Престапна година

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Престапна година (високосна или интеркаларна година)[1] е година што има 366 дена наместо 365, односно, тоа е година која го содржи датумот 29 февруари.

Престапните години се начин за да се усогласат календарската година со астрономската година. Вистинската, односно астрономската година, која означува период за кој Земјата се завртува околу Сонцето, трае околу 365,2422 дена, така што при фиксиран календар со 365 дена, би дошло изместување на сезоните, односно годишните времиња. Едноставно кажано, доколку не се интервенира во пресметувањето на календарската година, со текот на времето би можело да се случи Нова Година да падне во лето, а грозјето би созревало во декември или јануари. Тоа се решава со вметнување (интеркалација) на еден дополнителен ден, кој ја зголемува годината на 366 дена. Во јулијанскиот и грегоријанскиот календар, тој ден се додава на февруари, кој во престапна година трае 29, наместо 28 дена.

Сите престапни години се деливи со бројот 4, освен оние кои се делливи и со 100, на кои што се додаваат годините делливи со 400. Тоа значи дека годините 1800, 1900 и 2100 не се престапни, додека годините 1600, 2000, и 2400 се престапни.

Наводи[уреди]

  1. високосен - Дигитален речник на македонскиот јазик