3 јануари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

3 јануари е 3-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 362 денови до крајот на годината (363 во престапна).

Настани:

1918  Признаена е независноста на Финска.
1945  Во Скопје излезе првиот број на првото детско списание на македонски јазик во слободна Македонија „Пионер“. Негови први уредници беа познатиот македонски писател Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.
1945  По наредба на главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија е формирана Командата на градот Скопје.
1961  САД ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас.
1996  Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.

Родени:

106 п.н.е.  Цицерон, римски државник.
1840  Отец Дамјан, белгиски свештеник.
1849  Папа Адријан VI, римски папа.
1867  Андон Димитров, еден од основачите на МРО.
1901  Нго Дин Дием, првиот претседател на Јужен Виетнам.
1902  Умберто Барбаро, италијански режисер.
1929  Серхио Леоне, италијански глумец.
1933  Хисен Рамадани, македонски политичар и политиколог.
1956  Мел Гибсон, американски глумец.
1969  Михаел Шумахер, германски возач на Ф1.

Починале:

236  Папа Антерус, римски папа.
1322  Филип V, француски крал.
1945  Едгар Кејси, американски парапсихолог и јасновидец.
1987  Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер.
1987  Д-р Иван Влашки, шеф на Уролошката клиника на медицинскиот факултет во Скопје.
1996  Д-р Христо Маловски, македонски историчар и педагог.
1999  Воислав Кушевски, македонски историчар.