27 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
27 јануари е 27-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 338 денови до крајот на годината (339 во престапна).
Настани:
| 1916 | Во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација „Сојуз на спартаковците“, на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт. |
| 1945 | Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна. |
| 1995 | Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи. |
Родени:
| 1585 | Хендрик Аверкамп, пејзажист од „златното доба на холандската уметност“ |
| 1687 | Балтазар Нојман, истакнат германски барокен архитект. |
| 1756 | Волфганг Амадеус Моцарт, прославен австриски композитор. |
| 1775 | Вилхелм Шелинг, германски философ и последен претставник на германската класична философија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спинозовиот пантеизам. |
| 1987 | Денис Глушаков, руски фудбалер. |
Починале:
| 1814 | Јохан Готлиб Фихте, германски идеалистички философ |
| 1901 | Џузепе Верди, италијански композитор, еден од најголемите творци на опери во XIX век. |
| 1860 | Јанош Бојаи, прочуен унгарски математичар. |
Празници:
| * | Меѓународен ден на комеморација на жртвите на холокаустот. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |