7 јануари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

7 јануари е 7-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 358 денови до крајот на годината (359 во престапна).

Настани:

1584  Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.
1789  По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1898  По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.

Родени:

1502  Папа Григур XIII, римски папа.
1624  Гварино Гварини, италијански архитект.
1768  Жозеф Бонапарт, крал на Неапол и крал на Шпанија.
1800  Милард Филмор, 13-ти пр=етседател на САД.
1846  Теодосиј Гологанов, скопски митрополит.
1856  Стојан Михајловски, бугарски писател.
1862  Иван Георгов, бугарски педагог, научник, философ.
1916  Орце Николов, Народен херој на Македонија.
1923  Иван Мазов, македонски раскажувач.
1846  Теодосиј Гологанов, скопски митрополит.
1942  Божин Павловски, македонски писател.
1948  Ичиро Мизуки, јапонски пејач.
1956  Дејвид Карузо, американски глумец.
1979  Кристоф Жено, француски борач.
1973  Никола Тодоров, министер за образование на Македонија.
1983  Матео Таљариол, италијански мечувалец.
1985  Луис Хамилтон, англиски возач на Формула 1.
1991  Еден Азар, белгиски фудбалер.

Починале:

1536  Катерина Арагонска, кралица на Англија.
1655  Папа Инокентие X, римски папа.
1943  Никола Тесла, истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката.
1988  Венко Марковски, македонски и бугарски поет.
1989  Хирохито, цар на Јапонија.

Празници:

Божик, Рожденство Христово