Анж Жак Габриел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Анж Жак Габриел од сликарот Жан Батист Грез

Анж Жак Габриел (француски: Ange-Jacques Gabriel; 23 октомври 1698 - 4 јануари 1782) — истакнат француски архитект, највлијателен во својата генерација, којшто бил главен архитект на дворот на кралот Луј XV, стекнувајќи се со чинот на Прв кралски артхитект. Тој бил еден од најзначајните претставници на француската класична архитектура.

Биографија[уреди]

Роден е во 1698 г. во Париз, и се обучувал кај кралскиот архитект Робер де Кот и кај татка си, кому му помагал во проектирањето на Кралскиот дворец (сега Палата на берзата) во Бордо (завршен 1735). Во 1728 г. младиот Габриел Потоа станува член на Кралската архитектонска академија. Од 1735 г. работел како главен помошник на татка си, кој бил главен архитект на Версај, а во 1742 го презел неговото работно место, и со тоа станал најважниот архитект Франција. На ова место се задржал во текот на речиси целото владеење на Луј XV.

„Малиот Тријанон“ во Версај

Во 1754 г. Габриел почнал да работи на симетричните палатијални фасади на зданијата што ја образуваат северната меѓа на тогашниот плоштад „Луј XV“ (сегашен плоштад „ Конкорд“) во Париз, завршувајќи ги во 1763. Зданието десно служело како складиште за кралската покуќнина (mobilier de la couronne), со луксузно сместување за управникот. Од 1789 наваму во зданието е сместен адмиралштабот.

Габриеловата воздржаност во планирањето и детаљите претставувала движечка сила во преодот од рококо во неокласицизмот. Во текот на четири децении Габриел бил единствениот одговорен за изградба во Версај (објект во поново време наречен „Габриелово крило“), но и за постојаната преработка на одаите во Версај. Неговиот „Мал Тријанон“ претставува бисер на францускиот класицизам.

Габриел починал во Париз во 1782 г.

Поважни дела[уреди]

Палатата на берзата во Бордо

Поврзано[уреди]

Литература[уреди]

  • Gromort G., Jacques-Ange Gabriel, sa vie, son oeuvre, P. 1933.

Надворешни врски[уреди]