Цицерон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Марко Тулиј Цицерон

Биста на Цицерон
Роден(а) 3 јануари 106 п.н.е.
Занимање Политичар, правник, оратор и философ
Националност Римјанин
Тематика политика, право, философија, говорништво
Правец Златно латинско доба
Значајни дела Политика: За Квинктиј
Философија: За смислувањето


Марко Тулиј Цицерон или Кикерон (лат. Marcus Tullius Cicero, 3 јануари, 106 п.н.е.7 декември, 43 п.н.е.) бил оратор и државник во Стариот Рим и генерално се смета за најголемиот говорник на сите времиња.

Содржина

[уреди] Биографија

Цицерон се родил во Арпинум, а бил убиен во Формија додека се криел од своите политички непријатели. Тејлор напишал (како што е цитирано во „Освртти“) „Не е претерано да се каже дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со неговата смрт—тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб.“ Неговата фамилија, од родот Тулиј, биле едни од земјопоседниците и благородници во Арпинум и поседувале слава и богатство поголеми од другите фамилии во Арпинум, Марии. Во текот на живото конзервативниот Цицерон одбивал да биде споредуван со тогаш по познатитот Мариј. Името "Цицерон" произлегува од cicer, латински збор за "наут". Плутарх објаснува дека името најпрвин било наменето за еден од предците на Цицерон кој имал засек на носот, кој бил сличен на оној кај наутот. Според Плутарх, Цицерон бил советуван да го смени ова неблагородно име кога влегол во политичкиот живот, но тој одбил.

[уреди] Рани години

Според Плутарх, тој бил екстремно добар студент, неговото брзо и добро учење се разчуло низ цел Рим.Тој особено ја сакал поезијата, иако не заостанувал и во другите дисциплини. Во 89 п.н.е-88 п.н.е, Цицеро служел кај Гнеј Помпеј Страбон и Луциј Корнелиј Сула во нивната кампања во граѓанската војна, иако немал никаква желба за војување. Цицерон исто така сакал се што е грчко, и во неговата последна желба напишал дека сака да биде погребан во Грција. Ги сакал старите философи од времето на Платон и ги сметал нивните идеи како провокации за мислење.

Цицерон служел како квестор во западна Сицилија во 75 п.н.е.. Тој напишал дека на Сицилија го видел надгробниот споменик на Архимед од Сиракуза, на кој бил изгравиран Архимедовиото омилено откритие во геометрија, дека соодносот на волумените на впишана топка во најмал можен цилиндар е 2:3. Во тоа време го изградил и своето прво успешно обвинение во случајот против Гај Верес, поранешен гувернер на Сицилија. Сепак и покрај неговите големи успеси како адвокат, Цицерон страдал поради недостаток на претставителни предци. Тој не бил ниту нобел-благородник ниту патрициј-слободен граѓанин и неговата фамилија не била сметана за многу важна. Тој, исто така, бил попречуван и од фактот дека последниот конзул кој бил избран, а не поседувал конзулски предци (т.е. последниот "Нов човек", или Novus Homo) бил политички радикалниот и воинствен Мариј.

[уреди] Дела

[уреди] Книги

[уреди] Говори

Знаеме за постоењето на 88 говори, но од нив се зачувани само 58.

[уреди] Судски говори

[уреди] Политички говори

Рана кариера (пред прогонството)
Средна кариера (по прогонството)
Доцна кариера

[уреди] Философија

[уреди] Реторика

[уреди] Други философски дела

[уреди] Писма

Постојат повеќе од 800 писма на Цицерон за други личности, како и над 100 писма од други лица за него.

[уреди] Наводи

  1.   Everitt стр. 215 видете ги изворите подолу

[уреди] Извори

  • Anthony Everitt (2001), Cicero: the life and times of Rome's greatest politician, Random House, тврд повез, 359 страници, ISBN 0-375-50746-9
  • Taylor, H. (1918). Cicero: A sketch of his life and works. Chicago: A. C. McClurg & Co.

[уреди] Белешки

1- Официјално полно име на Цицерон.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици