Бакингемска палата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бакингамска палата
Buckingham Palace
Buckingham Palace, London - April 2009.jpg
Поглед кон Бакингамската палата
Податоци
Место Вестминстер, Лондон
Земја Англија, Велика Британија


Бакингамската палата е официјална резиденција на британските монарси во Лондон. Палатата се наоѓа во Вестминстер и претставува место каде што се одржуваат државни настани и кралски приеми. Претставува збирно место на британците за време на државно славење и државни кризи. Првобитно била позната како Бакингемска куќа која претставува јадро на денешната палата, голема резиденција за Војводата од Бакингем во 1705 година изградена на имот кој бил во приватна сопственост најмалку 150 години.Подоцна во 1761 години Џорџ III ја стекнал како приватна резиденција за кралицата Шарлота, позната како „куќа на кралицата“. Во текот на 19 век палатата била проширена, главно од архитектот Џон Неш и Едвард Блор, градејќи три крила околу централниот двор. На крајот Бакингемската палата станала официјална кралска палата на британскиот Монарх во 1837 година кога на престолот дошла кралицата Викторија. Последните поголеми проширувања биле направени кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, вклучувајќи ја источната предна страна на која се наоѓа познатиот балкон, каде кралската фамилија традиционално се собира за да ја поздрави насобраната толпа надвор. Меѓутоа,кралската капела била уништена од германска бомба за време на Вторта светска војна. Во 1962 година Краличината галерија била изградена на имотот и отворена за јавноста за изложување на уметничките дела од Кралската збирка. Оригиналната внатрешна конструкција од почетокот на 19 век, најголемиот дел е зачуван и денес, вклучувајќи ја широката употреба на светло обоена скаљола и син и розов лапис , како што советувал Сер Чарлс Лонг. Кралот Едвард VII го надгледувал нецелосното преуредување во стилот Belle Epoqueво кој преовладува кремова и златна боја. Повеќето помали простории за прием се уредени во кинеско регенски стил со мебел и опрема донесени од кралскиот павилјон во Брајтон и куќата Карлтон. Градината во Бакингамската палата е најголемата приватна градина во Лондон. Просториите за прием, кои се користат за службени и државни приеми, се отворени за јавноста секоја година во Август и Септември, како дел од летното отворање на палатата.


Историја[уреди]

Територијата[уреди]

Банкингемска куќа, 1710 година ја дизајнирал Вилијам Винд за првиот војвода на Бакнигам и Норманби. Оваа фасада се наоѓа на денешниот влез на западната страна од четириаголникот, а над влезот се наоѓа зелена приемна просторија.

Во средновековието, на територијата на Бакингемската палата се наоѓал благородничкиот имот на Ебјури(т.н. Ија). Со течењето на реката Тиборн земјата била мочурлива.Реката се уште тече под дворот и јужното крило на палатата.На местата каде што реката можела да се премине, се развило селото Ај Крос (Eye Cross). Сопствениците на имотот се смениле повеќе пати, вклучувајќи го свештеникот Едвард Блор и неговата сопруга Едит од Весекс, во доцните саксонски времиња, и подоцна норманскиот освојувач Вилијам. Вилијам му го отстапил имотот на Џефри да Мендевил, кој му го оставил во наследство на монасите од Вестминстерската опатија.

Во 1531 година, Хенри VII ја стекнал болницата св.Џејмс (подоцна била наречена палата св. Џејмс) од колеџот Итон и во 1536 година тој го зел благородничкиот имот на Ебјури од Вестминстерската опатија. Со овие префлања имотот на Бакингемската палата повторно паднал во рацете на кралската фамилија за прв пат откако освојувачот Вилијам го дал пред околу 500 години. Различни сопственици го изнајмувале од кралските сопственици и сопственоста на имотот била предмет на очајничко манипулирање во текот на 17 век. Дотогаш, старото село Ај Крос(Eye Cross) се распаѓало и територијата била напуштена. Поради пари Џејмс I продал дел од кралската сопственост на задниот дел од територијата но задржал дел од местото на кое создал градина со дудинки во големина од четири акри(16.000 метри квадратни) за производство на свила.(Градината се наоѓа на северно-западниот дел од денешната палата.) Во делот на Клемент Волкер, Англиканската анархија во 1649 година, се спомнува за новосоздадените содоми и романски жетони (за плаќање на проститутки) во градината Малбери во св.Џејмс.Ова може да значи дека палатата била место на разврат. Во крајот на 17 век познатата наследничка Мери Дејвис го наследила имотот од магнатот Сер Хју Одли.

Првите куќи на територијата[уреди]

Куќата на лордот Горинг[уреди]

Веројатно првата куќа изградена на територијата била куќата на Сер Вилијам Блејк, изградена околу 1624 година. Следниот сопственик бил Лорд Горинг, кој од 1633 година ја проширил куќата на Блејк и го развил поголемиот дел од денешната градина тогаш позната како големата градина на Горинг. Сепак тој не успеал да го добие правото на сопственост на градината со дудинки. Со документот во 1640 година Горинг не успеал да го добие печатот пред кралот Чарлс I да побегне од Лондон, кој бил потребен за легално спроведување на сопственоста.(Тоа било сериозен пропуст кој и помогнал на британската кралска фамилија повторно да го добие сопствеништвото за време на кралот Џорџ III.)

Куќата на Арлингтон[уреди]

Расипничкиот Горинг доцнел со плаќањето на кириите.Хендри Бенет, првиот гроф на Арлингтон, ја добил палатата и таму живеел кога таа изгорела во 1674 година, денес позната како куќата на Горинг.Следната година била подигната куќата на Арлингтон,а го зафаќала јужното крило од денешната палата и нејзиното сопствеништво било купено во 1702 год.

Бакингемска куќа[уреди]

Куќата, која го сочинува јадрото на сегашната палата, била изградена во 1703 година за првиот Војвода од Бакингем и Норманби според проектот на Вилијам Винд. Конструкцијата се состоела од три централни блокови и две помошни крила.На крајот бакингемскиот потомок Сер Чарлс Шефилд му ја продал Бакингемската куќа на Џорџ III по цена од 21 000£ (или од 2010 година 3 000 000 £).

Како и неговиот дедо, Џорџ II, Џорџ III одбил да го продаде делот од градината со дудинки, така што Шефилд не можел да го купи целото сопствеништво на имотот. Кога Шефилд ја продал Бакингемската куќа таа паднала во рацете на кралската фамилија.

Од куќата на кралицата до палата[уреди]

Податотека:Buckingham palace 1897.jpg
Бакнгамска палата и градините во 1897 година.

Во почетокот куќата им служела како приватно засолниште, особено на кралицата Шарлота, и била позната како Куќата на кралицата. Четиринаесет од вкупно петнаесетте деца на кралицата биле родени таму . палатата Св.Џејмс останала официјална и церемонијална кралска резиденција. Реконструкцијата на градбата започнала во 1762 година. Кралот Џорџ IV по неговото стапување на престолот во 1820 година продолжил со реновирањето, воден од идејата да создаде мал и удобен дом. Во 1826 година додека реновирањето било во тек, кралот решил да ја промени куќата во палата со помош на архитектот Џон Неш. Еден дел од мебелот бил пренесен од куќата на Карлтон а другиот дел бил купен во Франција по Француската револуција. Надворешната фасада била во француски нео-класичен стил, кој го претпочитувал Џорџ IV.Цената на реновирањето прогресивно се зголемила и од 1829 година претераноста во проектите на Неш се одразила во неговото отстранување како архитект. По смртта на Џорџ IV во 1830 година неговиот помлад брат Вилиам IV го ангажирал Едвард Блор да ја заврши работата. Во еден момент Вилијам решил да ја преправи палатата во нова куќа на парламентот (The House of Parliament), по уништувањето од пожар на постоечката куќа во 1834 година.

Домот на монархот[уреди]

Бакингемската палата конечно станала главна кралска резиденција во 1837 година, со доаѓањето на престолот на кралицата Викторија, која била прв монарх што живеел таму кога умрел нејзиниот претходник Вилијам IV пред исполнувањето на должноста. Иако приемните соби претставувале изобилство од позлата потребите на новата палата и не биле така луксузни. Бидејќи камините толку мирисале, огнот требало да се загасни така што палатата се тресела од студ. Вентилацијата била толку лоша што ентериерот мирисал, и кога се одлучило да се постават газиени ламби настанало проблем околу нивното поставување на пониските катови. Исто така вработените биле опуштени и мрзливи и палатата била валкана. Во 1840 година откако кралицата се омажила, нејзиниот сопруг принцот Алберт се зафатил со реорганизација на домашните обврски и вработените и со конструкцијата која не и одговарала на палатата. Проблемите биле исправени до крајот на 1840 година. Во 1847 година, палатата за кралската двојка станувала се помала за кралски живот и нивната фамилија која постојано се зголемувала, и според тоа било изградено ново крило дизајнирано од Едвард Блор, а го градел Томас Кјубит, кое го опфаќало центарот на четириаголникот.

Источната страна која гледа кон шеталиштето денес е позната како „Јавно лице“ и тука се наоѓа балконот од кој кралското семејство ја поздравува масата народ за време на значајни настани и еднаш годишно за време на манифестација Дефиле на знамиња (Trooping the Colour). Крилото каде што е просторијата за бал и просториите за прием се изградени во овој период, дизајнирани од Сер Џејмс Пенетрон студент на Џон Неш. Пред смртта на принцот Алберт, палатата обично била место за музички забави и најголемите современи музичари имале изведби во Бакингемската палата. Познато е дека композиторот Феликс Менделсон имал изведби на три настани.Јохан Штраус II и неговиот оркестар имале изведби во палатата кога биле во Англија. Во 1849 година во чест на принцезата Алис за прв пат била изведена полката Алис од Јохан Штраус. За време на Викторија палатата често претставувала сцена на бал под маски, вообичаени кралски церемонии, свечено назначување и свечено врачување. Кралицата кога станала вдовица во 1861 година се повлекла од јавниот живот и ја напуштила Бакингемската палата за да живее во дворецот во Виндзор,замокот Балморал и куќата Озборн. Многу години палатата била ретко користена и дури била запуштена. Конечно, јавноста ја натерала да се врати во Лондон но дури и тогаш таа сакала да живее на друго место. Дворските функции се одржувале повеќе во Виндзор отколку во палатата надгледувани од тажната кралица облечена во црно додека Бакингемската палата останала затворена поголем дел од годината.

Внатрешноста на палатата[уреди]

Пијано нобиле на Бакингемската палата. A: Просторија за вечери; B: Сина просторија за прием; C: Просторијата за музички приредби; D:Белата приемна просторија; E:Кралскиот плакар ; F:Просторијата со Престолот; G:Зелената приемна просторија ; H:Галерија; J:Просторијата за бал; K:Источната галерија; L:Жолтата приемна просторија; M:Централната просторија каде се наоѓа балконот; N:Кинеската просторија за свечени ручеци; O:Главниот ходник; P:Приватните апартмани; Q:Службена област; W:Величествените скали. На приземјето: R:Влезот на амбасадорите; T:Величествениот влез. Просторот претставен со заклонети ѕидови ги претставува помалите крила забелешка: Пропорциите на некои простории се разликуваат во реалноста.

Палатата изнесува 108 метри на 120 метри, висока е 24 метри и зафаќа повеќе од 77 000 метри квадратни (830 000 квадратни стапки) корисен простор. Првите простории на палатата се наоѓаат на приземјето позади градината на запад на задниот дел од палатата. На средина на просториите за прием се наоѓа просторијата за музички приредби а нејзиниот голем лак претставува главна карактеристика на фасадата. Од двете страни на просторијата за музики приредби се наоѓаат сината и белата приемна просторија.Делот кој претставува ходник и ги поврзува просториите за прием е долг 55 јарди (50 метри). Во галеријата се наоѓаат дела на Рембрант, Ван Дајк, Рубенс и Вермер. Од галеријата може да се појде во просторијата со престол и зелената приемна просторија. Зелената приемна просторија служи како претсобје на просторијата со престол и за врема на церемонијалната маршута се поминува низ неа за да се стигне од престолот до стражарницата на врвот на грандиозните скали . Во стражарницата се наоѓаат статуи од мермер на кралицата Викторија и принцот Алберт, во романски стил поставени на трибун обрабени со таписерија. Овие службени простории се користат за свечени и државни забави и секое лето се отворени за јавноста.

Просторијата за доручек на кралицата

Под државниот апартман се наоѓаат помалку величествените простории познати како полу-државни апартмани. Во овие простории се стигнува од мермерниот ходник и служат за помалку формални забави како што се свечени ручеци и приватни посети. Некои од просториите се нарекуват и се уредени во чест на значајни посетители, како што е „просторијата 1844“, уредена во таа година за државната посета на императорот Николас I, а од другата страна на заоблената просторија , се наоѓа „просторијата 1855“ во чест на посетата на императорот Наполеон III од Франција.Во централниот дел се наоѓа заоблената соба , низ која илјадници гости поминуваат годишно за да дојдат до градината каде што кралицата прави забави.Кралицата приватно користи помал апартман во северното крило. Помеѓу 1847 година и 1850 година кога Блор го градел новото источно крило, павијлонот во Брајтон (поранешна кралска резиденција) бил ограбен. Како резултат на грабежот многу простории од новото крило имаат јасен ориентален стил.Во црвената и сината кинеска просторија за свечени ручеци се наоѓаат делови од просторијата за музички приредби и просторијата за банкети во Брајтон, но има и украсен оџак дизајниран од В.М Фитам. Во жолтата приемна просторија има тапети кои биле набавени во 1817 година за салонот во Брајтон и украсниот оџак во оваа просторија е во кинески стил, заедно со кинескиот порцелан вдлабнат во ѕидот и засташувачките крилести змејови, кои ги дизајнирал Роберт Џонс. Во средишниот дел на ова крило се наоѓа познатиот балкон а зад неговите стаклени врати е централната просторија. Кралицата Мери овој салон го уредила во кинески стил заедно со дизајнерот Сер Чарлс Алом создале “построг” кинески стил во крајот 1920 година, и покрај тоа што лакираните врати биле донесени од Брајтон во 1873 година. По должината на piano nobile на источното крило се наоѓа големата галерија скромно позната како главен ходник. Во галеријата на вратите и ѕидовите имало огледала на кои се одразуваат порцеланските пагоди и ориенталниот мебел од Брајтон. Од двете страни на централната просторија се наоѓаат кинеската просторија за свечени ручеци (десно) и жолтата приемна просторија (лево). Изгледот на внатрешниот дел на палатата од 19 век е зачуван и денес,вклучувајќи ја широката употреба на светло обоената скаљола и синиот и розов лапис според Сер Џарлс Лонг. Кралот Едвард VII го надгледувал нецелосното премолерисување во стилот на Belle Epoque во кој преовладувала кремова и златна боја. За време на државните посети на Британија државните претставници ги прима кралицата во Бакингемската палата. За таа цел наменети се повеќе простории познати како белгиски кралски апартман кој се наоѓа на почетокот од министерските скали на приземјето на северното крило. Просториите од апартманот се поврзани со тесни ходници, на едниот ходник е изградена копула проектирана од Неш во стилот на Соан. Вториот ходник е изграден во готски стил со што има направено свод. Стилот на белгиските простории е зачуван и денес а така се нарекуваат по принцот Алберт,внук на Леополд I првиот крал на Белгијците. Сепак кралскиот апартман не бил наменет само за државните претставници. Во 1936 година станал приватен апартман на палатата кога ја зазел Едвард VIII.

Кралски свечености[уреди]

Дворски правила на облекување[уреди]

Порано мажите ако не носеле војнички униформи тогаш носеле панталони до коленици во стилот на 18 век.Вечерниот фустан на жените задолжително вклучувал валови а на главата дијадема. Кодот на облекување кој задолжително наложувал формални дворски униформи значително се олабавил. По правата светска војна, кога кралицата Мери посакала да ја следи модата со скратување на фустаните, таа побаралаод дворската дама да и го скрати здолништето првенствено за да ја процени реакцијата на кралот. Кралот Џорџ IV бил стаписан и таа не успеала да биде во чекор со модата. Подоцна, кралот Џорџ VI и неговата сопруга кралицата Елизабета дозволиле пократки здолништа за денски пригоди. Денес нема официјален код на облекување. Поголем дел од мажите поканети во Бакингемската палата за денски пригоди избираат да носат машки костуми или класична униформа, а другите носат жакети, а на вечер во зависност од формалноста на настанот ставаат црна или бела вратоврска. Ако за време на некои настани за мажите е задолжително бела вратоврска тогаш жените на главите ако имаат ставаат дијадема .

Претставување на дебитантки[уреди]

Дворските изведби на аристократските девојки пред монархот се случуваат во просторијата со престол. Овие девојки биле познати како дебитантки, а настанот го претставувал нивниот прв пристап во општеството и таа девојка претставувала добра прилика за брак. Дебитантките носеле долги кралски фустани и три големи пердуви од ној на косата. Тие влегувале поклонети, ја изведувале кореографијата одејќи наназад со движење на валовите од фустанот во пропишаната должината. Во 1958 година крлицата ги укинала забавите за претставување на дебитанките заменувајќи ги со забави во градината. Денес во просторијата со престол за време на годишнината на кралицата се одржуваат говори во нејзина чест. Говорот се одржува на бината каде што се наоѓа престолот и таму се сликаат сите фамилијарни и свадбени фотографии.

Свечено назначување[уреди]

Свеченото назначување како што е доделувањето на витешка титула и другите одликуања се одвива во просторијата за бал, изградена во 1854 година. Долга 36, 6 метри (120, 08 стапки), 18 метри (59, 06 стапки) широка и 13 , 5 метри (44,29 стапки) висока (120’X 59’ X 44’ 3,5’’) претставува најголемата просторија во палатата. Со своето значење и употреба ја заменила собата со престолот. За време на свечените назначувања кралицата стои на бината а над неа се наоѓа голем, кадифен свод наречен шамиана или балдахин кој се користел за крунисувањето на кралот Џорџ V за време на настанот Дурбар во 1911 година во Делхи, Индија. Во музичката галерија свири војнички оркестар додека добитниците на одликувањето и пристапуваат на кралицата и ги примаат нивните почести во присуство на нивните пријатели и фамилијата.

Државни банкети[уреди]

Гостите се качуваат по грандиозните скали во 1870 година.

Државните банкети исто така се одвиваат во просторијата за бал. Овие формални вечери се приредуваат на првата вечер од државната посета на шефот на државата. Во вакви прилики над 150 гости сите формално облечени, мажите со бели вратоврски, а жените со дијадеми на главите вечераат во златни чинии. Најголемиот и најформален прием во Бакингемската палата се случува секој Ноември кога кралицата ги прима странските дипломатски корови кои живеаат во Лондон. За време на овие настани се користат сите простории за прием. Низ нив поминува кралската фамилија почнувајќи од големите северни врати на уметничката галерија. Како што предвидел Неш, сите големи врати со дупли огледала се отворени и така се одразуваат сите кристални канделари и скуни. Така се создава оптичка илузија за простор и светлина.

Останати церемонии и функции[уреди]

Помали церемонии како приемот на нови амбасадори се одвива во ,,просторијата 1844’’ таму кралицата приредува забави за ручек и често се одржуваат состаноците со личниот совет на кралицата. Поголемите забави за ручек се во просторијата за музички приредби или во трпезаријата за прием на гости. Припадниците на кралската гарда се присутни на сите официјални свечености облечени во нивните историски одела и другите управници на дворецот како што е управникот на кралскиот имот. По бомбардирањето на капелата во палатата за времето на Втората светска војна кралските крштевки се правеле во просторијата за музички приредби. Првите три деца на кралицата се крстени таму во посебна златна кршталница. Принцот Вилијам е крстен таму а неговиот брат,принцот Хари, во капелата св. Џорџ во Виндзор. Најголемиот настан во годината е кралската забава во градината со околу 8.000 поканети гости.

Современа историја[уреди]

Панорама на Бакингемската палата во 1909 година

Во 1901 година кога на престолот дошол Едвард VII, зел здив новиот живот во палатата. Новиот крал и неговата сопруга, кралицата Александра, биле во центарот на високото општество во Лондон и биле познати како ,, богатиот круг на куќата Марлбороу ’’ каде што се сметале за најпопуларни и најугледни во историјата. Бакингемската палата , просторијата за бал , величествениот влез, мермерниот ходник, величествените скали, претсобјето и галериите уредени во Belle epoque стил во кој преовладува кремова и златна боја, што е зачуван и денес, претставувале средина за забава на величествено ниво. Многу луѓе денес мислат дека целосното преуредување на палатата што го направил кралот Едвард не се надополнува со оригиналната работа на Неш. Сепак тоа е дозволено да се одржи повеќе од сто години. Последната поголема реконструкција била направена за време на кралот Џорџ V во 1913 година кога Сер Астон Веб направил нова констукција на источното лице на палатата, кој го правел Блор 1850 година, да личи на паркот Лајм дизајниран од италијанскиот архитект Џакомо Леони во Чешир, северно- западна Англија. Во новиот дел се наоѓала спомен на кралицата Викторија. Џорџ V, кој го наследил Едвард VII во 1910 година, бил посериозен од неговиот татко. Приемот на гости и кралските обврски претставувале поголем приоритет отколку расипничките забави. По негова наредба во палатата имало изведби на џез- музичари како што е оригиналниот Диксиленд џез бенд во 1919 година. Првата изведба за поглаварот на државата, Сидни Бечет и Лоис Армстронг, 1932 година придонесле во 2009 година палатата да биде номинирана на фестивалот Брекон Џез (во чест на 50- годишнината од ослободувањето на албумот на Мајкал Дејвис Вид на сино) за едно од местата што имале најголем придонес во џез музиката. Сопругата на Џорџ V кралицата Мери била познавач на уметноста и големо внимание посветувала на Кралската збирка на мебел и уметнички дела. Кралицата Мери поставила нов ситен инвентар, како што се мермерните парчина на украсните оџаци на Бенџамин Вилијам во заоблената просторија. Кралицата Мери била одговорна за уредувањето на сината приемна просторија. Оваа просторија е долга 69 стапки ( или 21 метар), порано била позната како јужната приемна просторија, имала покрив кој го дизајнирал Неш со украсна таванска вдлабнатина со големи позлатени носачи. Во 1999 година била објавена книга од одделот на Кралската збирка во којшто стои дека палатата содржи 19 простории за прием, 52 главни спални, 188 спални за вработените, 92 канцеларии и 78 бањи. Иако ова може да изгледа големо издание, тоа е мало во споредба со палатата во Санкт Петерзбург и Царско село, палатата Папал во Рим, кралската палата во Мадрид, палатата во Стокхолм, и во споредба со Забранетиот град и палатата Потала. Релатнивната ситност на палатата најмногу се одразува од внатрешната страна одразувајќи го внатрешниот четириаголник. Мала промена била направена во 1938 година, со која северно-западните помошни простории кој ги дизајнирал Неш како стаклена градина, од 1911- 1913 година тоа место било тениски терен, а потоа биле преадаптирани во базен. За време на Првата светска војна палатата, тогашниот дом на кралот Џорџ V и кралицата Мери, останала неповредена. Поголем дел од вредните работи на палатата биле пренесени во Виндзор но кралската фамилија останала во Лондон. Кралот воведил ограничувања во палатата на големо разочарување за неговите гости и домашните. Тој бил разочаран кога Дејвид Лојд Џорџ го убедил да продолжи понатаму воздржувајќи се од алкохол за да остави добар пример кај наводно пијаната работничка класа. Работниците продолжиле да пијат а кралот бил несреќен поради принудената апстиненција. Состојбата на палатата се влошила за време на Втората светска војна. Била бомбардирана не помалку од седум пати, со што во 1940 година била уништена капелата во палатата. Овој настан се пренесувал во кино салите низ цела Англија за да се прикаже заедничкото страдање на богатите и сиромашните. Палатата била бомбардирана кога кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета биле присутни, прозорците биле искршени а капелата уништена. Сепак преносот на вакви инциденти бил ограничен. Кралот и кралицата биле снимени додека го проверувале бомбардираниот дом. Насмеаната кралица, како секогаш, беспрекорно облечена во соодветен капут и шешир изгледала незагрижено за направената штета околу неа. Кралицата тогаш изјавила: ,, Јас сум среќна што не бомбардираа. Сега ќе можам да ги погледнам луѓето од областа Источен крај в лице ’’. Кралската фамилија заедно со народот ги споделувала моментите на сиромаштија како што изјавил весникот Сандеј график. Од уредникот: Кралот и кралицата го издржаа премрежето заедно со народот. Германски бомбардер по втор пат се обиде да го уништи домот на нивното височество... кога ќе заврши војната заедничката опасност која кралот Џорџ и кралицата Елизабета ќе ја споделат со нивниот народ ќе бидат зачуваните спомени и инспирацијата низ годините. На 15 Септември 1940 година пилотот на кралските воздухопловни сили, Реј Холмс ,налетал со германски авион обидувајќи се да ја бомбардира палатата. Холмс снемал муниција и одлучил да се забие. Авионот се удрил но пилотот преживеал. Инцидентот бил овековечен на филм. Моторот на авионот подоцна бил изложел во воениот музеј во Лондон. По војната британскиот пилот станал гласник на кралот и умрел на 90 години во 2005 година. На денот, победа во Европа на 8-ми мај 1945 година, палатата била центар на британските прослави со појавата на кралот, кралицата и принцезата Елизабета, принцезата Маргарет на балконот позади нив со замрачените прозорци на палатата, да ја поздрават насобраната маса на шеталиштето. Момчето Џонс бил натрапник кој влегол во палатата три пати помеѓу 1838 година 1841 година, како што забележал Чарлс Дикенс четириесет години подоцна. Во 1982 година Мајкл Фегал провалил во палатата два пати и еднаш разговарал со кралицата. Наводно кралицата останала сталожена додека полицијата била на пат, а Феган не правел заплашувачки движења кон кралицата.

Градината, кралскиот двор и шеталиштето[уреди]

На задниот дел на палатата се наоѓа голема градина што личи на парк и заедно со езерцето претставува најголемата приватна градина во Лондон. Овде кралицата ги одржува важните настани, како што се годишниците. Првобитно градината ја украсил Капабилити Броун, а потоа повторно ја украсил Вилиам Тоунсенд Ајтон и Џон Неш. Вештачкото езеро било завршено во 1828 година а се снабдува со вода од реката Серпентин, што тече низ Хајд Парк. Веднаш до кралскиот двор, кој го дизајнирал Неш, се наоѓа златната кочија. Оваа златна кочија во рококо стил, дизајнирана од Сер Вилиам Чембрс во 1760 година има бојадисани плочи од Г.Б. Ципријани. За прв пат ја искористил Џорџ III за државното отворање на Парламентот во 1762 година. Потоа ја користел монархот само за церемониите за крунисување и годишните прослави. Исто во дворот се наоѓаат коњите на кочиите кој служат за кралските церемонии.

Шеталиштето (Mall) претставува церемонијален пат за пристап до палатата, го дизајнирал Сер Астон Веб и било завршено во 1911 година како дел од големиот споменик на кралицата Викторија. Тоа се протега од портата Адмиралити, околу споменикот на Викторија, ограничено со канадската капија, јужно- африканската капија и австралиската капија до преддворјето на палатата. Низ овој пат поминуваат колони за време на посетите на шефовите на државите, и кралската фамилија за време на државните настани како што е годишното државно отворање на Парламентот и манифестацијата дефиле на знамиња кој се одржуваат секоја година.

XXI век: Прием на јавноста[уреди]

Секоја година околу 50.000 гости се поканети на забавите што се приредуваат во градината, приеми и банкети. Забавите во градината, вообичаено три, се одржуваат во лето во јули. Во преддворјето на Бакингемската палата се одржува смена на стражата,што претставува голема церемонија и туристичка атракција( секој ден во лето, а секој втор ден во зима). Палатата како и дворецот во Виндзор се во сопственост на Британската држава. Тие не се во лична сопственост на монархот, за разлика од куќата Сандригам и дворецот Балморал. Многу од предметите од Бакингемската палата, дворецот во Виндзор, палатата Кенсингтон и палатата Сент Џејмс се познати како Кралска збирка, во сопственост на државата. Во некои прилики тие можат да бидат изложени во Краличината галерија во близина на кралскиот двор. За разлика од палатата и дворецот, галеријата е постојано отворена и таму се прикажуваат предметите од збирката. Просториите во кои е сместена галеријата се на местото на поранешната капела, која била уништена за време на Втората светска војна. Просториите за прием во палатата се отворени за јавноста во август и септември од 1993 година. Парите собрани од влезниците биле наменети за повторна изградба на дворецот во Виндзор кога во 1992 година повеќе од просториите за прием биле уништени од пожар. Во мај 2009 година како одговор на барањето на кралската фамилија од владата за одобрување средства за недовршеното обновување на палатата, група на пратеници од комитетот за јавни сметки предложиле како залог за дополнителните 4 милиони фунти годишно, палатата да и биде отворена на јавноста повеќе од 60 дена во годината како и да бидат присутни членови на кралската фамилија. Британската влада моментално обезбедува 15 милиони фунти годишно за одржување на палатата. Со тоа Бакингемската палата претставува симбол и дом на монархот во Британија, уметничка галерија и туристичка атракција. Позади позлатената ограда и портите коишто биле направени од еснафот Бромсгроу и познатата фасада на Веб се опишани во книга издадена од Кралската збирка како „идеална идеја на сите за палата“. Палатата не претставува само дом на кралицата и принцот Филип туку е лондонска резиденција на војводата од Јорк на грофот и грофицата од Весекс. Во палатата исто така има канцеларии на владата и претставува работно место на 450 луѓе.

Поврзано[уреди]