Црква на Англија
| Црква на Англија Church of England |
|
| Врховен управник | Елизабета II |
|---|---|
| Поглавар | Џастин Велби, Архиепископ Кантербериски |
| Седиште | Черч Хаус, Вестминстер, Лондон |
| Територија | Англија Ман ·Каналски Острови Гибралтар ·континентална Европа |
| Верници | 26 милиони покрстени[1] |
| Мреж. место | www.churchofengland.org |
Црквата на Англија или англиканска црква (англиски: Church of England) е христијанска црква[2] во Англија и матична црква на англиканските цркви ширум светот.
Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.[3] Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни начела од реформацијата од XVI век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на Реформацијата.[4]
Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на кралот Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископ Кантербериски кој е поглавар на црквата. Моментален архиепископ е Џастин Велби (2013-).
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Гледхил, Рут. „Католиците ќе ги надминат англиканците како водечка црква во Британија“, „The Times“, 15 февраури 2007. (англиски)
- ↑ „Историја на Црквата на Англија“. Совет на Архиепископот на Црквата на Англија. http://www.cofe.anglican.org/about/history/. проверено на 24 мај 2006. (англиски)
- ↑ http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf
- ↑ http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf