4 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
4 јануари е 4-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 361 денови до крајот на годината (362 во престапна).
Настани:
| 1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен. |
| 1996 | Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи. |
Родени:
| 1643 | Исак Њутн, англиски физичар и математичар. |
| 1710 | Џовани Батиста Перголези, италијански композитор. |
| 1785 | Јакоб Грим, германски филолог и фолклорист. |
| 1809 | Луј Брај, француски учител, пронаоѓач на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. |
| 1883 | Макс Истмен, американски политичар. |
| 1909 | Тодор Ангеловски, македонски просветител. |
| 1973 | Јозеф Кабањ, словачки автоконструктор. |
| 1990 | Алберто Палоски, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1782 | Анж Жак Габриел, влијателен француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура. |
| 1941 | Анри Бергсон, француски филозоф. |
| 1942 | Орце Николов, Народен херој на Македонија на планината Кукавица, близу до селото Туба, (Владички Хан, Србија) во пробивањето низ демаркационата линија во заседа на бугарскиот фашистички окупатор. |
| 1943 | Мирче Ацев, Народен херој на Македонија. |
| 1943 | Страшо Пинџур, Народен херој на Македонија. |
| 1954 | Димитар Андонов Папрадишки, последниот македонски зограф и првиот профан сликар и основач на „западното“ сликарство во Македонија |
| 1960 | Албер Ками, француски писател. |
| 1961 | Ервин Шредингер, австриски теоретски физичар. Eден од основоположниците на квантната механика и добитник на Нобеловата награда за физика во 1933 година. |