24 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
24 јануари е 24-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 341 денови до крајот на годината (342 во престапна).
Настани:
| 41 | Римскиот император Калигула, познат по својот ексцентризам и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна преторијанска гарда. |
| 1848 | Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто. |
| 1946 | Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески. |
| 1991 | Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“. |
Родени:
| 1444 | Галеацо Марија Сфорца, војвода на Милано. |
| 1712 | Фридрих II, крал на Прусија. |
| 1752 | Муцио Клементи, англиски композитор. |
| 1776 | Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика. |
| 1799 | Пјер Огистен Карон де Бомарше, француски писател. |
| 1922 | Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд. |
| 1922 | Блага Алексова, македонски археолог и академик. |
| 1967 | Џон Мјанг, басист на американската прогресивна метал група Dream Theater. |
Починале:
| 41 | Калигула, римски император. |
| 1929 | Васил Главинов, еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за Балканска Федерација. |
| 1965 | Винстон Черчил, британски политичар, државник и писател. |
| 2006 | Марија Мирчов - Скаловска, истакната македонска оперска и концертна пеачка |