Вангел Ајановски - Оче
| Вангел Ајановски - Оче | |
| Податотека:Vangel Ajanovski.jpg | |
| Роден/а | 5 февруари 1909 Воден |
|---|---|
| Починал/а | 19 мај 1996 Скопје |
| Познат | основач и раководител на МАО и ТОМО |
Вангел Ајановски - Оче (1909 – 1996) бил припадник на македонското национално движење (НОД) од Егејскиот дел на Македонија, основач и раководител на македонските национални организации МАО (Македонска антифашистичка организација) и ТОМО (Тајна ослободителна македонска организација). Во периодот меѓу двете светски војни бил член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и секретар на реонскиот комитет за Воден во 1941 година. Во 1942 година во Воден ја основал МОА Во 1944 година бил помошник на Прва егејска ударна бригада, а во наредната 1945 година формира и раководи организацијата ТОМО. Од пролетта на истата година станал секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, потоа член на Извршниот одбор и организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Во периодот од летото 1942 до октомври 1943 го уредувал весникот Црвена Ѕвезда
Творештво [уреди]
- „Егејски бури“, 1975
Извори [уреди]
- Егејска Македонија во НОБ 1948, Том V, Скопје 1981
- Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983.
| Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |