на територијата било ограничено само за машката популација, наследството на Џорџ и неговите браќа за териториите на нивниот татко и чичковци станало сигурно. Во 1682 година, фамилијата се согласила да го усвои принципот на првородство, што значело дека Џорџ ќе ја наследи целата територија и не треба да ја дели со неговите браќа.[4]

Брак[уреди | уреди извор]

Истата година, Џорџ се оженил со неговата прва братучетка Софија Доротеја од Кел, при што си обезбедил дополнителна заработувачка надвор од Салиските закони кои налагаале машки наследник. Овој ,,брак помеѓу две држави”, пред сè бил склучен поради поголем годинаишен приход и подарил здружување на Хановер и Кел. На почетокот неговата мајка била против овој брак бидејќи немала добро мислење за мајката на Софија (која е родена во кралството) и била загрижена за посвојувањето на Софија Доротеја. Сепак, нејзиното мислење било поразено од предностите на овој брак.[5]

Во 1683 година, Џорџ и неговиот брат, Фредрих Август, служеле војска за време на Големата турска војна и Опсадата на Виена. Во тој период, Софија Доротеја му родила син на Џорџ, Џорџ Август. Следната година, Фредрих Август бил информиран за усвојувањето на првородството, што значело дека тој не можел повеќе да наследува дел од територијата на неговиот татко, како што очекувал. Тоа довело до растројство помеѓу татко и син, и помеѓу браќата, и траело сè до смртта на Фредрих Август во 1690 година Со опасноста за единечна држава на Хановер и со прилозите на Хановеријанците за војните во царството, Ернест Август во 1692 година бил назначен за избирач во Светото Римско Царство. Иднината на Џорџ била појасна од кога било, како единствен наследник на неговиот татко и неговиот чичко.[6]

Во 1687 година, Софија Доротеја родила второ дете, ќерка крстена по неа и тоа била последна нејзина бременост. После тоа двојката се оддалечила. Џорџ го претпочитал друштвото на неговите љубовници, Мелусине фон дер Шуленбург, со која имал две ќерки во 1692 и 1693 година, додека Софија Доротеја имала романса со Шведскиот Гроф Кристоф фон Конигсмарк. Со закана за бегство, Хановерскиот суд, заедно со браќата и сопругата на Џорџ, Софија, ги убедувале љубовниците да се разделат, но од тоа немало никаква корист. Според дипломатски извори од непријателите на Хановер, во јули 1694 година, грофот бил убиен, премолчено од Џорџ, а телото било фрлено во река и прекриено со камења. Се претпоставувало дека убиецот бил еден од четирите дворјаници на Ернест Август (Дон Николо Монталбано) на кој му бил платен износ од 150.000 толари, сто пати поголем од највисоката плата на највисоко платениот министер. Подоцна се претпоставувало дека Конигсмарк бил распарчен на парчиња и запален на плоштадот во Хановер. Сепак, самите извори од Хановер, вклучувајќи ја и Софија, ги негиралр сознанијата за тоа каде е Конигсмарк.[7][8]

Бракот помеѓу Џорџ и Софија се раскинал, но не поради тоа што и двајцата биле неверни, туку поради тоа што Софија го напуштила нејзиниот сопруг. Со согласност од нејзиниот татко, Џорџ ја затворил Софија Доротеја во куќата Алден во нејзиниот роден Кел, каде што останала околу триесет годинаини сè до нејзината смрт. И бил забранет пристап до нејзините деца и татко и, ѝ било забрането да се премажи и ѝ било дозволено само да излегува во придружба на дворјаните од замокот. Сепак, на Софија и давале приходи, слуги и ѝ било дозволено да јава надвор од замокот, но под надзор.[9]

Владеењето како избраник[уреди | уреди извор]

Ернест Август починал на 23 јануари 1698 година, притоа сите негови територии му ги оставил на Џорџ, со исклучок на една канцеларија во Оснабрик која ја предводел сè до 1661 година, кога му ја доделил на Принцот на Епископијата. Потоа Џорџ станал Владетел на Брауншвајг-Линебург (тој бил познат и како Хановер, според името на главниот град) и избраник во Светото Римско Царство. Неговиот суд во Хановер бил удостојуван од присуството на многу културни икони како што се математичарот и филозофот Готфрид Лајбниц и композиторот Георг Фридрих Хендл.[10]

Кратко по доаѓањето на престолот во неговото родно војводство, принцот Вилијам, починал војводата од Глостер, кој бил втор по ред за да ги наследи англискиот и шкотскиот престол. Според англискиот Акт за населувањето од 1701 година, мајката на Џорџ, Софија, требало да биде наследник на англискиот престол, доколку тогашниот владетел (Вилијам III) и неговата снаа, Принцезата Ана Данска (подоцна Кралица Ана) умрат без да остават наследници. Наследството се подготвувало долго време, бидејќи Софија била најблиската роднина протестант на британското кралското семејство. Педесет и шест католички врски со врвни барања за наследство биле одбиени. Можноста некој од нив да премине во протестанството само поради наследството била незначителна, бидејќи некои веднаш одбиле.[11]

Во август 1701 година, Џорџ инвестирал во Редот на Подвеската и за шест месеци, најблискиот католички молител до престолот на Англија, поранешниот крал Џејмс II, починал. Вилијам III починал наредниот март и бил наследен од Ана. Софија станала најверојатната наследничка на Кралицата на Англија. Софија била во нејзините седумдесетти годинаини, постара од Ана за триесет и пет годинаини, но таа била многу здрава па нејзиното време и енергија ги трошела за обезбедување на наследството, било за неа било за нејзините деца. Сепак, Џорџ бил тој кој ја разбрал сложеноста на англиската политика и на уставниот закон, кои во 1705 година, барале понатамошни акти за усвојување на Софија и нејзините наследници како англиски државјани и да ги задржи договорите за преместување на силата преку Регенски Совет. Истата година, единствениот останат чичко на Џорџ починал и тој наследил уште неколку германски делови: Општината на Љунбург- Грубенхаген во Кел.[12]

Кратко по доаѓањето на престолот, избувнала Војната за шпанското наследство. Во кавга било правото на Филип, внукот на францускиот крал Луј XIV, да го освојат шпанскиот престол преку волјата на Шарл II. Светото Римско Царство, обединетите холандски провинции, Англија, Хановер и многу други германски држави се спротивставувале на оваа одлука бидејќи тие се плашеле дека француската Династија Бурбони ќе стане многу помоќна ако е управувана од Шпанија. Како дел од напорот во војната, Џорџ ја нападнал соседната држава Брауншвајг–Волфенбител, која била про-француска, сам пишувајќи ги некои од наредбите. Нападот успеал со неколку изгубени животи. Како награда, претходното Хановерско присоединување на Војводството од Саксе – Лоенбург пробано од неговиот чичко, било признато од Британците и од Холанѓаните.

Во 1706 година, Избираникот од Баварија бил отстранет од неговата должност поради договарање со Луј против царството. Следната година, Џорџ бил назначен за Кралски ферлдмаршал со команда од кралската армија со седиште покрај реката Рајна. Времетраењето на неговата служба не било успешно, главно поради тоа што тој бил измамен од неговите сојузници, Војводата од Марлборо, во еден напад и поради тоа што Царот Јозеф I ги одделил средствата наменети за кампањата на Џорџ за негова сопствена употреба. Покрај ова, германските владетели мислеле дека тој се покажал многу добро. Во 1708 година, тие формално ја потврдиле позицијата на Џорџ како изборен кнез за признавање на или поради негова служба. Џорџ не ги трпел акциите на Марлборо против него кои ги сфатил како дел од планот за да ги намами француските сили за главниот напад.

Во 1709 година, Џорџ се повлекол од функцијата фелдмаршал и никогаш повеќе не отишол на активна скужба. Во 1710 година, му било доделено богатството на царството, служба порано предводена од изборното кнежевство Пфалц. Смртта на царот во 1711 година, претставувал закана за уништување на рамнотежата на силата во спротивна насока, па така војната завршила во 1713 година,со ратификација на Договорот од Утрехт. На Филип му било дозволено да победи во шпанскиот престол, но бил отсртанет од француското наследство па изборниот кнез во Баварија го вратил.

Доаѓањето на престолот во Велика Британија[уреди | уреди извор]

Иако Англија и Шкотска ја признале Ана како нивна кралица, англискиот парламент ја признавала Софија, изборната кнегиња од Хановер, како наследник. Парламентот во Шкотска не го поставил формално прашањето за шкотскиот престол. Во 1703 година, државите усвоиле предлог-закон во кој се изјавува дека избирањето на Кралицата Ана како нивен владетел нема да биде поединечно како и наследувањето на англискиот престол, освен ако Англија не обезбеди целосна слобода на шкотските трговци и нивните колонии во Англија. Најпрво, кралската согласност била затаена, но следната година Ана се предала на желбите на Државите и согласноста била дадена, со што се направил Актот за безбедност од 1704 година Англискиот парламент воведил мерки кои се заканувале дека ќе ја ограничат англиско-шкотската трговија и ќе ја онеспособи шкотската економија ако Државите не се согласат да ја прифатат Хановеријанската наследничка. Всушност во 1707 година, и двата парламенти се согласиле на Актот на Унијата кој ги соединил Ангија и Шкотска во Кралството на Велика Британија и ги основал правилата за наследник како што се наведени во Актот за безбедност од 1701 година Унијата била најголемата трговска област во единаесетти век во Средна Европа.

Виговците верувале дека Парламентот го има правото да го одреди престолонаследникот и наследникот да биде најблискиот протестантски роднина на Кралицата, додека многу тореанци се стремеле кон традицијата која е напишана во правото на Стјуард. Во 1710 година, Џорџ објавил дека тој ќе биде наследникот на Британија според традиционалното право, бидејќи правото не било прифатено само од католиците на Стјуард, па така тој се држел до тоа. ,,Оваа изјава е за сите виговци кои мислат дека Парламентот може да им го даде Кралството...да ги убеди тореанците дека тоа не е присвојување.”

Мајката на Џорџ, изборната кнегиња Софија, починла на 28 мај 1714 година, на 83 годинаишна возраст. Таа паднала откако брзала за да најде засолниште од пороен дожд во Градината Харенхосен. Сега Џорџ бил единствениот наследник на Кралицата Ана. Тој набрзо го прегледал членството на привремениот совет, кој ја заменувал Кралицата по нејзината смрт, бидејќи било познато дека здравјето на Ана е кревко па политичарите се тепале за власт. Таа имала удар, од кој подоцна не можела да зборува и починала на 1 август. Листата за заменици на наследникот била отворена, членовите биле верни, а Џорџ бил назначен за Крал на Велика Британија и Ирска. Поради противставени гледишта, којшто го ограничувале од премин од Хаг, тој не пристигнал во Британија сè до 18 септември. Џорџ бил крунисан во Вестминстерската опатија на 20 октомври.

По 1715 година, Џорџ главно живеел во Британија, но во 1716, 1719, 1720, 1723 и 1725 година, тој бил во посета на неговиот дом во Хановер. Во целост, Џорџ поминал една петтина од неговото владеење како Крал во Германија. Еден член од Актот на населувањето кој му забранувал на Британскиот монарх да ја напушти земјата без дозвола од Парламентот едногласно бил укинат во 1716 година За време на сите, а посебно за првото отсуство на Кралот, тој бил заменет од привремениот совет, но не од неговиот син, Џорџ Август, Принц на Велс.

Војни и востанија[уреди | уреди извор]

Во рок од една година од владеењето на Џорџ, виговците победиле со убедлива победа на генералните избори во 1715 година Неколку членови од поразената тореанска партија станале симпатизери на Јакубитите, а неколку незадоволни тореанци застанале на страна на Јакобитското бунење, со што станале познати под псевдонимот ,,Петнаесетте”. Помеѓу Јакобитите се шушкало да го назначат за наследник полубратот на Ана, Џејмс Стјуард (нарекуван ,,Џејмс III” од неговите поддржувачи и ,,Присвојувачот” од неговите противници). Противниците на ,,Присвојувачот”, предводени од владетелот од Мар, еден огорчен шкотски благородник кој ја поддржувал и Славната револуција, покренал бунт во Шкотска на кој поддржувачите на Јакобитите биле многу побројни од Англија. Сепак, ,,Петнаесетте” бил целосен пропаст. Плановите на владетелот од Мар биле многу слаби, а поддржувачите на ,,Присвојувачот” пристигнале подоцна со многу малку пари и оружје. До крајот на годината, бунтот имал сè, но сепак не успеал. Соочени со пораз, владетелот од Мар и Присвојувачот заминале за Франција во февруари 1716 година По поразот, иако имало некои казни и одземања, Џорџ се стремел кон владиниот одговор, покажал милосрдност и ги трошел парите од казнените земји за училиштата во Шкотска, а дел од нив го искористил за да го плати државниот долг.

Сомнежот на Џорџ за Тореанците помогнал за доаѓањето на власт на Виговците. Доминантноста на Виговците ќе биде толку голема под владеењето на Џорџ што Тореанците нема да се вратат на власт пола век. По изборите, Парламентот на Виговците го донесиле Седумгодинаишниот акт од 1715 година, кој го продолжил максималното траење на Парламентот од седум годинаини (иако можело да се реши порано со независноста). Па така, Виговците кои веќе биле на власт можеле да останат уште долго време.

По неговото доаѓање на престолот, врската помеѓу Џорџ и неговиот син (иако никогаш не била сјајна) се влошила. Џорџ Август, Принцот од Велс, ја поддржувал опозицијата на политиката на неговиот татко, при тоа вклучил мерки за зголемена слобода за религијата во Британија и за да ги прошири германските територии на Хановер на трошок на Шветска. Во 1717 година, со раѓањето на внукот на Џорџ, дошло до поголема расправија помеѓу Џорџ и Принцот од Велс. Кралот, следејќи ја традицијата, го назначил Војводата од Њукасл за еден од крстителите на неговиот внук. Кралот се налутил, кога Принцот од Велс, покажувајќи омраза кон Њукасл, вербално го навредил Војводата, при што погрешно бил разбран од Војводата кој го сфатил тоа како предизвик за двобој. На Принцот му било наредено да ја напушти кралската резиденција, Палата Св. Џејмс. Новиот дом на Принцот, Палатата Лестер станало место за состанување на политичките опозиционери на Кралот. Џорџ и неговиот син подоцна се помириле на барање на Роберт Волпол и на желба на Принцезата од Велс, која се отселила со нејзиниот сопруг, но на која и недостигале децата за кои се грижел Кралот. Според расправијата на крштевањето, таткото и синот нема никогаш повеќе да бидат во добри односи.

Во почетокот на владеењето, Џорџ бил наклонет кон Британската надворешна политика. Во 1717 година, тој придонесел за основање на Тројниот сојуз, анти-шпански сојуз од Велика Британија, Франција и Обединетите провинции. Во 1718 година, Светото Римско Царство било вклучена во сојузот, сега веќе наречен Четворен сојуз. Подоцнежната војна на Четворниот сојуз го вклучувал истиот проблем како и Војната за шпанското наследство. Договорот од Утрихт (1713) го признал внукот на Кралот Луј XIV, Филип, како Крал на Шпанија под услов тој да се одрече од сите права за да го наследи францускиот престол. По смртта на Луј XIV во 1715 година, Филип, сепак, зборувал дека ќе го поништи договорот.

Шпанија го поддржала нападот на Јакобитите врз Шкотска во 1719 година, но морската бура дозволила само три илјади шпански трупи да пристигнат во Шкотска. Јакобитите слабо биле опремени и лесно поразувани од британските артилерии во Битката на Глен Шиел. Здружените луѓе се распрснале на Шкотските Гори, а Шпанците се предале. Нападот никогаш не претставувал сериозна закана за владата на Џорџ. Со Французите кои овој пат се бореле против него во војната, војските на Филип заслабеле. Како резултат, шпанската и француската престолнина останале разделени.

Истовремено, Хановер бил во добивка од револуцијата на Големата северна војна предизвикана од соперништвото помеѓу Шветска и Русија за контрола врз Балтичкото Море. Шветските територии на Бремен и Верден биле отстапени на Хановер во 1719 година, при што Хановер го плаќал шветскиот монетарен надоместок за загубата на теритотиите.

Министерства[уреди | уреди извор]

Во Хановер, кралот го имал целото право на еден монарх. Сите владини трошоци кои изнесувале околу 50 (околу 12 и 13 британски фунти) и назначувањето на сите воени офицери, сите министри па дури и владините офицери над нивото на препишувачи, биле под негова лична контрола. Во спротивно од Велика Британија, Џорџ морал да владее преку Парламентот.

Во 1715 година, кога виговците дошле на власт, главните министри на Џорџ беа Сер Роберт Валпор, Лорд Тауншенд (зет на Валпор), Лорд Станфорд и Лорд Сандерленд. Во 1717 година, Лорд Тауншенд бил отпуштен, а Валпор се откажал од Кабинетот поради недоразбирања меѓу колегите. Лорд Станфорд станал министер за надворешни работи, а Лорд Сандерленд за внатрешни работи.

Власта на Лорд Сандерленд почнала да опаѓа во 1719 година Тој им воведил данок на аристократите со што сакал да го ограничи бројот на членови во Горниот дом, со именување нови основачи. Мерката ќе ја зацврстела контролата на Сандерленд врз Домот со именување опозициски аристократи, но не била спроведена бидејќи Валпор ја предводил опозицијата со ,,неговиот најдобар говор некогаш одржан во неговата кариера”. Валпоре и Тауншенд повторно биле назначени за министри наредната година, и сега обединети ја формирале владата на Виговците.

Поголеми проблеми се појавиле околу финансирањето и управувањето со националниот долг. Одредени владини обврзници не можеле да се исплатат без дозвола од обврзникот па биле додадени кога каматните стапки биле повисоки. Секоја обврзница претставувала долгорочно повлекување на јавните финансии, како што обврзниците тешко беа исплатливи. Во 1719 година, Компанијата на јужното море предложила да преземе 31 милион фунти (три петини) од Британскиот национален долг со заменување на владината безбедност за акции во компанијата. Компанијата го подмитила Лорд Сандерленд, Мелузине фод дер Шуленберг и роднината на Лорд Стенхоуп, Чарлиз Стенхоуп, кој станал министер за финансии за да го поддржи нивниот план. Компанијата намамила неколку обврзници да ги претворат нивните високи камати, неотплатливи обврзници со ниски камати, лесно-прометни акции при што им нуделе приоритетни финансииски добивки. Цените на компанијата брзо растеле. Акциите биле во износ од 128 фунти на 1 јануари 1720 година, но биле пресметани во износ од 500 фунти кога конверзиската шема се појавила во мај. На 24 јуни цената достигнала до 1050 фунти. Со порастот во маркетите, неконтролирано продавање започнало во август, што било причина за драстично опаѓање на акциите до 150 фунти до крајот на септември. Многу луѓе, вклушувајќи и аристократи, изгубиле големи суми на пари,а некои целосно биле уништени. Џорџ кој бил во Хановер од јуни, се вратил во Лондон во ноември, порано од тој што би сакал или порано од вообичаено, по барање на министерството. Економската криза, позната како Кризата на јужното море, ги направила непопуларни Џорџ и неговите министри. Во 1721 година, Лорд Стенхоуп, целосно невин, паднал и починал по стресна дебата во Горниот дом, а Лорд Сандерленд се откажал од јавна функција. Лорд Сандерленд се здобил со степен на лично влијание врз Џорџ сè до неговата ненадејна смрт во 1722 година Валпор под де факто станал Премиер иако титулата не му била формално доделена (прво тој бил Прв Лорд за финансии и Министер за финансии). Неговото управување со кризата на јужното море, со преуредување на долговите и договарање на некои надоместоци, помогнало во враќањето на финансиската стабилност. За време на умешното управување на Валпор со парламентот, Џорџ ја одбегнувал директната вмешаност со мамечките акции на Компанијата. Тврдењата дека Џорџ добивал акции како мито, не биле поткрепени со докази. Всушност, сметките во Кралската архива покажувале дека тој плаќал за неговите прилози и дека изгубил пари во пропаст.

Последни годинаини[уреди | уреди извор]

По барање на Валпор, Џорџ го вратил најчесниот Ордер на бањата во 1725 година, кој му овозможил на Валпоре да се здобие со политичка поддршка преку нудењето на чесноста. Валпоре станал многу моќен и бил способен самиот да ги избира неговите министри. За разлика од неговата претходничка, Кралицата Ана, Џорџ ретко присуствувал на состаноци во кабинетот. Повеќето од неговиоте средби биле во приватност, но имал значително влијание врз надворешната политика на Британија. Со помош од Лорд Тауншенд, тој го договорил прифаќањето на Договорот од Хановер од страна на Велика Британија, Франција и Прусија, кој бил составен за контрабаланс на австриско-шпанскиот Договор од Виена и за да ја заштити британската трговија.

Џорџ, иако многу се потпирал на Валпор, можел да ги замени своите министри кога и да посакал. Всушност, Валпор бил исплашен да не го сменат при крајот на владеењето на Џорџ I, но тоа плашење завршило кога Џорџ починал на неговото шесто патување во Хановер, за време на неговто владеење. Тој доживеал срцев удар на пат помеѓу Делден и Нордхорн на 9 јуни 1727 година и бил префрлен во палата на владиката во Оснабург, каде што починал на 11 јуни 1727 година Тој бил погребан во капелата во замокот Леин, но по Втората светска војна неговите останки биле преместени во капелата во Херенхосен.

Џорџ бил наследен од неговиот син, Џорџ Август, кој седнал на престолот како Џорџ II. Се констатирало дека Џорџ II планирал да го отстрани Валпор од функција, но во ова го спречила неговата жена, Кралицата Каролина. Во наредните владеења силата на Премиерот била поголема на сметка на силата на независноста.

Спомени за Кралот[уреди | уреди извор]

Џорџ бил исмејуван од британските државјани. Некои од неговите врсници како што е Леди Мери Вортли Монтаги, го мислела за неинтелигентен на тенкиот мраз бидејќи тој бил здрвен во јавноста. Подоцна тој бил непопуларен поради неговата наводна неспособност да зборува англиски јазик, но таа неспособност подоцна била негирана преку документите и се докажало дека тој го разбирал, го пишувал и го зборувал англискиот јазик. Тој со сигурност течно зборувал германски и француски јазик, добро го познавал латинскиот и по малку италјанскиот и холандскиот јазик. Постапката кон неговата жена, Софија Доротеја, стана скандал. Британците го согледувале како да има премногу германски особини и според мислењето на историчарот Рагенхил Хатон, сметал дека тој бил наследник поради гермаски госпоѓи. Сепак во Европа го сметале за напреден владетел поддржувач на просветеноста кој дозволувал неговите критики да се појават во јавност без страв од жестока цензура. Европските и британските извори се слагаат дека тој бил внимателен, воздржан и претпазлив со финансиите. Џорџ не сакал да биде во центар на јавноста на општествените настани, ја избегнувал кралската кутија во операта и често патувал инкогнито во куќата на негов пријател за да играат карти. И покрај некои непопуларности, државјаните го гледале протестантот Џорџ I како подобра опција од римскиот католик Џејмс. Вилијам Мејкпис Такереј ги искажал неговите колебливи чувства и напишал:

  Неговото срце припаѓаше на Хановер. Тој имаше повеќе од педесет и четири годинаини кога дојде меѓу нас. Го земавме бидејќи го сакавме, бидејќи тој ни ги задоволуваше потребите. Се потсмевавме на неговите необични германски манири и се подбивавме со него...јас, како прво, бев на негова страна во тие денови. Циничен и себичен, тој беше подобар од Кралот надвор од Св.Германиус (се мисли на Џејмс), со француски кралски наредби кој со себе носеше рој од сплеткари.

Писателите од XIX век, како што се Такереј, Сер Волтер Скот и Лорд Махон, се осврнувале на тенденциозните објави од прва рака објавени во минатиот век, како што се мемоарите на Лорд Хервеј, и ги прегледувале причините на Јакубите со романтични, па дури и симпатични очи. Тие, за возврат, влијаеле на британските автори од првата половина на дваесеттиот век како што се Г.К. Честертон, кој ги воведел понатамошните анти-германски и анти-протестантски тенденции кон протолкувањето на владеењето на Џорџ. Животот и владеењето на Џорџ биле истражувани од научниците Бети и Хатон, а неговиот карактер, способностите и мотивите повторно ги испитувале поопширно. Џон Х. Плумб забележал:

 Некои историчари претеруваа со рамнофушноста на кралот за англиските работи и неговот непознавање на англискиот јазик го направија поважно од што беше. Тој имаше мала потешкотија во комуницирањето со француските министери, но тој беше целосно посветен кон работите поврзани со надворешната политика и судот.

Сепак, карактерот на Џорџ I останал неразбирлив. Тој бил љубезен и чувствителен во писмата за неговата ќерка, а намуртен и конфузен во јавноста. Можеби неговата мајка најдобро го опишала ,,објаснувајќи им на оние кои го гледаа како ладен и премногу сериозен дека тој може да биде радосен, дека ги земал работите при срце, дека бил чувствителен и искрен и дека се грижел за тоа како ќе се показже”. Каков и да бил неговиот карактер, тој наследил опасен престол, и или преку политчка мудрост и итрина, или преку случајност и непристрасност, тој го оставил престолот сигурен во рацете на Парламентот и на Хановеријанците.

Титули, почести и мотиви на грб[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

  • 28 мај 1660 година – 18 декември 1679 година: Неговото Височество Војводата Џорџ Лудвиг од Брунсвик – Лунбург
    • На германски јазик: Herzog Georg Ludwig von Braunschweig und Lüneburg
  • 18 декември 1679 година – октомври 1692 година: Неговото Височество Принцот Наследник од Брунсвик – Лунбург
  • Октомври 1692 година – 23 јануари 1698 година: Неговата Висост Изборен кнез од Хановер
  • 23 јануари 1698 година – 1 август 1714 година: Неговата Кралска Висост Џорџ Луис, Висок Офицер во Светото Римско Царство и изборен кнез, Војводата од Брауншвајг–Лунбург.
  • 1 август 1714 година – 11 јуни 1727 година: Неговото Височество Кралот

Во Велика Британија, официјалните титули на Џорџ I гласеле: ,,Џорџ, по Волјата на Бог, Крал на Велика Британија, Франција и Ирска, Бранител на Правдата, итн.” Во некои случаи (посебно во договорите) изразот ,,Војводата од Брауншвајг–Лунбург, Благајник и Изборен кнез на Светото Римско Царство” се додавал по фразата ,,итн”.

Мотиви на грб[уреди | уреди извор]

Додека Џорџ бил крал, мотивите на грбот биле: Поделени на четири дела, I, три лава како бранители на бледо-црвена позадина (кои ја претставувале Англија) лав во профил, исправен со двете предни шепи (за Шкодска); II, три азурни цвета од лилјан (за Франција); III, азурна харфа или гудачки инструмент на сребрена позадина (за Ирска); IV, поделба на полиња (за Хановер), I два лава како бранители на црвена позадина (за Брауншвајг), II подредени црвени срциња околу лав во профил, исправен со двете предни шепи (за Лунбург), III брз коњ на црвена позадина (за Вестфалија), во средината штит опколен со круната на Карло Велики на црвена позадина (за честа на Благајникот на Светото Римско Царство).

Потомство[уреди | уреди извор]

Тој имал три вонбрачни деца од неговата љубовница Ехенгард Мелусин фон дер Шуленберг:

  • Ана Лујза Софи фон дер Шуленберг, Грофица од Долиц (1692–1773), која се омажила за Ернест Август Филип фон дем Басче зу Ипенбург (1681–1761)
  • Меласина фон дер Шуленбер, Грофица од Валсингам (1693–1778), која се омажила за Филип Стенхоуп, 4-от Гроф од Честерфилд
  • Маргарет Гертруда фон дер Шуленберг, Грофица од Ојенхаусен (1701–1726), која се омажила за Албрехт Волфранг, Гроф од Шаумбург-Липе.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Weir, Alison (1996). Britain's Royal Families: The Complete Genealogy (revised ed.). Random House. pp. 272–276. ISBN 978-0-7126-7448-5.
  2. Hatton, p. 29.
  3. Hatton, p. 34.
  4. Hatton, p. 30.
  5. Hatton, pp. 36, 42.
  6. Hatton, pp. 43–46.
  7. Hatton, pp. 51–61.
  8. Internet Archive, Michael (2001). A treasury of royal scandals : the shocking true stories of history's wickedest, weirdest, most wanton kings, queens, tsars, popes, and emperors. New York, N.Y. : Penguin Books. ISBN 978-0-14-028024-1.
  9. Hatton, pp. 60–64.
  10. Internet Archive, Simon (2000). A history of Britain. London : BBC. ISBN 978-0-563-38497-7.
  11. „German states before 1945“. www.rulers.org. Посетено на 2024-01-25.
  12. Hatton, p. 74.