Деменција
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Деменција (сенилност, Dementia) претставува заболување кое се карактеризира со губење на когнитивните способности(Jungian cognitive functions) кај личност без претходна историја на тој тип на неспособност, а оваа загуба е исто така поголема од очекуваната која се појавува со стареење. Таа се јавува како статичка (непроменлива) деменција, кога мозокот претрпил некакво трајно оштетување, или прогресивна, чиј интензитет расте со време. Иако како болеста е најчеста кај постарата популација (постари од 65 години) таа може да се јави и во пораните години кога се карактеризира како ‘‘рана деменција‘‘. Сенилноста не претставува еднозначна болест, туку повеќе може да се објасни како множество од симптоми карактеристични за многу болести кај кои се среќава губење на меморија, способност за решавање проблеми, просторна ориентација, свесност и способност за разбирање на говор и говорење. Сенилноста треба да биде присутна најмалку 6 месеци за да може соодветно и точно да се дијагнозита, доколку станува збор за појава на истите симптоми но во многу пократок период тогаш се работи за делириум(delirium). Она што сенилноста прво го напаќа се сите ментални способности од повисок ред. Во подоцнежните стадиуми личностите заболени од деменција страдаат од изгубеност во времето (личноста не знае кој ден, месец или година е), изгубеност во просторот или во меморијата за луѓето( што вклучува губење на меморијата за себе и за другите познати). Иако постојат одредени третмати кои можат да ги ублажат симптомите на болеста или пак да ја забават нивната прогресија, сепак не постои лек кој може да ја излечи. Важно е да се прави разлика меѓу делириумот и сенилноста кои покажуваат сосем исти симптоми освен времетраењето. Слични или идентични симптоми можат да се јават и кај пациенти кои страдаат од депресија, некој вид на психоза и други ментални нарушувања. Постојат различни видови на деменција кои се карактеризираат со симптоми со многу сумтилни разлики што го отежнува дијагнозирањето на специфичен тип на болеста. Оваа дијагноста може да се избрши со биопсија на мозокот кај живи пациенти или аутопсија кај мртви. Најчест пример на деменција претставуваат Алцхајмерова болест, Хантингтонова болест, Паркинсонова болест и други.
