17 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Јануари 2024 17 јануари — 17-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 348 денови до крајот на годината (349 во престапна).

Настани:

1377  Грегориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.
1562  На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција
1601  Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид.
1773  Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Јужниот Поларник.
1912  Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот Пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Роалд Амундсен.
1919  Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.
1939  Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
1945  Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска
1948  Основано препријатието за јавен превоз ЈСП Скопје.
1953  Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.
1961  По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.
1991  Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата „Пустинска бура“. Ирак лансира 8 ракети Скад погодувајќи цели во Израел
1995  Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6.433 лица.
1996  Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
1998  Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.
2001  Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и англиски јазик

Родени:

1504  Пиј Vримски папа.
1600  Педро Калдерон де ла Барка — шпански драматург и поет.
1706  Бенџамин Франклин — американски политичар и дипломат.
1820  Ана Бронте — британска писателка.
1863  Дејвид Лојд Џорџбритански премиер.
1863  Константин Сергеевич Алексеев — руски режисер и глумец.
1899  Ал Капоне — американски гангстер.
1870  Глигор Соколов — деец на македонското револуцинерно движење.
1905  Гуљелмо Стабиле — аргентински фудбалер.
1911  Џорџ Стиглер — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1982 година.
1913  Асен Тодоров — македонски новинар.
1923  Благој Попов — македонски академик.
1924  Благоја Талески — македонски државник.
1925  Зина Креља — македонска оперска пејачка.
1942  Мухамед Али — американски боксер, трикратен светски првак.
1946  Мето Јовановски — американски глумец.
1949  Љубомир Груевски — македонски поет.
1949  Мик Тејлор — аглиски рок-музичар, член на групата Ролинг стонс (Rolling Stones).
1955  Стив Ерл — американски рок и кантри-музичар.
1956  Пол Јанг — англиски поп-пејач.
1958  Миле Исаковиќ — српски и југословенски ракометар.
1941  Маја Чибурданиѕе — грузиска шахистка, светска шампионка од 1978 до 1991 година.
1962  Џим Кери — канадски глумец.
1964  Тајс Вервестхоландскидиџеј, познат како Тиесто.
1964  Мишел Обама — сопруга на Барак Обама.
1964  Рефет Абази — македонски глумец и педагог.
1966  Љубчо Георгиевскипремиер на Република Македонија (1998-2002).
1968  Светлана Мастеркова — руска атлетичарка.
1971  Кид Рок — американски пејач.
1977  Лука Паолини — италијански велосипедист.
1980  Грегори Раст — швајцарски велосипедист.
1981  Кристоф Риблон — француски велосипедист.
1982  Двејн Вејд — американски кошаркар.
1983  Алваро Арбелоа — шпански фудбалер.
1985  Себастијан Лангевелд — холандски велосипедист.
1987  Симоне Понци — италијански велосипедист.
1987  Александар Усик — украински боксер.
1988  Хектор Морено — мексикански фудбалер.
1994  Блаж Благотиншек — словенечки ракометар.
1995  Дејан Давидовац — српски кошаркар.
1998  Ловро Мајер — хрватски фудбалер.
2000  Ебрар Каракурт — турска одбојкарка.
2001  Енцо Фернандес — аргентински фудбалер.

Починале:

395  Теодосиј Iримски цар.
1468  Скендербег — албански средновековен владетел.
1598  Фјодор Iруски цар.
1751  Томазо Албинони — италијански композитор.
1864  Марко Павлов — првиот дипломиран македонски лекар.
1961  Патрис Лумумба — прв премиер на Демократска Република Конго.
1978  Атанас Далчев — бугарски поет.
1986  Станко Липшаоперски пејач.
1997  Славко Поп Антовски — македонски професор.
2010  Михалис Папаконстантину — грчки политичар.
2008  Роберт Фишер — американски шаховски велемајстор.
2009  Томислав Црнковиќ — хрватски и југословенски фудбалер.
2016  Дејл Грифин — британски рок-музичар, член на групата „Мот д хупл“ (Mott the Hoople).
2020  Пјетро Анастази — италијански фудбалер.
2021  Фил Спектор — американски музички продуцент.