Свештенство
Од Википедија, слободната енциклопедија
Свештенството (грчки: Εκκλησιαστικός κλήρος - црковен клир), односно Светата Тајна Свештенство е залог на присуството на Исус Христос во црквата [1], која ја стекнал со крвта своја, и во која постојано делува преку Светиот Дух, како нејзин божествен основал и поглавар. Неговото постојано присуство во брквата било објавено преку епископите, презвитерите и ѓаконите.
Преку ракополагањето, според христијанската традиција, свештените лица го примаат дарот на Светиот Дух, кој ги посветува и поставува на определениот степен на црковната хиерархија. Како што на апостолите им дал власта за поучување и свештенодејствување, така Исус ја дал власта и службата на црковната хеиерархија, како Пастир и Чувар на верниците [2].