1954
Од Википедија, слободна енциклопедија
| < 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
[уреди] Настани
- 17 јануари – Милован Ѓилас, еден од водачите на комунистичка Југославија, е исклучен од раководството поради своите ставови.
- 21 јануари – Пуштена е во погон првата подморница на нуклеарен погон, американската подморница USS Nautilus (SSN-571).
- 3 април – Владимир Петров, припадник на советската тајна служба, бара политички азил од Австралија.
- 7 мај – Битката кај Диен Биен Фу завршува со пораз на француските колонијални сили.
- 24 мај – Прикажана е првата македонска национална опера „Гоце“ од композиторот Кирил Македонски.
- 28-30 мај – Во Скопје е одржан Вториот конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија.
- 15 јуни – Во Базел, Швајцарија, е основана УЕФА.
- 27 јуни – Претседателот на Гватемала Јакобо Арбенц поднесува оставка, откако во земјата е извршен воен удар потпомогнат од ЦИА.
- 27 јуни – Во Обнинск, близу Москва, е пуштена во погон првата нуклеарна централа во светот.
- 21 јули – На Женевската конференција Виетнам е поделен на Северен и Јужен Виетнам.
- 8 септември – Во Бангкок, Тајланд, е основана Југоисточно-азиската договорна организација (СЕАТО).
- 11 октомври - Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам.
- 31 октомври – Алжирскиот народно-ослободителен фронт ја започнува својата борба против француската власт.
- 24 декември – Лаос стекнува целосна независност од Франција.
[уреди] Родени
- 18 февруари – Џон Траволта, американски актер
- 19 февруари – Сократес, бразилски фудбалер
- 23 февруари – Виктор Јушченко, украински претседател
- 15 јуни – Џејмс Белуши, американски актер
- 17 јули - Ангела Меркел, германски канцелар
- 28 јули – Хуго Чавез, венецуелски претседател
- 16 август – Џејмс Камерон, канадски режисер
- 9 октомври – Скот Бакула, американски актер
- 14 ноември – Кондолиза Рајс, американски државен секретар
- 15 ноември – Александар Квашневски, полски претседател
- 11 декември – Прачанда, непалски комунистички лидер
- 18 декември - Улрих Рот, германски гитарист, еден од пионерите на нео-класичниот метал
- 25 декември – Ени Ленокс, британска пејачка
- 28 декември – Дензел Вашингтон, американски актер
[уреди] Починале
- 4 јануари - Димитар Андонов Папрадишки, последниот македонски зограф и првиот профан сликар и основач на „западното“ сликарство во Македонија
- 10 април – Огист Лимиер, француски пронаоѓач
- 24 август – Жетулио Варгаш, бразилски претседател
- 3 ноември – Анри Матис, француски сликар
- 28 ноември – Енрико Ферми, италијански физичар, Нобеловец
Видете исто така:

